ЕПИДЕМИОЛОШКИ НАДЗОР

Неделни податоци

Во текот на 49-та недела од 2017 година (од 04.12.2017 – 10.12.2017), во Република Македонија пријавени се 112 (I=5,4/100.000) новозаболени од грип/на грип слични заболувања, намалување во споредба со минатата недела кога беа регистрирани 121 заболено лице.

Активноста на вирусот на грип е под сезонското ниво (Графикон 1).

Графикон 1. Нивоа на интензитет и неделна дистрибуција на заболените од грип/заболувања слични  на грип според очекувана епидемиска крива 2010-2017, сезона 2016/2017 и сезона 2017/2018

1

Во 49-та недела најголем број заболени се пријавени во возрасната група од 15-64 години, додека најголема инциденца е регистрирана кај децата на возраст од 5-14 години.

Оваа недела најголем број заболени се пријавени од подрачјето на ЦЈЗ Тетово (32 случаи), додека највисока инциденца од 50,4/100.000 е регистрирана на територија на ПЕ Дебар.

Во 14 извештајни единици се регистрира многу ниска активност на вирусот на грип, а само во една (ПЕ Дебар) се регистрира ниска (сезонска) активност (Картограм 1).

 

Картограм 1. Ниво на активност на грип според инциденца на 100.000 жители, 49 недела 2017

 49

Кумулативни податоци

Во сезоната 2017/2018 вкупниот број на пријавени случаи со заболувања слични на грип изнесува 758 (I=36,6/100.000).

Регистрираниот број на случаи е помал за  39% споредено со истиот период од минатата сезона. Вкупно во оваа сезона, пријавени се заболени лица од 20 ЦЈЗ/ПЕ. Најголем број на заболени лица (169) се регистрирани во ПЕ Гостивар.

Во однос на заболените по возрасни групи, најголем број на заболени се пријавени во возрасната група од 15-64 години – 64,0%, а највисока инциденца се регистрира кај лицата над 65 години.

ВИРУСОЛОШКИ НАДЗОР

Во текот на 49-тата недела од 2017, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ тестирани се 5 материјали за грип – сите негативни на присуство на вирусот на инфлуенца.

Од почетокот на сезоната 2017/2018, во оваа лабораторија пристигнати се вкупно 53 хумани материјали од здравствените установи, сите се негативни за присуство на вирусот на грип.

ЕПИДЕМИОЛОШКИ КОМЕНТАР

Малиот број на регистрирани случаи на грип, кој е под неделната граница за сезонска активност, како и негативните резултати добиени од вирусолошкиот надзор одат во прилог на многу ниска (вон-сезонска) активност на вирусот на грип на територија на Р. Македонија.

ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ ГРИП

Во епидемиолошките служби на ЦЈЗ/ПЕ вакцинацијата започна на 17 октомври, а на располагање за вакцинација за оваа сезона беа 27.997 дози на вакцина.

Искористени се сите набавени вакцини – вакцинацијата против сезонски грип е завршена на територијата на РМ. Најголем број од вакцинираните се на возраст над 65 години – 60,5%. Од вкупниот број вакцинирани, 75,2% се со историја на хронично/и заболување/а.

ЕВРОПСКИ РЕГИОН

Согласно извештајот на Flu News Europe за состојбата со грип во сезоната 2017/2018 во Европа, активноста на вирусот на грип останува на ниско ниво со спорадична или локална детекција на вируси на грип во земјите од регионот. Потврдени се како позитивни 8,8% од тестираните од сентинел надзорот (6,3% минатата недела) во текот на оваа недела, а најголем дел од позитивните се инфлуенца Б.

Се забележува заедничка циркулација на инфлуенца А со 43,1% (52,3% – А (H3N2)) и инфлуенца Б со 56,9% (96,2% – B/Yamagata).

Од анализираните А (H3N2) на генетско ниво, сите припаѓаат или се антигенски слични на типот кој е застапен во вакцината за оваа сезона.

Ситуацијата е вообичаена за овој период од годината.

 

 

 

Сектор за контрола и превенција на заразни заболувања

 

Институт за јавно здравје