СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 28.09-04.10.2020
Тестирани се вкупно 9.832 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, зголемување од 1,5% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 1.203 нови позитивни случаи од 31 град во државата со зголемување од 35,5% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=519; 43,1%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Берово – 192,3/100.000 (Табела 1, Картограм 1).
Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, 28.09-04.10.2020, Р.С. Македонија
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=239, 19,9%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=220; 18,3%), 50-59 (n=200; 16,6%), 30-39 (n=222; 18,5%) и 20-29 (n=194; 16,1%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=38; 3,2%) и 10-19 години (n=90; 7,5%). Во однос на минатата недела, најголемо зголемување на бројот на ново регистрирани случаи се бележи во возрасните групи од 20-29 години и 30-39 години, за 60% односно 46,1%, соодветно.
Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 544 (45,2%) лица од женски и 659 (54,8%) од машки пол.
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=1074; 89,3%), регистрирани се 142 (13,2%) хоспитализирани, а кај 280 (26,1%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.
Од вкупниот број на нови случаи, 403 (37,6%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 32 (3%) лица со историја на патување (во последни 14 дена).
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 786 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.
Пријавени се 30 смртни случаи од 11 градови, зголемување од 7,1% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 24 лица биле над 60 години, а 6 лица на возраст од 50-59 години. Само едно лице од починатите не било хоспитализирано. Коморбидитети се регистрирани кај 20 починати лица.
КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Заклучно со 04.10.2020, пријавени се вкупно 18.674 случаи на COVID-19 (I=912,0/100.000).
Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 35 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел регистрирани во Скопје, Куманово, Тетово и Штип, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Дебар и Штип. Од градовите каде што е регистриран поголем број на случаи највисок леталитет се регистрира во Струга (Табела 1).
Табела 1. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 2020
Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Штип со 2.441,0 на 100.000 жители, додека инциденца со над 1.000 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Скопје, Куманово, Струга, Свети Николе, Дебар и Ресен (Табела 1, Картограм 2).
Картограм 2. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија
Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 9.631 машки и 9.240 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 929,2/100.000, додека кај женските 894,8/100.000.
Возраста на заболените се движи од 0 до 99 години (просек – 44,1 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 4.134 (21,9%) со инциденца од 1.078,6/100.000, а највисока специфична инциденца од 1.251,9/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (3.481 заболен). Најниска инциденца од 284,9 и 388,9 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 652 и 973 случаи соодветно (Графикон 1).
Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=18.871)
Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=243) е регистриран на 17.07.2020 (Графикон 2).
Графикон 2. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=18.871)
Првиот случај е регистриран во 9-тата недела, а од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Минатата недела е регистриран најголем број на заболени на неделно ниво (n=1.203) (Графикон 3).
Графикон 3. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, 2020 година (n=18.871)
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=18.735; 99,3%), 19,2% (n=3.627) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите биле/се на домашно лекување, асимптоматски или со полесна клиничка слика.
Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, ИБЗД Козле, Клинички болници Штип, Тетово и Битола, Општи болници Прилеп, Куманово, Охрид, Гостивар, Струга, Струмица, Велес, УК за гинекологија и акушерство, Клиника на Аџибадем Систина и Zhan Mitrev Clinic), моментално се хоспитализирани 342 лице, а од нив 96 се на кислородна поддршка и 9 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.
Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (66,1%), малаксаност (43,3%), кашлица (39,1%), главоболка (15,9%), болка во грло (15,5%), ослабен осет за мирис и/или вкус (12,2%), треска (11,9%) и отежнато дишење (10,7%).
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=18.735; 99,3%), кај 4.737 или 25,1% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=18.735; 99,3%), пријавени се 157 (0,8%) случаи кај бремени жени, од кои 41 била хоспитализирана во текот на болеста. Шеесет и шест од регистрираните се асимптоматски случаи.
Во однос на коморбидитети, од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=18.735; 99,3%), кај 5.570 (39,5%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 3.878 лица имаат кардиоваскуларна болест, 1.493 дијабет, 779 се со хронична белодробна болест и 1.161 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 2.128 (58,7%) се присутни коморбидитети.
