СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, период 07-13.12.2020
Тестирани се вкупно 15.857 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 9,2% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 5.518 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со намалување од 14,6% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=2.296; 41,6%), со неделна инциденца – 371,7/100.000 (Табела 1, Картограм 1).
Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, 07-13.12.2020, Р.С. Македонија
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=1.503, 27,2%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (n=1.042; 18,9%), 50-59 (n=1.040; 18,8%), 40-49 (n=1.030; 18,7%) и 20-29 (n=648; 11,7%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=73; 1,3%) и 10-19 години (n=182; 3,3%).
Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 2.721 (49,3%) лица од машки и 2.797 (50,7%) од женски пол.
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 5.313 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 0.2% повеќе во споредба со минатата недела.
Пријавени се 174 смртни случаи од 29 града, со намалување од 5,4% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 142 лица биле над 60 години, 24 лица на возраст од 50-59 години, 4 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и по два случаи од возрасните групи од 20-29 и 30-39 години.
КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Заклучно со 13.12.2020, пријавени се вкупно 73.851 случаи на COVID-19 (I=3.569,1/100.000).
Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 35 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел регистрирани во Скопје, Тетово, Куманово, Прилеп, Гостивар, Штип, Битола и Велес додека највисок морталитет се регистрира во Прилеп, Струга, Крушево, Штип и Охрид. Највисок леталитет се регистрира во Крушево и Струга (Табела 1).
Табела 1. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 2020
Во 27 градови се забележува намалување на бројот на новозаболени кога се анализираат двата двонеделни периоди, во 2 градови се забележува минимално, додека во останатите поголемо процентуално зголемување на бројот на новозаболени. (Табела 1)
Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Штип со 5.832,2 на 100.000 жители, Скопје (5.160,1/100.000), Свети Николе (4.777,7/100.000), Кавадарци (3.989,9/100.000), Прилеп (3.855,5/100.000) и Велес (3.699,2/100.000), инциденца под 2.000 заболени на 100.000 жители се регистрира во Дојран, Богданци, Македонски Брод, Радовиш и Крушево. (Табела 1, Картограм 2).
Картограм 2. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија
Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 37.750 машки и 36.101 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 3.642,0/100.000, додека кај женските 3.495,9/100.000.
Возраста на заболените се движи од 0 до 99 години (просек – 45 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 16.624 (22,5%) со инциденца од 4.337,2/100.000, а највисока специфична инциденца од 4.872,1/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (13.547 заболени). Најниска инциденца од 678,5 и 1.255,7 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 1.553 и 3.142 случаи соодветно (Графикон 1).
Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=73.851)
Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=1.406) е регистриран на 17.11.2020.
Првиот случај е регистриран во 9-тата недела, а од 11-тата недела во 2020 година континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Најголем број на заболени на неделно ниво (n=7.481) е регистриран 47-та недела (Графикон 2). Во последните три недели се регистриран пад на бројот на ново заболени лица.
Графикон 2. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, 2020 година (n=73.851)
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=52.252; 70,8%), 12,7% (n=6.621) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите биле/се на домашно лекување, асимптоматски или со полесна клиничка слика.
Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, ИБЗД Козле, КОВИД центрите на Универзитетксите клиники за Дерматовенерологија, Неврологија, Нефрологија, Гастроентерохепатологија, Офталмологија и Оториноларингологија, Инстиутот за белодробни заболувања и ТБЦ, Клинички болници Штип, Тетово и Битола, Општи болници Велес, Куманово, Прилеп, Охрид, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Кавадарци, Кичево, Дебар и Гевгелија, УК за гинекологија и акушерство, Жан Митрев Клиника и КБ Систина) моментално се хоспитализирани 1.391 лица (1,5% повеќе во споредба со минатата недела), а од нив 591 (+19,2%) се на кислородна поддршка и 25 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.
Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (69,0%), малаксаност (40,5%), кашлица (40,6%), ослабен осет за мирис и/или вкус (26,4%), главоболка (22,0%), мускулна болка (17,8%), болка во грло (15,1%), треска (13,8%) и отежнато дишење (10,2%).
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=52.252; 70,8%), кај 10.308 или 19.7% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=52.252; 70,8%), пријавени се 355 (0,7%) случаи кај бремени жени, од кои 58 биле хоспитализирани во текот на болеста. Од вкупниот број на регистрирани бремени жени, 99 се асимптоматски случаи.
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=52.252; 70,8%), регистрирани се 2.744 (5,3%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.
Во однос на коморбидитети, од случаите кои се епидемиолошки истражени, кај 14.863 (28,4%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 10.476 лица имаат кардиоваскуларна болест, 3.850 дијабет, 1.933 се со хронична белодробна болест и 3.124 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 3.857 (62,1%) се присутни коморбидитети.
Регистрирани се 2.147 смртни случаи (Лт = 2,9%). Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 30.11.2020 година (n=38), а според недела на пријавување во тек на 47-мата недела (n=212) (Графикон 3). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=1.671) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 436,0/100.000 жители. Регистрирани се 1.359 смртни случаи кај лица од машки и 788 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 1.483 (80,3%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=1.145), дијабет (n=531) и белодробна болест (n=234). Регистрирани се 8 смртни случаи кај бремени жени и 16 смртни случаи кај здравствени работници. Сто триесет и еден (6,1%) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а 2.016 (93,9%) починале за време на хоспитализација.
Графикон 3. Дистрибуција на смртни случаи од COVID-19 во С. Македонија според дата на смрт, 2020 година (n=2.147)
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=52.252; 70,8%), 878 (1,7%) се импортирани, од нив 11 се детектирани на точка на влез. Вкупно 18.459 лица (35,3%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.
