ЕПИДЕМИОЛОШКИ НАДЗОР

Неделни податоци

Во текот на 20-та недела од 2018 година (14.05 – 20.05.2018), во Република Македонија пријавени се 13 случаи на грип/заболувања слични на грип, со инциденца од 0,6 на 100.000 жители, што претставува намалување од 62,9% во однос на минатата недела кога беа регистрирани 35 заболени лица.

Бројот на пријавени лица оваа недела е помал за 50,0% споредено со 20-та недела од минатата сезона (n=26), а во однос на очекуваната епидемиска крива (моделирана од последните 7 сезони) постои намалување од 56,8% (Графикон 1).

Ова е деветта недела по ред во која активноста на вирусот на грип е под неделната граница за ниска (сезонска) активност (Графикон 1).

Графикон 1. Нивоа на интензитет и неделна дистрибуција на заболените од грип/заболувања слични на грип, според очекувана епидемиска крива 2010-2017, сезона 2016/2017 и сезона 2017/2018

 граф 1

Оваа недела најголем број заболени лица (n=8) се пријавени од подрачјето на ЦЈЗ Тетово, а највисока инциденца (10,5/100.000 жители) е регистрирана во ПЕ Кратово. Во останатите ЦЈЗ/ПЕ кои пријавија случаи во текот на неделата се регистрираат поединечни случаи.

Во сите извештајни единици во земјата се регистрира многу ниска активност на вирусот на грип, односно активноста е на вон-сезонско ниво.

Исто како и во претходните недели и во 20-та недела најголем број заболени – 7 се пријавени во најголемата возрасна група од 15-64 години, а највисока инциденца од 1,7/100.000 жители се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години каде се пријавени 2 случаи.

КУМУЛАТИВНИ ПОДАТОЦИ ЗА СЕЗОНА 2017-2018

Во сезоната 2017/2018, пријавени се вкупно 23.954 случаи со грип/ заболувања слични на грип, a кумулативната инциденца е 1.157,7/100.000 жители.

Во споредба со минатата сезона (n=35.079), кумулативниот број на пријавени случаи во оваа сезона е помал за 31,7%, а во однос на моделот за последните 7 сезони (n=26.316) се регистрира намалување од 9,0%.

Во текот на оваа сезона, сите Центри за јавно здравје и Подрачни единици пријавиле случаи на грип/ заболувања слични на грип.

Најголем кумулативен број и процент на заболени (n=3.131; 13,1%) се регистрирани во регионот на ЦЈЗ Скопје. Поголем број на заболени (>2.000) е регистриран во ПЕ Гостивар (n=2.410; 10,1%), ЦЈЗ Струмица (n=2.330; 9,7%), ЦЈЗ Тетово (n=2.192; 9,2%), ЦЈЗ Прилеп (n=2.187; 9,1%) и ЦЈЗ Куманово (n=2.038; 8,5%) (Графикон 2).

Највисока кумулативна инциденца од 3.820,2/100.000 е регистрирана во ПЕ Кавадарци, каде се регистрирани вкупно 1.644 заболени лица (6,9% од вкупно регистрираните случаи).

Кумулативна инциденца над 3.000/100.000 жители се регистрира и во ПЕ Дебар (I=3.177,8/100.000) и ПЕ Свети Николе (I=3.012,9/100.000) (Графикон 2, Картограм).

Во сезоната 2017/2018, не се пријавени смртни случаи асоцирани со грип.

Графикон 2. Дистрибуција на случаи од сезонски грип по ЦЈЗ/ПЕ и I/100.000 жители, сезона 2017/2018

 граф 2

Картограм. Кумулативна инциденца на грип/заболувања слични на грип на 100.000 жители по ЦЈЗ/ПЕ, Република Македонија, сезона 2017-2018

 rsz_мапа_завршна

Според возрасната дистрибуција, најголем број на заболени се пријавени во возрасната група од 15-64 години – 14.591 случаи (60,9%) со ициденца од 999,8/100.000, а најголема кумулативна инциденца од 2.070,8 на 100.000 жители се регистрира кај школските деца на возраст од 5-14 години каде што кумулативно се регистрирани 4.793 случаи. Кај децата на возраст од 0-4 години инциденцата изнесува 1.766,9/100.000 (n=2.053), а кај лицата над 65-годишна возраст, кумулативниот број на случаи е 2.517, со инциденца од 960,2 на 100.000 жители (Графикон 3, Графикон 4).

