СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 06.07-12.07.2020

Тестирани се вкупно 9.995 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Регистрирани сe вкупно 1.073 нови позитивни случаи од 26 градови во државата (Табела 1). Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=454; 42,3%) и Тетово (n=96; 8,9%).

 

Табела 1.  Дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 06.07-12.07.2020

ЦЈЗ/ПЕ Број на заболени Починати
Скопје 454 17
Тетово 96 6
Свети Николе 72  
Гостивар 69 4
Штип 67 2
Струга 61 4
Куманово 60 2
Дебар 41 1
Кичево 32  
Охрид 22  
Прилеп 20  
Ресен 17  
Пробиштип 9  
Битола 8  
Велес 7  
Струмица 7  
Демир Хисар 6  
Кавадарци 5  
Крушево 5  
Радовиш 4  
Кратово 3  
Кочани 2  
Крива Паланка 2  
Македонски Брод 2  
Берово 1  
Неготино 1  
Вкупно 1.073 36

 

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица над 60 години со 245 (22,8%) позитивни. Поголем број на заболени се регистрира и кај лицата на возраст од 30-39 (n=216; 20,1%), 50-59 години (n=207; 19,3%) и од 40-49 (n=202; 18,8%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=40; 3,7%) и 10-19 години (n=35; 3,3%).

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 542 (50,5%) лица од женски и 531 (49,5%) од машки пол.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=994; 92,6%), регистрирани се 114 (11,5%) хоспитализирани, а кај 270 (27,2%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Од вкупниот број на нови случаи, 423 (42,6%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 22 лица со историја на патување (во последни 14 дена).

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 1.017 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Пријавени се 36 смртни случаи од 7 градови (Табела 1). Најголем дел од случаите се на возраст над 60 години (n=25; 69,4%). Од починатите, 35 биле хоспитализирани, а еден починал во вонболнички услови. Коморбидитети се регистрирани кај 29 починати лица.

 

KУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 12.07.2020, пријавени се вкупно 8.197 случаи на COVID-19 (I=394,6/100.000).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 32 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел регистрирани во Скопје, Тетово и Куманово, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Тетово и Куманово. Од градовите каде што е регистриран поголем број на случаи највисок леталитет се регистрира во Струга (Табела 2).

Табела 2. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 2020

Дистрибуција по ЦЈЗ/ПЕ Вкупно Инциденца /100 000 Умрени (вкупно) Морталитет/100 000 Леталитет
Вкупно 8.197 394,6 385 18,5 4,7%
Скопје*** 3878 627.9 156 25.3 4.0%
Тетово 871 436.0 63 31.5 7.2%
Куманово 862 604.1 44 30.8 5.1%
Штип 457 867.6 10 19.0 2.2%
Струга 329 484.9 37 54.5 11.2%
Прилеп 301 315.8 20 21.0 6.6%
Гостивар 230 192.0 16 13.4 7.0%
Охрид 227 404.6 5 8.9 2.2%
Велес 203 306.4 13 19.6 6.4%
Дебар 151 544.0 5 18.0 3.3%
Ресен*** 138 843.9 3 18.3 2.2%
Свети Николе 118 575.3 0 0.0 0.0%
Кичево 81 141.7 1 1.7 1.2%
Кочани 77 160.5 3 6.3 3.9%
Битола 70 68.7 2 2.0 2.9%
Пробиштип 37 241.8 0 0.0 0.0%
Кавадарци 26 60.4 1 2.3 3.8%
Струмица 24 25.3 1 1.1 4.2%
Неготино* 22 93.7 1 4.3 4.5%
Крива Паланка 19 79.4 0 0.0 0.0%
Крушево 12 125.9 2 21.0 16.7%
Гевгелија** 12 34.9 0 0.0 0.0%
Радовиш 8 24.5 0 0.0 0.0%
Демир Хисар 8 95.5 0 0.0 0.0%
Македонски Брод 8 71.4 0 0.0 0.0%
Кратово 7 73.2 0 0.0 0.0%
Пехчево 6 120.2 0 0.0 0.0%
Валандово 6 50.6 0 0.0 0.0%
Берово 4 30.8 1 7.7 25.0%
Виница 4 20.6 0 0.0 0.0%
Делчево 1 4.2 1 4.2 100.0%

