Институтот за јавно здравје на РМ ја информира јавноста дека учествува во спроведувањето на мониторингот на резидуи на пестициди во зеленчук, овошје и нивни производи, при што мострите за анализа се доставуваат од надлежните инспекциски служби, кои ги земаат од различни региони низ целата Република. Носител на програмата е Агенцијата за храна и ветеринарство.
Во текот на 2013 година се доставени и во лабораториите на ИЈЗРМ се анализирани 200 мостри. При тоа не се најдени резидуи на пестициди над граничните вредности. Мострите се анализирани и за хлорпирифос метил и не се утрвдени концентрации над граничната вредност.
Институтот за јавно здравје на РМ ја информира јавноста дека корнишоните и грозјето кои се поништени пред влезот во други земји заради наод на резидуи не се тестирани во лабораториите на Институтот за јавно здравје на Република Македонија.
По поништувањето на корнишоните во Хрватска Фитосанитарната инспекција достави три мостри на корнишони земени од оранжериите во Јужна Македонија. Во тие мостри не се дектирани резидуи на хлорпирифос метил.
Лаборатриската контрола на резидуи на пестициди е дел од контролата на бебзеднсота на храната, но не можеме секој еден производ на пазарот и маркетите прво лабораториски да го испитуваме, па после тоа да го пуштиме во промет. Затоа превенцијата на резидуи на пестициди во производите од растително потекло започнува уште на нивата или оранжериите, преку примена на добра земјоделска пракса, соодветна едукација на земјоделците, строга контрола над примената на пестицидите.
Пестицидите како една широка група на хемикалии со различен хемиски состав имаат различни здрвствени ефекти врз здравјето на луѓето, во зависност од дозата која ќе биде внесена во човековиот организам. Концетрациите на пестицидите кои ги внесуваме преку храната се концетрации кои ќе предизвикаат кумултативни ефекти, за кои често пати не можеме да воспоставиме јасна корелација дека се поврзани токму со експозицијата на пестициди преку храната.