СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, период 19-25.10.2020
Тестирани се вкупно 13.993 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, незначително зголемување (5,9%) во однос на минатата недела. Регистрирани сe 3.410 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со зголемување од 27,4% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.654; 48,5%), каде е забележана и највисока неделна инциденца – 267,8/100.000 (Табела 1, Картограм 1).
Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, 19-25.10.2020, Р.С. Македонија
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст 30-39 (n=750, 22,0%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од над 60 (n=673; 19,7%), 40-49 (n=632; 18,5%), 50-59 (n=595; 17,4%) и 20-29 (n=539; 15,8%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=72; 2,1%) и 10-19 години (n=149; 4,4%).
Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.695 (49,7%) лица од женски и 1.715 (50,3%) од машки пол.
Од случаите, епидемиолошки се истражени 555 или 16,3%.
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 1.566 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.
Пријавени се 84 смртни случаи од 24 градови, зголемување од 71,4% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 66 лица биле над 60 години, 13 лица на возраст од 50-59 години, 3 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и 2 во возрасната група од 30-39 години. Од смртните случаи, епидемиолошки се истражени 45 или 53,6%.
КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Заклучно со 25.10.2020, пријавени се вкупно 27.199 случаи на COVID-19 (I=1.314,5/100.000).
Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 35 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел регистрирани во Скопје, Куманово, Тетово, Штип и Гостивар, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Дебар, Куманово и Штип. Од градовите каде што е регистриран поголем број на случаи, највисок леталитет се регистрира во Струга (Табела 1).
Табела 1. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 2020
Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Штип со 2.961,7 на 100.000 жители и Свети Николе (2.203,6/100.000), додека инциденца со над 1.000 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Скопје, Куманово, Берово, Ресен, Кочани, Гевгелија, Прилеп, Струга, Дебар, Пехчево, Делчево, Охрид, Пробиштип и Кавадарци (Табела 1, Картограм 2).
Картограм 2. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија
Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 13.891 машки и 13.308 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 1.340,2/100.000, додека кај женските 1.288,7/100.000.
Возраста на заболените се движи од 0 до 99 години (просек – 43,7 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 5.681 (20,9%) со инциденца од 1.482,2/100.000, а највисока специфична инциденца од 1.748,2/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (4.861 заболен). Најниска инциденца од 374,4 и 554,3 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 857 и 1.387 случаи соодветно (Графикон 1).
Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=27.199)
Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=639) е регистриран на 20 и 21.10.2020.
Првиот случај е регистриран во 9-тата недела, а од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Минатата недела е регистриран најголем број на заболени на неделно ниво (n=3.410) (Графикон 2).
Графикон 2. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, 2020 година (n=27.199)
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=23.830; 87,6%), 16,8% (n=4.000) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите биле/се на домашно лекување, асимптоматски или со полесна клиничка слика.
Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, ИБЗД Козле, Клинички болници Штип, Тетово и Битола, Општи болници Прилеп, Куманово, Охрид, Гостивар, Струга, Струмица, Велес, Кочани, Кавадарци, Кичево, Дебар, УК за гинекологија и акушерство, Клиника Аџибадем Систина и Жан Митрев Клиника), моментално се хоспитализирани 686 лицa, а од нив 214 се на кислородна поддршка и 17 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.
Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (67,6%), малаксаност (42,3%), кашлица (38,8%), главоболка (17,5%), болка во грло (16,0%), треска (12,4%), ослабен осет за мирис и/или вкус (11,8%), мускулна болка (10,9%) и отежнато дишење (10,2%).
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=23.830; 87,6%), кај 5.905 или 24,8% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=23.830; 87,6%), пријавени се 184 (0,8%) случаи кај бремени жени, од кои 44 биле хоспитализирани во текот на болеста. Од нив, 71 е асимптоматски случај.
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=23.830; 87,6%), регистрирани се 1.218 (5,1%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.
Во однос на коморбидитети, од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=23.830; 87,6%), кај 6.722 (28,3%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 4.705 лица имаат кардиоваскуларна болест, 1.752 дијабет, 935 се со хронична белодробна болест и 1.169 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 2.335 (58,9%) се присутни коморбидитети.