*10 лица се жители на Демир Капија  **2 лица се жители на Богданци

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Штип со 867,6 и Ресен со 843,9 заболени на 100.000 жители, Скопје (627,9/100.000), Куманово (604,1/100.000), Свети Николе (573,3/100.000), Дебар (544,0/100.000), Струга (484,9/100.000), Тетово (436,0/100.000), Охрид (404,6/100.000), Прилеп (315,8/100.000) и Велес (306,4/100.000), додека инциденца со над 150 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Пробиштип, Гостивар и Кочани (Табела 2, Картограм 1).

Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија

kartogram 13.7

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 4.131 машки и 4.066 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 398,5/100.000, додека кај женските 393,7/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 97 години (просек – 44,5 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 1.839 (22,4%) со инциденца од 479,8/100.000, а највисока специфична инциденца од 563,2/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (1.566 заболени). Најниска инциденца од 152,5 и 142,7 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 349 и 357 случаи соодветно (Графикон 1).

 

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=8.197)

13.7.1

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=204) е регистриран на 09.07.2020 (Графикон 2).

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=8.197)

13.7.2

Од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Пикот е достигнат во 28-тата недела (n=1.073) (Графикон 3).

Графикон 3.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, 2020 година (n=8.197)

13.7.3

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=8.048; 98,2%), 20,6% (n=1.656) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите биле/се на домашно лекување, асимптоматски или со полесна клиничка слика.

Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, ИБЗД Козле, Клинички болници Битола и Штип, Општи болници Прилеп, Куманово, Велес, Струмица и Гостивар), моментално се хоспитализирани 350 лица, а од нив 118 се на кислородна поддршка и 4 на механичка вентилација.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (64,4%), кашлица (42,4%), малаксаност (41,5%), треска (13,9%), главоболка (13,7%), болка во грло (13,7%) и отежнато дишење (12,0%).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=8.048; 98,2%), кај 2.318 или 28,8% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето. Од нив, 1.455 или 62,8% имале контакт со веќе потврден случај во државата.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=8.048; 98,2%), пријавени се 77 (0,9%) случаи кај бремени жени, од кои 19 биле хоспитализирани во текот на болеста. Триесет и четири од регистрираните се асимптоматски случаи.

Во однос на коморбидитети, од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=8.048; 98,2%), кај 2.410 (29,9%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 1.637 лица имаат кардиоваскуларна болест, 700 дијабет, 320 се со хронична белодробна болест и 445 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 980 (59,2%) се присутни коморбидитети.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=8.048; 98,2%), регистрирани се 606 (7,5%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Регистрирани се 385 смртни случаи (Лт = 4,7%).  Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 19.06.2020 и на 27.06.2020 година (n=12), а според недела на пријавување во тек на 25-тата недела (n=54) (Графикон 4). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=273) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 61,6/100.000 жители. Регистрирани се 240 смртни случаи кај лица од машки и 145 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 311 (80,8%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=240), дијабет (n=114) и белодробна болест (n=56). Регистрирани се по два смртни случаи кај бремени жени и кај здравствени работници.

Графикон 4.  Дистрибуција на смртни случаи од COVID-19 во С. Македонија според дата на смрт, 2020 година (n=385)

13.7.4

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=8.048; 98,2%), 161 (2,0%) е импортиран, од нив шест лица се детектирани на точка на влез, а последниот импортиран случај е регистриран на 12.07.2020. Вкупно 3.826 лица (47,5%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

Од 15.02.2020 до 12.07.2020 тестирани се вкупно 78.133 материјали (детектирани 8.197 позитивни лица, 5 од нив докажани во странство) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Табела 3). Со ова во Р. С. Македонија се направени 37.761 тестови на 1.000.000 жители.