Од 15.02-13.12.2020 тестирани се вкупно 365.600 материјали (детектирани 73.851 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 и во лабораториите во кои се спроведува брз антигенски тест (Табела 2). Со ова во Р. С. Македонија се направени 176.689 тестови на 1.000.000 жители.
Табела 2. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=360.618)*
*9 лица се лабораториски потврдени во странство
Според исходот од заболувањето, 21.658 лица (29,3%) се активни случаи, 50.046 случаи (67,8%) се водат како оздравени (од нив 2.249 се здравствени работници и 295 бремени жени), испишани од болница, со 2 негативни теста по домашното лекување или по новиот алгоритам (Табела 4, Графикон 5). Од случаите кои се водат како оздравени, 3.533 (7,1%) биле хоспитализирани додека останатите 46.513 (92,9%) биле на домашно лекување.
Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (73.851)
Дистрибуција по град | Болест во тек | Оздравен | Смртен исход | Вкупно |
Скопје | 11307 | 19897 | 667 | 31871 |
Тетово | 976 | 3263 | 172 | 4411 |
Куманово | 639 | 3494 | 152 | 4285 |
Прилеп | 893 | 2615 | 167 | 3675 |
Гостивар | 807 | 2153 | 127 | 3087 |
Штип | 437 | 2567 | 68 | 3072 |
Битола | 843 | 1693 | 118 | 2654 |
Велес | 661 | 1711 | 79 | 2451 |
Охрид | 591 | 1379 | 72 | 2042 |
Струмица | 568 | 1359 | 80 | 2007 |
Струга | 441 | 1233 | 111 | 1785 |
Кавадарци | 630 | 1054 | 33 | 1717 |
Кичево | 349 | 1056 | 43 | 1448 |
Кочани | 251 | 1147 | 31 | 1429 |
Свети Николе | 196 | 771 | 13 | 980 |
Гевгелија | 221 | 484 | 16 | 721 |
Неготино | 276 | 412 | 11 | 699 |
Ресен | 178 | 369 | 16 | 563 |
Дебар | 165 | 372 | 25 | 562 |
Крива Паланка | 122 | 380 | 23 | 525 |
Радовиш | 127 | 369 | 27 | 523 |
Берово | 105 | 333 | 14 | 452 |
Делчево | 197 | 217 | 19 | 433 |
Виница | 120 | 291 | 7 | 418 |
Пробиштип | 67 | 332 | 9 | 408 |
Валандово | 55 | 197 | 2 | 254 |
Демир Хисар | 45 | 169 | 5 | 219 |
Македонски Брод | 32 | 158 | 8 | 198 |
Македонска Каменица | 96 | 74 | 2 | 172 |
Кратово | 25 | 139 | 8 | 172 |
Богданци | 51 | 104 | 3 | 158 |
Крушево | 71 | 65 | 14 | 150 |
Демир Капија | 81 | 42 | 1 | 124 |
Пехчево | 22 | 96 | 2 | 120 |
Дојран | 13 | 51 | 2 | 66 |
ВКУПНО | 21.658 | 50.046 | 2.147 | 73.851 |
Графикон 5. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, 2020 година (n=73.851)
ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19
Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е висок.
Според категоризацијата на ризикот се проценува дека:
- Република Северна Македонија е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ
Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 08.12.2020:
- Број на потврдени случаи на глобално ниво – 65.872.391 (970.427 во последни 7 дена, без промена во споредба со претходна недела)
- Број на смртни случаи на глобално ниво – 1.523.656 (73.396 во последни 7 дена, 4% повеќе во споредба со претходна недела)
- Регион на СЗО Америка
- Потврдени случаи – 28.331 (1.845.816 во последни 7 дена, 12% повеќе во споредба со претходна недела)
- Смртни случаи – 746.852 (26.624 во последни 7 дена, 18% повеќе во споредба со претходна недела)
- Европски Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 19.984.964 (1.456.530 во последни 7 дена, 9% помалку во споредба со претходна недела)
- Смртни случаи – 448.867 (35.249 во последни 7 дена, 3% помалку во споредба со претходна недела)
- Регион на СЗО Југоисточна Азија
- Потврдени случаи – 11.071.129 (332.396 во последни 7 дена, 10% помалку во споредба со претходна недела)
- Смртни случаи – 458 (5.004 во последни 7 дена, 2% повеќе во споредба со претходна недела)
- Источно-Медитерански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 4.288.875 (242 563 во последни 7 дена, 3% помалку во споредба со претходна недела)
- Смртни случаи – 107.258 (5.084 во последни 7 дена, 13% помалку во споредба со претходна недела)
- Африкански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 1.547.607 (53.283 во последни 7 дена, 9% повеќе во споредба со претходна недела)
- Смртни случаи – 34.486 (974 во последни 7 дена, без промена во споредба со претходна недела)
- Регион на СЗО Западен Пацифик
- Потврдени случаи – 914.744 (40.039 во последни 7 дена, 1% помалку во споредба со претходна недела)
- Смртни случаи – 17.722 (461 во последни 7 дена, 4% повеќе во споредба со претходна недела)
УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА
- За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на
http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/
- Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна
http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/
- За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија
http://www.iph.mk/korona-preporaki/
http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/
- Препораки како да се заштитите себе си
http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/
- Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на
http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/
- За упатства за здравствените работници
http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/
http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/
- Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19
http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/
- Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19
ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА
Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.
Само доколку лицето со симптоми патувало или имало контакт со потврден случај, да се упатува да се јави на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.
0800 002 03
Скопје, 14.12.2020
Оддел за епидемиологија на заразни болести
Институт за јавно здравје