ЕПИДЕМИОЛОШКИ НАДЗОР

Неделни податоци

Во текот на 16-та недела од 2018 година, пријавени се 46 случаи на грип/заболувања слични на грип со инциденца од 2,2 на 100.000 жители, намалување за 66% во споредба со минатата недела.

Споредено со 16-та недела од минатата сезона која се карактеризираше со ран почеток и пик на активноста, бројот на заболени оваа недела е помал за 10% (Графикон1).

Регистрираната инциденца oваа недела е под неделната граница на ниска (сезонска) активност на вирусот на грип (Графикон 1).

Графикон 1. Нивоа на интензитет и неделна дистрибуција на заболените од грип/заболувања слични на грип, според очекувана епидемиска крива 2010-2017, сезона 2016/2017 и сезона 2017/2018

1

Оваа недела најголем број заболени лица (n=16) се пријавени од подрачјето на ЦЈЗ Тетово, а највисока инциденца (10,0/100.000 жители) е регистрирана на подрачјето на ПЕ Гостивар. Во останатите 7 ЦЈЗ/ПЕ кои пријавија случаи во текот на неделата, бројот на заболени е ≤ 5.

Во сите извештајни единици во земјата се регистрира многу ниска активност на вирусот на грип, односно активноста е на вон-сезонско ниво.

Исто како и во претходните недели, во 16-та недела најголем број заболени – 32 се пријавени во најголемата возрасна група од 15-64 години, а највисока инциденца од 4,6/100.000 жители се регистрира кај лицата постари од 65 години каде се пријавени 12 случаи.

Кумулативни податоци

Досега во сезоната 2017/2018 вкупно се пријавени 23.847 случаи на грип/заболувања слични на грип со вкупна инциденца од I=1.152,5/100.000.

Регистрираниот број на случаи е помал за 32% споредено со истиот период од минатата сезона.

Досега, најголем број на заболени лица – 3.117 се регистрирани во ЦЈЗ Скопје, а поголем број е пријавен и во ПЕ Гостивар (2.391) и ЦЈЗ Струмица (2.325). Највисока вкупна инциденца од 3.806,3 на 100.000 жители е регистрирана на подрачјето на ПЕ Кавадарци.

Во однос на дистрибуцијата на заболените по возрасни групи, 61% (14.525) од сите заболени се во возрасната група од 15-64 години, а највисока вкупна инциденца од 2.065,2/100.000 се регистрира кај децата на возраст од 5-14 години.

Анализата на бројот на заболени од сезонски грип по месеци, укажува на постепен пораст на заболените во јануари (2.396 заболени или 10%) и достигнување врв во февруари (12.951 или 54,3%). Во април, регистрирани се 364 заболени или 1,5% од заболените во сезоната 2017/2018.

 

ВИРУСОЛОШКИ НАДЗОР

Се нотира заедничка циркулација на Influenza А и Influenza B вирусот во републиката, со доминација на B вирусите.

Во текот на 16-та недела од 2018, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ тестирани се 2 примероци за грип, тестирани негативни за присуство на вирусот на инфлуенца (Графикон 2).

Од почетокот на сезоната 2017/2018, во ИЈЗ пристигнати се и анализирани вкупно 479 хумани материјали, од кои 242 (50,5%) се позитивни за присуство на вирусот на инфлуенца. Од позитивните примероци, на инфлуенца Б отпаѓаат 69%, а на инфлуенца А 31%. Од инфлуенца Б вирусите 88% се B (Yamagata), 5% B(Victoria) и кај 7% не е одредена линијата. Од инфлуенца А вирусите 80% се суб-типизирани како Influenza A(H1N1)pdm09, останатите 20% не се суб-типизирани (Графикон 2).

Графикон 3. Неделна дистрибуција на број и процент на позитивни примероци на грип 2017/2018

 2

  

ЕПИДЕМИОЛОШКИ КОМЕНТАР

Регистрираната инциденца од грип/заболувања слични на грип е на ниво кое се регистрира надвор од сезона на грип. Се регистрира спорадична географска распространетост.

Втора недела со ред не се регистрирани позитивно тестирани примероци од вирусолошкиот надзор, што укажува дека активноста на вирусот на инфлуенца континуирано се намалува.

Се очекува континуирано намалување на бројот на пријавени случаи до крајот на сезоната.

 

ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ ГРИП

Во епидемиолошките служби на ЦЈЗ/ПЕ на располагање за вакцинација против сезонски грип за оваа сезона беа 27.997 дози на вакцина.

Искористени се сите набавени вакцини. Најголем број од вакцинираните се на возраст над 65 години – 60,5%. Од вкупниот број вакцинирани, 75,2% се со историја на хронично/и заболување/а.

 

ЕВРОПСКИ РЕГИОН

Согласно извештајот на Flu News Europe (за 15 недела/2018), бројот на регистрирани случаи продолжува да се намалува, а 26% од примероците биле позитивни на инфлуенца вирусот.

Во досегашниот дел од сезоната се забележува заедничка циркулација на Influenza А и Influenza B, а линијата B/Yamagata продолжува да доминира.

Земјите од регионот пријавуваат од ниско до средно ниво на интензитет на активност на вирусот на грип.

Од анализираните А (H3N2) на генетско ниво, 55% припаѓаат на вакциналниот сој, а 41% од B/Victoria се антигенски слични на типот кој е застапен во вакцината за оваа сезона. B/Yamagata сублинијата доминира од регистрираните Influenza B вируси, но овој сој не е вклучен во тривалентната вакцина за оваа сезона.

Поголемиот дел од тешките случаи примени во болнички одделенија кои не се на интензивна нега се возрасни заразени со Influenza B. Половина од тешките случаи кои биле примени на интензивна нега се возрасни заразени со Influenza А.

Сектор за контрола и превенција на заразни заболувања

Институт за јавно здравје