Табела 3. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=78.133)*

Кумулативен број на тестови Вкупно тестови Вкупно позитивни Тестови скрининг Позитивни скрининг Тестови рутина Позитивни рутина
Сите лаборатории 78133 8197 4982 24 73151 8173
ИЈЗ – Вирусологија 40742 4741 3226 22 37516 4719
ЦЈЗ Скопје 904 157 0 0 904 157
Авицена 4694 604 0 0 4694 604
Биотек 6284 371 0 0 6284 371
Жан Митрев Клиника 10350 743 0 0 10350 743
Систина 6413 381 0 0 6413 381
Лаор 20 7 0 0 117 9
МАНУ 7068 999 1756 2 5215 995
Ветеринарен Факултет 755 81 0 0 775 85
Судска медицина 174 5 0 0 174 5
ЦЈЗ Битола 724 103 0 0 1677 187

*5 случаи докажани во странство

Според исходот од заболувањето, 3.486 лица (42,5%) се активни случаи, 4.326 случаи (52,8%) се водат како оздравени (427 од нив се здравствени работници и 43 се бремени жени), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување (Табела 4, Графикон 5).

Графикон 5.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, 2020 година (n=8.197)

13.7.5

 

Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=8.197)

Дистрибуција по град Болест во тек Оздравен Смртен исход Вкупно
Скопје 1788 1934 156 3878
Тетово 292 516 63 871
Куманово 194 624 44 862
Штип 178 269 10 457
Струга 170 122 37 329
Прилеп 64 217 20 301
Гостивар 144 70 16 230
Охрид 135 87 5 227
Велес 33 157 13 203
Дебар 89 57 5 151
Ресен 78 57 3 138
Свети Николе 111 7 118
Кичево 69 11 1 81
Кочани 13 61 3 77
Битола 27 41 2 70
Пробиштип 24 13 37
Кавадарци 18 7 1 26
Струмица 16 7 1 24
Крива Паланка 9 10 19
Крушево 7 3 2 12
Неготино 3 8 1 12
Гевгелија 2 10 12
Демир Капија 10 10
Демир Хисар 7 1 8
Македонски Брод 4 4 8
Радовиш 4 4 8
Кратово 4 3 7
Пехчево 1 5 6
Валандово 6 6
Виница 1 3 4
Берово 1 2 1 4
Делчево 1 1
ВКУПНО 3.486 4.326 385 8.197

*2 лица се жители на Богданци

 

На Табела 5 е даден моментален приказ на активните случаи по општини во Скопје и Тетово како најзафатени региони во овој момент, односно региони во кои се регистрира широко-распространета трансмисија во заедницата.

Табела 5. Активни случаи од COVID-19 по општини, Скопје и Тетово (n=2.080)

Град/ општина Активни случаи
Скопје 1.788
Чаир 304
Гази Баба 203
Аеродром 163
Карпош 151
Центар 145
Бутел 140
Сарај 121
Студеничани 116
Ѓорче Петров 113
Кисела Вода 112
Шуто Оризари 83
Арачиново 42
Илинден 23
Петровец 20
Зелениково 15
Сопиште 12
Чучер Сандево 11
странец 9
непознато 5
Тетово 292
Тетово 212
Желино 21
Јегуновце 18
Брвеница 17
Боговиње 15
Теарце 9

 

 

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19

Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е висок.

На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба.

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:

  • Скопје е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Тетово е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Штип, Ресен, Куманово, Струга, Дебар и Свети Николе се во фаза 3 (локализирана трансмисија).
  • Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи).

 

 

 

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ

Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 12.07.2020:

Број на потврдени случаи на глобално ниво – 12.768.307

Број на смртни случаи на глобално ниво566.654

  • Регион на СЗО Америка
    • Потврдени случаи – 6.669.879
    • Смртни случаи – 286.577
  • Европски Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 2.925.686
    • Смртни случаи – 584
  • Источно-Медитерански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 1.286.651
    • Смртни случаи – 31.228
  • Регион на СЗО Југоисточна Азија
    • Потврдени случаи – 163.556
    • Смртни случаи – 29.258
  • Африкански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 477.575
    • Смртни случаи – 8.253
  • Регион на СЗО Западен Пацифик
    • Потврдени случаи – 244.219
    • Смртни случаи – 7.741

 

 

 

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

  • Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19

https://vlada.mk/covid19

 

 

 

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА

Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.

 

Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.

 

0800 002 03

 

 

 

 

Скопје, 13.07.2020

 

Сектор за превенција и контрола на заразни болести

Институт за јавно здравје