На 9 јуни се одбележува Светскиот ден на акредитацијата и по тој повод Институтот за акредитација на Република Северна Македонија (ИАРСМ) приреди пригодна свеченост.

Оваа година одбележувањето на денот на акредитацијата беше под мотото: Поддршка на иднината на глобалната трговија.

На настанот, на Институтот за јавно здравје официјално му беше доделен сертификатот за реакредитација на лабораториите за тестирање.

Дополнително, на нашата институција и беше врачена и Плакета во знак на благодарност за долгогодишната соработка со ИАРСМ, како и заслужено признание како една од институциите кои беа предводници во имплементација на акредитацијата во државата на самите почетоци.

IMG_1787

 

IMG_1788

 

 

 

IMG_1786