 Графикон 3. Дистрибуција на случаи и инциденца на 100.000 жители од сезонски грип по возраст сезона 2017/2018

граф 3

Графикон 4. Неделна дистрибуција на случаите сезонски грип по возрасни групи – инциденца на 100.000 жители, сезона 2017/2018

 граф 4

Дистрибуција на заболените од сезонски грип по месеци (Графикон 5):

  • октомври – 123 случаи или 0,5%
  • ноември – 523 случаи или 2,2%
  • декември – 436 случаи или 1,8%
  • јануари – 2.396 случаи или 10,0%
  • февруари – 12.951 случаи или 54,1%
  • март – 7.054 случаи или 29,4%
  • април – 402 случаи или 1,7%
  • мај – 69 случаи или 0,3%

Пикот на оваа сезона е достигнат во текот на 8-ма недела кога беа регистрирани 4.258 заболени лица. Анализата на бројот на заболени од сезонски грип по месеци, укажува на постепен пораст на заболените во јануари и достигнување врв во февруари.

Од вкупниот број на заболени лица, во текот на 2017 година се регистрирани 1.082 лица или 4,5%. Останатите 95,5% или 22.872 лица се регистрирани во 2018 година.

Графикон 5. Дистрибуција на случаи нa сезонски грип по месеци, сезона 2017/2018

 граф 5

 

 

ВИРУСОЛОШКИ НАДЗОР

Со почетокот на сезоната 2014/2015, паралелно со рутинскиот систем на надзор, ИЈЗ започна со спроведување на нов систем на надзор на грипот (и епидемиолошки и вирусолошки), преку воведување на сентинел надзор над ИЛИ/АРИ и сентинел САРИ. Оттогаш, за присуство на инфлуенца вирусолошки се тестираат примероци од двата напоредни ситеми за надзор.

Во текот на 20-тата недела од 2018 година, во Вирусолошката лабораторија на Институтот за јавно здравје не пристигнаа примероци за тестирање за присуство на инфлуенца.

Во текот на сезоната 2017/2018, во Вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РМ анализирани се вкупно 482 хумани материјали од амбулантски и болнички лекувани пациенти добиени од здравствените установи низ републиката – преку рутинскиот и сентинел системот за надзор над инфлуенца, од кои 242 или 50,2% биле позитивни на инфлуенца-вирусот. Од вкупниот број на пристигнати материјали, 138 се од рутинскиот надзор (од кои 87 или 63,0% примероци биле позитивни), а 344 од сентинел надзорот (155 или 45,1% позитивни).

Од позитивните, 75 материјали се конфирмирани како Influenza А (31,0%), а кај 167 е докажано присуство на Influenza B вирусот (69,0%). Се нотира заедничка циркулација на Influenza А и Influenza B вирусот во републиката, со доминација на B вирусите.

Од Influenza А позитивните, 60 (80,0%) се конфирмирани како Influenza A(H1N1)pdm09, а 15 (20,0%) се нетипизирани Influenza А вируси.

Од 167 Influenza тип В вируси, 147 (88,0%) припаѓаат на линијата Yamagata, 8 (4,8%) припаѓаат на линијата Victoria, a кај 7,2% не е одредена линијата.

Од примероците од рутинскиот надзор (n=138), 87 (63,0%) се тестирани позитивни за присуство на вирусот на грип. Од нив, 32 се конфирмирани како Influenza тип А (23 – Influenza A(H1N1)pdm09 и 9 – нетипизирани Influenza А вируси) и 55 се конфирмирани како Influenza тип В (48 – Influenza B Yamagata, 2 – Influenza B Victoria, a кај 4 не е одредена линијата).

Од примероците од сентинел надзорот (n=344), 45,1% се позитивни за присуство на вирусот на грип. Од нив, 43 се конфирмирани како Influenza тип А (37 – Influenza A(H1N1)pdm09 и 6 – нетипизирани Influenza А вируси) и 112 се конфирмирани како Influenza тип В (99 – Influenza B Yamagata, 5 – Influenza B Victoria, a кај 8 не е одредена линијата) (Табела 1, Графикон 6).

