Неделни податоци

Во текот на 9-та недела од 2019 година (25.02-03.03.2019), во Република Македонија се пријавени 2.678 (I=129,4/100.000) случаи со заболувања слични на грип, што е за 16,5% намалување во споредба со минатата недела (n=3.209).

Бројот на пријавени лица оваа недела е помал за 3,7% споредено со 9-та недела од минатата сезона (n=2.781), а во однос на бројот за 9-та недела од типичната епидемиска крива (моделирана од последните 8 сезони) постои зголемување од 61,2% (Графикон 1).

Регистрираната инциденца оваа недела е над неделната граница на сезонска (ниска) активност на вирусот на грип, согласно МЕМ моделот за одредување на интензитет на активноста на сезонски грип (Графикон 1).

Во текот на изминатата недела, регистрирани се 8 смртни случаи асоцирани со грип. Се работи за 5 лица од Скопје и по едно од Делчево, Охрид и Кавадарци. Возраста на починатите се движи од 12-70 години. Кај 7 лица е утврдена претходна хронична болест/ ко-морбидитет. Кај сите починати е докажан инфлуенца  А вирусот, од кои кај 5 лица е потврден А(H1pdm) вирусот на грип.

Оваа недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ пристигнати се 100 материјали за тестирање на грип, од кои 55 (55%) позитивни за присуство на вирусот на грип – 42 Influenza A(H1)pdm, 7 Influenza A(H3) и 6 Influenza А несуптипизиран (Графикон 5).

Графикон 1.  Нивоа на интензитет и неделна дистрибуција на заболените од грип/заболувања слични на грип според очекувана епидемиска крива 2010-2018, сезона 2017/2018 и сезона 2018/2019

slika 1 grip 9

Како и во текот на сите претходни недели од почетокот на сезоната, така и во 9-та недела, најголем број заболени (n=1.606; 60%) се пријавени во најголемата возрасната група од 15-64 години, а највисока инциденца од 296,1/100.000 жители е регистрирана кај децата од возрасната група од 0-4 години (Гарфикон 2).

Графикон 2. Неделна дистрибуција на случаите сезонски грип/заболувања слични на грип по возрасни групи – инциденца на 100.000 жители, сезона 2018/2019

grip 9 slika 2

Оваа недела пријавени се заболени лица од 28 извештајни единици. Најголем број заболени се пријавени од подрачјето на ЦЈЗ Скопје (n=583), а највисока инциденца е регистрирана на подрачјето на ПЕ Кавадарци (I=759,9/100.000) (Табела 1 во Прилог).

Во две извештајни единици се регистрира многу висока односно висока активност, во 7 – средна, во 17 се регистрира сезонска, во 2 – многу ниска и во 3 извештајни единици не е регистрирана активност на вирусот на грип (Картограм 1).

Картограм 1. Ниво на активност на грип според инциденца на 100.000 жители, 9 недела 2019

grip 9 kartogram

Кумулативни податоци

Во сезоната 2018/2019 вкупниот број на заболени од грип изнесува 15.201 (I=734,6/100.000).

Во споредба со истиот период од минатата сезона (n=19.210), постои намалување на вкупниот број на пријавени случаи за 20,9%, а во однос на моделот за последните 8 сезони (n=22.970) се регистрира намалување од 33,8%.

Кумулативно оваа сезона, пријавени се заболени лица од сите извештајни единици (31).

Најголем број на заболени лица  се регистрирани во ЦЈЗ Скопје (n=2.355), ЦЈЗ Струмица (n=1.955), ПЕ Кавадарци (n=1.368) и ЦЈЗ Битола (n=1.211) (Графикон 3) (Табела 1 во Прилог).

Највисока кумулативна инциденца од 3.178,9/100.000 жители е регистрирана во ПЕ Кавадарци. Висока инциденца над 1.500,0/100.000 жители регистрирана во ЦЈЗ Струмица и ПЕ Дебар (Графикон 3) (Табела 1 во Прилог).

Графикон 3.  Дистрибуција на случаите сезонски грип по ЦЈЗ/ПЕ и инциденца на 100.000 жители, сезона 2018/2019

grip 9 slika 4

Во текот на сезоната 2018/19, регистрирани се вкупно 11 смртни случаи асоцирани со грип, на возраст од 5 до 86 години. Кај 10 лица е утврден коморбидитет.