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=18.735; 99,3%), регистрирани се 1009 (5,3%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.
Регистрирани се 760 смртни случаи (Лт = 4,0%). Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 19.06.2020 и 27.06.2020 година (n=12), а според недела на пријавување во тек на 25-тата недела (n=54) (Графикон 4). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=555) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 144,8/100.000 жители. Регистрирани се 478 смртни случаи кај лица од машки и 282 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 610 (80,3%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=457), дијабет (n=214) и белодробна болест (n=110). Регистрирани се три смртни случаи кај бремени жени и седум смртни случаи кај здравствени работници. Четириесет и девет (6,4%) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а останатите 711 (93,6%) починале за време на хоспитализација.
Графикон 4. Дистрибуција на смртни случаи од COVID-19 во С. Македонија според дата на смрт, 2020 година (n=760)
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=18.735; 99,3%), 490 (2,6%) се импортирани, од нив 8 се детектирани на точка на влез. Вкупно 7.680 лица (40,7%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.
Од 15.02-04.10.2020 тестирани се вкупно 195.541 материјали (детектирано 18.871 позитивно лице) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Табела 2). Со ова во Р. С. Македонија се направени 94.502 тестови на 1.000.000 жители.
Табела 2. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=195.541)*
Кумулативен број на тестови | Вкупно тестови | Вкупно позитивни | Тестови скрининг | Позитивни скрининг | Тестови рутина | Позитивни рутина |
Сите лаборатории | 195541 | 18871 | 4982 | 24 | 190559 | 18847 |
ИЈЗ – Вирусологија | 81397 | 10114 | 3226 | 22 | 78171 | 10092 |
ЦЈЗ Скопје | 3127 | 399 | 0 | 0 | 3127 | 399 |
Авицена | 20439 | 1487 | 0 | 0 | 20439 | 1487 |
Биотек | 19438 | 968 | 0 | 0 | 19438 | 968 |
Жан Митрев Клиника | 25282 | 1679 | 0 | 0 | 25282 | 1679 |
Систина | 20320 | 1014 | 0 | 0 | 20320 | 1014 |
Лаор | 2170 | 109 | 0 | 0 | 2170 | 109 |
МАНУ | 13970 | 2213 | 1756 | 2 | 12214 | 2211 |
Ветеринарен Факултет | 755 | 81 | 0 | 0 | 755 | 81 |
Судска медицина | 722 | 9 | 0 | 0 | 722 | 9 |
ЦЈЗ Битола | 5077 | 598 | 0 | 0 | 5077 | 598 |
КИБФС | 1015 | 128 | 0 | 0 | 1015 | 128 |
ГАК | 1133 | 38 | 0 | 0 | 1133 | 38 |
Синлаб | 688 | 26 | 0 | 0 | 688 | 26 |
*8 лица се лабораториски потврдени во странство
Според исходот од заболувањето, 2.624 лица (13,9%) се активни случаи, 15.487 случаи (82,1%) се водат како оздравени (903 од нив се здравствени работници и 141 бремена жена), испишани од болница, со 2 негативни теста по домашното лекување или по новиот алгоритам (Табела 3, Графикон 5). Од случаите кои се водат како оздравени, 2.468 (15,9%) биле хоспитализирани додека останатите 13.017 (84,1%) биле на домашно лекување.