Табела 1. Дистрибуција бројот и процентот на позитивни материјали од рутинскиот и сентинел надзор по потекло и вкупно, Македонија, 2016/2017

 таб 1

Графикон 6. Дистрибуција бројот и процентот на позитивни материјали од рутинскиот и сентинел надзор по тип и недели, Македонија, 2016/2017

 граф 6

ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ ГРИП

Вакцинацијата со вакцина против сезонски грип во Р. Македонија започна од 42 недела, 2017. Вкупната количина на нарачани тритипни вакцини (Influvac) за оваа сезона изнесува 27.997 дози.

Согласно пристигнатите извештаи од страна на ЦЈЗ/ПЕ, потрошени се сите набавени вакцини.

На Табела 2. е претставен бројот на вакцинирани лица по недели (групирано), од каде се гледа дека 98,4% примиле вакцина во текот на првите три недели од отпочнувањето со вакцинација. На Табела 2 е претставен бројот на вакцинирани лица по недели вкупно во текот на целата сезона 2017/2018.

Табела 2. Број на вакцинирани против грип по недели (збирно), сезона 2017-2018

таб 2

Кумулативно, оваа сезона се вакцинирани и 723 здравствени работници (2,6% од сите вакцинирани лица).Најголем број од вакцинираните се на возраст над 65 години – 16.942 лица или 60,5%. На возраст од 30-64 години, вакцинирани се 9.968 лица или 35,6%, додека на возраст од 5-29 години се вакцинирани вкупно 340 лица или 1,3%. Од возрасната група деца под 5-годишна возраст, вакцинирани се 17 деца. Вакцинирана е една бремена жена.

Од вкупниот број вакцинирани, 21.065 или 75,2% се лица со историја на едно или повеќе хронични заболувања.

Институтот за јавно здравје не располага со податоци за вакцинирани лица во приватните здравствени установи (ПЗУ), кои имаат дозвола од МЗ за вакцинација против грип.

ЕПИДЕМИОЛОШКИ КОМЕНТАР:

Сезоната на грип 2017/2018 се карактеризираше со задоцнет почеток како во споредба со минатата сезона, така и во споредба со очекуваната епидемиска крива. Најголем број на заболени беа регистрирани во 8-та недела, 2018. Анализата на бројот на заболени од сезонски грип по месеци, укажува на постепен пораст на заболените во јануари и достигнување врв во февруари.

Почнувајќи од 12-та недела, податоците од епидемиолошкиот и вирусолошкиот надзор укажуваа на многу ниска активност на грипот во Р. Македонија, која континуирано опаѓаше до 20-тата недела од 2018, односно до крајот на сезоната.

Се нотира заедничка циркулација на Influenza А и Influenza B вирусот во републиката, со доминација на B вирусите (B Yamagata). Од вкупно пристигнатите примероци за тестирање, 50,2% беа позитивни за присуство на вирусот на грип.

Активноста на вирусот на грип е на вон-сезонско ниво.

 

ЕВРОПСКИ РЕГИОН

Согласно извештајот на Flu News Europe, активноста на вирусот на грип во европските земји е на меѓусезонско ниво, а 10% од тестираните примероци биле позитивни на инфлуенца.

Во досегашниот дел од сезоната се забележува заедничка циркулација на Influenza А и Influenza B, а линијата B/Yamagata продолжува да доминира.

Резултатите од 5 европски студии укажуваат на ефикасност на вакцината од 25 до 52% против било кој тип на вирусот на грип.

Поголемиот дел од тешките случаи пријавени оваа сезона се должат на инфекција со вирусот на инфлуенца тип Б и најчесто се јавуваат кај лица постари од 15 години. Морталитетот (од сите причини) се врати на нормални очекувани нивоа во сите 20 земји и региони кои пријавуваат на EuroMOMO.

За сезоната 2018-2019 на северната хемисфера СЗО препорачува четиривалентна вакцина која содржи:

  • A/Michigan/45/2015 (H1N1)pdm09-like virus;
  • A/Singapore/INFIMH-16-0019/2016 (H3N2)-like virus;
  • B/Colorado/06/2017-like virus (B/Victoria/2/87 lineage);
  • B/Phuket/3073/2013-like virus (B/Yamagata/16/88 lineage).

 

  

Сектор за контрола и превенција на заразни заболувања

Институт за јавно здравје