Во однос на дистрибуцијата на заболените по возрасни групи, кумулативно најголем број на заболени се пријавени во возрасната група од 15-64 години – 9.628 (63,3%), а највисока кумулативна инциденца од 1.452,8/100.000 се регистрира кај најмладите – децата од возрасната група од 0-4 години (Табела 1 во Прилог).

Најголем број од пријавените случи се регистрирани во февруари – 11.076 заболени или 72,9% (Графикон 4) (Табела 1 во Прилог).

Графикон 4.  Дистрибуција на случаите сезонски грип по месец на пријавување, сезона 2018/2019

 grip 9 slika 5

 ВИРУСОЛОШКИ НАДЗОР

Од почетокот на сезоната 2018/2019, во Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ, пристигнати се вкупно 544 материјали од амбулантски и болнички лекувани пациенти од редовниот и од сентинел надзорот. Од пристигнатите материјали, 293 (53,9%) се позитивни за присуство на вирусот на инфлуенца, сите инфлуенца А. Според субтипот 231 (78,8%) се Influenza A(H1)pdm, 33 (11,3%) се Influenza A(H3), а 29 (9,9%) се Influenza А несуптипизиран (Графикон 5).

Графикон 5.  Неделна дистрибуција на број и процент на позитивни примероци на грип 2018/2019

 grip 9 slika 6

ЕПИДЕМИОЛОШКИ КОМЕНТАР

Регистрираната инциденца од грип/заболувања слични на грип го достигна пикот во 8-та недела, а во 9-та недела инциденцата е намалена за 16,5%. Процентот на позитивни резултати добиени од вирусолошкиот надзор оваа недела е 55% и укажува на одржување на висока активност на вирусот на грип. Во позитивните примероци, доминира вирусот на инфлуенца – Influenza A(H1)pdm, а ко-циркулира и Influenza А(H3). Оваа сезона се одликува со задоцнет старт и висока вирулентност на вирусот на грип со голем број на пријавени сериозни респираторни инфекции и смртни исходи асоцирани со грип. Во наредниот период се очекува постепено намалување на активноста, но со висока вирулентност на вирусот на грип.

ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП

Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување, затоа Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација на целото население, особено за лица кои припаѓаат на ризични групи (согласно препораките на СЗО).

Според податоците добиени од Управата за електронско здравство, вакцинирани се вкупно 19.992 лица со бесплатни вакцини против сезонски грип (лица постари од 65 години со просечна, потпросечна пензија или без примања), односно 71,4% од вкупниот број на набавени вакцини.

Во однос на комерцијалните вакцини, согласно достапните податоци од ЦЈЗ/ПЕ, вакцинирани се 19.348 лица заклучно со 9-та недела на територијата на целата држава. Најголем број од вакцинираните се на возраст над 65 години – 10.977 лица (56,7%). Од категоријата на здравствени работници, вакцинирано е 801 лице. Од вкупниот број вакцинирани, 14.111 лица (72,9%) се со историја на хронично/и заболување/а.

Согласно податоците од почетокот на сезоната, во ПЗУ, вакцинирани се вкупно 50 лица. Најголем дел од вакцинираните се во возрасната група од 30-64 години. Од вкупниот број на вакцинирани лица, 38,0% се со историја на хронично/и заболување/а.

 

ЕВРОПСКИ РЕГИОН

Согласно извештајот на Flu News Europe (за 8 недела/2019) за состојбата со грип во сезоната 2018/2019, во Европскиот регион се регистрира широка географска распространетост во најголем дел од земјите.

Оваа недела, позитивни се 49% (53% во минатата недела) од тестираните од сентинел надзорите во земјите кои пријавуваат до TESSy системот на ECDC.

Во досегашниот период од оваа сезона, во сентинел надзорот предоминира инфлуенца А со 99,1%, со заедничка циркулација на A(H1N1)pdm09 и A(H3N2).

Од примероците од редовниот надзор, околу две третини од позитивните се A(H1N1) pdm09.

Повеќето од хоспитализираните лабораториски потврдени инфекции со инфлуенца се поврзани со A(H1N1)pdm09 и се кај лица на возраст од 15-64 години.

Доминантните вируси кои циркулираат – A(H1N1)pdm09 и A(H3N2) се совпаѓаат со компонентите на вакцината, иако досега мал дел од нив се генетски и антигенски карактеризирани.

Податоците од земјите-членки кои известуваат до EuroMOMO покажаа дека смртноста од сите причини е во рамките на очекуваното ниво за ова време од годината.

 

 

Сектор за контрола и превенција на заразни заболувања

Институт за јавно здравје на Република Македонија