Графикон 5. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, 2020 година (n=18.871)
Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=18.871)
Дистрибуција по град | Болест во тек | Оздравен | Смртен исход | Вкупно |
Скопје | 943 | 6201 | 274 | 7418 |
Куманово | 170 | 1559 | 73 | 1802 |
Тетово | 161 | 1240 | 91 | 1492 |
Штип | 61 | 1197 | 28 | 1286 |
Гостивар | 76 | 820 | 51 | 947 |
Прилеп | 142 | 538 | 42 | 722 |
Струга | 44 | 582 | 62 | 688 |
Охрид | 32 | 386 | 20 | 438 |
Кочани | 180 | 238 | 8 | 426 |
Свети Николе | 54 | 317 | 2 | 373 |
Велес | 32 | 293 | 16 | 341 |
Кичево | 31 | 287 | 16 | 334 |
Битола | 73 | 248 | 10 | 331 |
Струмица | 179 | 111 | 13 | 303 |
Дебар | 32 | 240 | 15 | 287 |
Кавадарци | 40 | 209 | 2 | 251 |
Ресен | 8 | 153 | 5 | 166 |
Делчево | 73 | 58 | 7 | 138 |
Берово | 49 | 76 | 2 | 127 |
Крива Паланка | 36 | 85 | 4 | 125 |
Виница | 36 | 85 | 4 | 125 |
Пробиштип | 19 | 98 | 117 | |
Гевгелија | 38 | 74 | 112 | |
Радовиш | 36 | 62 | 4 | 102 |
Македонски Брод | 4 | 84 | 5 | 93 |
Демир Хисар | 2 | 58 | 2 | 62 |
Валандово | 36 | 15 | 51 | |
Неготино | 11 | 34 | 2 | 47 |
Пехчево | 4 | 42 | 46 | |
Македонска Каменица | 11 | 24 | 35 | |
Кратово | 2 | 24 | 26 | |
Крушево | 1 | 17 | 2 | 20 |
Богданци | 6 | 13 | 19 | |
Демир Капија | 1 | 11 | 12 | |
Дојран | 1 | 8 | 9 | |
Вкупно | 2624 | 15487 | 760 | 18871 |
ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19
Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е висок.
Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:
- Скопје, Кочани и Струмица се во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
- Берово, Виница, Свети Николе и делчево се во фаза 3 (локализирана трансмисија).
- Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи).
На Табела 4 е даден моментален приказ на активните случаи по општини во региони во кои се регистрира широко-распространета трансмисија во заедницата.
Табела 4. Активни случаи од COVID-19 по општини, Скопје, Струмица и Кочани (n=1302)
Град/ општина | Активни случаи | Град/ општина | Активни случаи |
Скопје | 943 | Струмица | 179 |
Аеродром | 165 | Струмица | 151 |
Центар | 158 | Босилово | 16 |
Карпош | 139 | Василево | 8 |
Кисела Вода | 108 | Ново Село | 4 |
Гази Баба | 102 | Кочани | 180 |
Ѓорче Петров | 70 | Кочани | 153 |
Чаир | 60 | Чешиново – Облешево | 26 |
Бутел | 36 | Зрновци | 1 |
Илинден | 34 | ||
Шуто Оризари | 17 | ||
Сарај | 15 | ||
странец | 9 | ||
Петровец | 7 | ||
Арачиново | 5 | ||
Чучер Сандево | 5 | ||
Студеничани | 4 | ||
Зелениково | 3 | ||
нераспределен | 3 | ||
Сопиште | 3 |
СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ
Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 05.10.2020:
Број на потврдени случаи на глобално ниво – 35.109.317
Број на смртни случаи на глобално ниво – 1.035.341
- Регион на СЗО Америка
- Потврдени случаи – 17.101.686
- Смртни случаи – 746
- Регион на СЗО Југоисточна Азија
- Потврдени случаи – 7.418.537
- Смртни случаи – 237
- Европски Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 6.269.155
- Смртни случаи – 652
- Источно-Медитерански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 486.594
- Смртни случаи – 624
- Африкански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 1.202.973
- Смртни случаи – 334
- Регион на СЗО Западен Пацифик
- Потврдени случаи – 631
- Смртни случаи – 13.735
УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА
- За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на
http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/
- Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна
http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/
- За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија
http://www.iph.mk/korona-preporaki/
http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/
- Препораки како да се заштитите себе си
http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/
- Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на
http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/
- За упатства за здравствените работници
http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/
http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/
- Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19
http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/
- Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19
ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА
Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.
Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.
0800 002 03
Скопје, 05.10.2020
Оддел за епидемиологија на заразни болести
Институт за јавно здравје