СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, период 21-27.12.2020

Тестирани се вкупно 13.123 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 15,9% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 3.372 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со намалување од 26,5% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.429; 42,4%), со неделна инциденца – 231,4/100.000 (Табела 1, Картограм 1).

 

Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, 21-27.12.2020, Р.С. Македонија

k1

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=910, 27,0%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (n=665; 19,7%), 40-49  (n=589; 17,5%), 50-59 (n=587; 17,7%) и 20-29 (n=414; 12,3%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=52; 1,5%) и 10-19 години (n=145; 4,3%).

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.712 (50,8%) лица од женски и 1.660 (49,2%) од машки пол.

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 4.500 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, незачително помалку во споредба со минатата недела.

Пријавени се 129 смртни случаи од 23 града, со намалување од 18,9% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 105 лице биле над 60 години, 20 лица на возраст од 50-59 години и 4 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години.

 

 

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 27.12.2020, пријавени се вкупно 81.804 случаи на COVID-19 (I=3.953,5/100.000).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 35 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел регистрирани во Скопје, Тетово, Куманово, Прилеп, Гостивар, Штип, Битола и Велес додека највисок морталитет се регистрира во Прилеп, Струга, Охрид, Крушево и Штип. Највисок леталитет се регистрира во Крушево и Струга (Табела 1).

Табела 1. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 2020

t1

Во 27 градови се забележува намалување на бројот на новозаболени кога се анализираат двата двонеделни периоди, во Демир Хисар нема промена, во Ресен се забележува минимално зголемување, а во Валандово, Дојран, Пехчево и Кратово има зголемување од 12,3% до 40% на бројот на новозаболени. (Табела 1)

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Штип со 6.202,4 на 100.000 жители, Скопје (5.712,2/100.000), Свети Николе (5.036,1/100.000), Кавадарци (4.768,3/100.000),  Прилеп (4.346,5/100.000) и Неготино (4.287,9/100.000), инциденца под  2.000 заболени на 100.000 жители се регистрира во Македонски Брод, Радовиш и Крушево. (Табела 1, Картограм 2).

Картограм 2. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија

k2

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 41.708 машки и 40.096 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 4.023,9/100.000, додека кај женските 3.882,8/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 101 година (просек – 45,2 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 18.878 (23,1%) со инциденца од 4.925,3/100.000, а највисока специфична инциденца од 5.405,4/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (15.030 заболени). Најниска инциденца од 726,1 и 1.384,8 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 1.662 и 3.465 случаи соодветно (Графикон 1).

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=81.804)

g1

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=1.406) е регистриран на 17.11.2020.

Првиот случај е регистриран во 9-тата недела, а од 11-тата недела во 2020 година континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Најголем број на заболени на неделно ниво (n=7.480) е регистриран 47-та недела (Графикон 2). Во последните пет недели се регистриран пад на бројот на ново заболени лица.

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, 2020 година (n=81.804)

g2

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=64.712; 79,1%), 11,5% (n=7.414) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите биле/се на домашно лекување, асимптоматски или со полесна клиничка слика.

Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, ИБЗД Козле, КОВИД центрите на Универзитетксите клиники за Дерматовенерологија, Неврологија, Нефрологија, Гастроентерохепатологија, Офталмологија и Оториноларингологија, Инстиутот за белодробни заболувања и ТБЦ, Клинички болници Штип, Тетово и Битола, Општи болници Велес, Куманово, Прилеп, Охрид, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Кавадарци, Кичево, Дебар и Гевгелија, УК за гинекологија и акушерство и КБ Систина) моментално се хоспитализирани 987 лица (40,9% помалку во споредба со минатата недела), а од нив 364   (-21,4%) се на кислородна поддршка и 17 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (68,7%), кашлица (40,3%), малаксаност (39,9%), ослабен осет за мирис и/или вкус (27,3%), главоболка (22,2%), мускулна болка (18,3%), болка во грло (14,7%), треска (13,7%) и отежнато дишење (10,1%).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=64.082; 78,3%), кај 14.494 или 22,6% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=64.082; 78,3%), пријавени се 385 (0,6%) случаи кај бремени жени, од кои 61 била хоспитализирани во текот на болеста. Од вкупниот број на регистрирани бремени жени, 109 се асимптоматски случаи.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=64.082; 78,3%), регистрирани се 3.181 (5,0%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Во однос на коморбидитети, од случаите кои се епидемиолошки истражени, кај 19.661 (30,5%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 13.537 лица имаат кардиоваскуларна болест, 5.101 дијабет, 2.675 се со хронична белодробна болест и 3.462 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 4.411 (62,8%) се присутни коморбидитети.

Регистрирани се 2.456 смртни случаи (Лт = 3,0%).  Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 30.11.2020 година (n=40), а според недела на пријавување во тек на 48-мата недела (n=216) (Графикон 3). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=1.925) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 502,2/100.000 жители. Регистрирани се 1.543 смртни случаи кај лица од машки и 913 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 1.806 (73,5%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=1.401), дијабет (n=640) и белодробна болест (n=283). Регистрирани се 7 смртни случаи кај бремени жени и 21 смртни случаи кај здравствени работници. Сто педесет  (6,1%) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а 2.298 (93,6%) починале за време на хоспитализација.