Регистрирани се 934 смртни случаи (Лт = 3,4%). Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 24 и 25.10.2020 година (n=18), а според недела на пријавување во тек на 43-тата недела (n=88) (Графикон 3). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=695) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 181,3/100.000 жители. Регистрирани се 583 смртни случаи кај лица од машки и 351 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 705 (75,5%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=538), дијабет (n=244) и белодробна болест (n=122). Регистрирани се три смртни случаи кај бремени жени и десет смртни случаи кај здравствени работници. Педесет и девет (6,3%) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а останатите 875 (93,7%) починале за време на хоспитализација.
Графикон 3. Дистрибуција на смртни случаи од COVID-19 во С. Македонија според дата на смрт, 2020 година (n=934)
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=23.830; 87,6%), 576 (2,4%) се импортирани, од нив 9 се детектирани на точка на влез. Вкупно 9.623 лица (35,4%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.
Од 15.02-25.10.2020 тестирани се вкупно 235.775 материјали (детектирани 27.199 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Табела 2). Со ова во Р. С. Македонија се направени 113.947 тестови на 1.000.000 жители.
Табела 2. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=235.775)*
Кумулативен број на тестови | Вкупно тестови | Вкупно позитивни | Тестови скрининг | Позитивни скрининг | Тестови рутина | Позитивни рутина |
Сите лаборатории | 235.775 | 27.199 | 4.982 | 24 | 230.793 | 27.175 |
ИЈЗ – Вирусологија | 92.629 | 12.950 | 3.226 | 22 | 89.403 | 12.928 |
ЦЈЗ Скопје | 4.664 | 927 | 0 | 0 | 4.664 | 927 |
Авицена | 28.732 | 2.896 | 0 | 0 | 28.732 | 2.896 |
Биотек | 23.788 | 1.567 | 0 | 0 | 23.788 | 1.567 |
Жан Митрев Клиника | 29.962 | 2.416 | 0 | 0 | 29.962 | 2.416 |
Систина | 23.641 | 1.612 | 0 | 0 | 23.641 | 1.612 |
Лаор | 3.318 | 229 | 0 | 0 | 3.318 | 229 |
МАНУ | 16.641 | 3.075 | 1.756 | 2 | 14.885 | 3.073 |
Ветеринарен Факултет | 755 | 81 | 0 | 0 | 755 | 81 |
Судска медицина | 976 | 38 | 0 | 0 | 976 | 38 |
ЦЈЗ Битола | 6.396 | 970 | 0 | 0 | 6.396 | 970 |
КИБФС | 1.146 | 167 | 0 | 0 | 1.146 | 167 |
ГАК | 1.370 | 49 | 0 | 0 | 1.370 | 49 |
Синлаб | 1.749 | 214 | 0 | 0 | 1.749 | 214 |
*8 лица се лабораториски потврдени во странство
Според исходот од заболувањето, 7.308 лица (26,9%) се активни случаи, 18.957 случаи (69,7%) се водат како оздравени (1.029 од нив се здравствени работници и 153 бремени жени), испишани од болница, со 2 негативни теста по домашното лекување или по новиот алгоритам (Табела 3, Графикон 4). Од случаите кои се водат како оздравени, 2.719 (14,3%) биле хоспитализирани додека останатите 16.238 (85,7%) биле на домашно лекување.
Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=27.199)
Дистрибуција по град | Болест во тек | Оздравен | Смртен исход | Вкупно |
Скопје | 3482 | 7788 | 322 | 11592 |
Куманово | 321 | 1723 | 84 | 2128 |
Тетово | 406 | 1425 | 101 | 1932 |
Штип | 204 | 1325 | 31 | 1560 |
Гостивар | 150 | 903 | 62 | 1115 |
Прилеп | 323 | 734 | 52 | 1109 |
Струга | 82 | 629 | 74 | 785 |
Струмица | 424 | 296 | 22 | 742 |
Кочани | 203 | 430 | 15 | 648 |
Охрид | 170 | 423 | 22 | 615 |
Битола | 187 | 344 | 19 | 550 |
Велес | 155 | 335 | 24 | 514 |
Кичево | 124 | 346 | 17 | 487 |
Свети Николе | 66 | 380 | 6 | 452 |
Кавадарци | 172 | 254 | 5 | 431 |
Дебар | 56 | 248 | 17 | 321 |
Гевгелија | 144 | 122 | 3 | 269 |
Ресен | 56 | 163 | 8 | 227 |
Крива Паланка | 72 | 124 | 11 | 207 |
Радовиш | 76 | 120 | 7 | 203 |
Берово | 53 | 136 | 3 | 192 |
Делчево | 108 | 64 | 8 | 180 |
Пробиштип | 32 | 130 | 2 | 164 |
Виница | 59 | 99 | 5 | 163 |
Неготино | 57 | 44 | 3 | 104 |
Македонски Брод | 4 | 91 | 5 | 100 |
Валандово | 35 | 57 | 92 | |
Демир Хисар | 12 | 60 | 2 | 74 |
Пехчево | 9 | 48 | 57 | |
Македонска Каменица | 20 | 26 | 1 | 47 |
Богданци | 23 | 21 | 1 | 45 |
Кратово | 11 | 26 | 37 | |
Крушево | 2 | 18 | 2 | 22 |
Дојран | 5 | 13 | 18 | |
Демир Капија | 5 | 12 | 17 | |
ВКУПНО | 7.308 | 18.957 | 934 | 27.199 |
Графикон 5. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, 2020 година (n=27.199)
ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19
Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е висок.
Според категоризацијата на ризикот се проценува дека:
- Република Северна Македонија е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ
Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 18.10.2020:
Број на потврдени случаи на глобално ниво – 40.118.333 (2.443.594 во последни 7 дена)
Број на смртни случаи на глобално ниво – 1.114.749 (36.547 во последни 7 дена)
- Регион на СЗО Америка
- Потврдени случаи – 18.800.094 (798.794 во последни 7 дена, 1% помалку во споредба со претходна недела)
- Смртни случаи – 608.727 (16.283 во последни 7 дена, 21% помалку во споредба со претходна недела)
- Регион на СЗО Југоисточна Азија
- Потврдени случаи – 8.546.666 (513.444 во последни 7 дена, 11% помалку во споредба со претходна недела)
- Смртни случаи – 275 (6.864 во последни 7 дена, 11% помалку во споредба со претходна недела)
- Европски Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 8.027.954 (927.433 во последни 7 дена, 25% повеќе во споредба со претходна недела)
- Смртни случаи – 2540 (8.386 во последни 7 дена, 29% повеќе во споредба со претходна недела)
- Источно-Медитерански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 756.477 (144.133 во последни 7 дена, 4% повеќе во споредба со претходна недела)
- Смртни случаи – 70.902 (3.492 во последни 7 дена, 10% повеќе во споредба со претходна недела)
- Африкански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 1.267.664 (31.473 во последни 7 дена, 11% повеќе во споредба со претходна недела)
- Смртни случаи – 28.469 (1.058 во последни 7 дена, 8% повеќе во споредба со претходна недела)
- Регион на СЗО Западен Пацифик
- Потврдени случаи – 688.767 (28.317 во последни 7 дена, 8% повеќе во споредба со претходна недела)
- Смртни случаи – 14.823 (464 во последни 7 дена, 27% помалку во споредба со претходна недела)
УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА
- За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на
http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/
- Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна
http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/
- За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија
http://www.iph.mk/korona-preporaki/
http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/
- Препораки како да се заштитите себе си
http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/
- Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на
http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/
- За упатства за здравствените работници
http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/
http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/
- Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19
http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/
- Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19
ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА
Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.
Само доколку лицето со симптоми патувало или имало контакт со потврден случај, да се упатува да се јави на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.
0800 002 03
Скопје, 26.10.2020
Оддел за епидемиологија на заразни болести
Институт за јавно здравје