Графикон 3.  Дистрибуција на смртни случаи од COVID-19 во С. Македонија според дата на смрт, 2020 година (n=2.456)

g3

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=64.083; 78,3%), 960 (1,5%) се импортирани, од нив 11 се детектирани на точка на влез. Вкупно 21.353 лица (33,3%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

Од 15.02-27.12.2020 тестирани се вкупно 394.329 материјали (детектирани 81.804 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 и во лабораториите во кои се спроведува брз антигенски тест (Табела 2). Со ова во Р. С. Македонија се направени 190.573 тестови на 1.000.000 жители.

Табела 2. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=394.329)*

t2

*9 лица се лабораториски потврдени во странство

Според исходот од заболувањето, 19.698 лица (24,1%) се активни случаи, 59.650 случаи (72,9%) се водат како оздравени (од нив 2.732 се здравствени работници и 338 бремени жени), испишани од болница, со 2 негативни теста по домашното лекување или по новиот алгоритам (Табела 4, Графикон 5). Од случаите кои се водат како оздравени, 3.836 (6,4%) биле хоспитализирани додека останатите 55.814 (93,6%) биле на домашно лекување.

Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (81.804)

Дистрибуција по град Болест во тек Оздравен Смртен исход Вкупно
Скопје 11.265 23.255 761 35.281
Тетово 878 3.650 181 4.709
Куманово 549 3.947 171 4.667
Прилеп 609 3.324 210 4.143
Гостивар 579 2.620 142 3.341
Штип 288 2.902 77 3.267
Битола 595 2.254 137 2.986
Велес 497 2.126 89 2.712
Охрид 594 1.679 90 2.363
Струмица 631 1.553 90 2.274
Струга 563 1.450 39 2.052
Кавадарци 350 1.515 131 1.996
Кочани 236 1.308 33 1.577
Кичево 245 1.255 51 1.551
Свети Николе 108 911 14 1.033
Гевгелија 226 617 19 862
Неготино 256 563 12 831
Ресен 141 477 17 635
Дебар 129 459 28 616
Радовиш 117 457 29 603
Крива Паланка 112 465 25 602
Берово 45 425 18 488
Делчево 137 322 22 481
Виница 63 371 8 442
Пробиштип 45 386 10 441
Валандово 59 239 4 302
Демир Хисар 40 189 5 234
Македонски Брод 25 177 8 210
Кратово 22 163 8 193
Богданци 56 131 4 191
Македонска Каменица 63 117 3 183
Крушево 71 75 15 161
Демир Капија 70 86 1 157
Пехчево 23 120 2 145
Дојран 11 62 2 75
ВКУПНО 19.698 59.650 2.456 81.804

Графикон 5.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, 2020 година (n=81.804)

 g5

 

 

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19

Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е висок.

Според категоризацијата на ризикот се проценува дека:

  • Република Северна Македонија е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).

 

 

 

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ

Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 20.12.2020:

  • Број на потврдени случаи на глобално ниво – 75.129.306 (4.790 во последни 7 дена, 6% повеќе во споредба со претходна недела)
  • Број на смртни случаи на глобално ниво – 1.794 (79.001 во последни 7 дена, 4% повеќе во споредба со претходна недела)

 

  • Регион на СЗО Америка
    • Потврдени случаи – 437.597 (2.321.202 во последни 7 дена, 13% повеќе во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 105 (32.397 во последни 7 дена, 9% повеќе во споредба со претходна недела)
  • Европски Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 23.857 (1.726.941 во последни 7 дена, 2% повеќе во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 719 (36.286 во последни 7 дена, 3% повеќе во споредба со претходна недела)
  • Регион на СЗО Југоисточна Азија
    • Потврдени случаи – 11.610.444 (249.007 во последни 7 дена, 14% помалку во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 826 (3.968 во последни 7 дена, 10% помалку во споредба со претходна недела)
  • Источно-Медитерански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 4.665.285 (174.325 во последни 7 дена, 14% помалку во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 115.495 (3.852 во последни 7 дена, 12% помалку во споредба со претходна недела)
  • Африкански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 1.716.697 (94.653 во последни 7 дена, 27% повеќе во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 37.741 (1.862 во последни 7 дена, 34% повеќе во споредба со претходна недела)
  • Регион на СЗО Западен Пацифик
    • Потврдени случаи – 1.006.682 (46.662 во последни 7 дена, 3% повеќе во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 18.895 (636 во последни 7 дена, 18% повеќе во споредба со претходна недела)

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

  • Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19

https://vlada.mk/covid19

 

 

 

 

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА

Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.

 

Само доколку лицето со симптоми патувало или имало контакт со потврден случај, да се упатува да се јави на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.

 

0800 002 03

 

 

 

 

 

 

 

Скопје, 27.12.2020

 

Оддел за епидемиологија на заразни болести

Институт за јавно здравје