„Се работи за нашата иднина – Ајде заедно да одиме напред“
Светскиот ден на миење раце е ден за промоција за миење на раце со сапун како лесен, ефикасен и достапен начин за спречување на болести и спасување животи.
Од 2008 година па наваму, е широко прифатен и одбележуван ширум светот од влади, училишта, меѓународни институции, граѓански организации, невладини организации, приватни компании, поединци и многу повеќе.
На пример, УНИЦЕФ, се труди да создаде;
- Предводење на напорите од страна на владите за да се изработат национални патокази за држави.
- Зајакнати локални синџири за снабдување за да се обезбедат одржливи и достапни решенија за хигиена на рацете.
- Зголемена поддршка од развојните агенции и учесниците за поддршка на владите во нивните програми за хигиена на рацете.
Лесно е миењето на раце со сапун!
Секој може да се заштити себеси, своите семејства и своите заедници преку миење раце со сапун. Иако бара малку средства – сапун и мала количина вода – придобивките се значајни.
Ефективно е миењето на раце со сапун!
Кога миењето раце со сапун се практикува редовно и во клучни времиња, како највпечатливи примери би ги издвоиле после употреба на тоалет или пред контакт со храна, може драматично да го намали ризикот од дијареа и пневмонија кои може да предизвикат сериозни здравствени компликации и смрт. Миењето раце со сапун, исто така, помага да се спречи ширењето на други инфекции, вклучувајќи грип, КОВИД-19 и низа други заразни заболувања.
Миењето на раце со сапун е прифатливо!
Денес и најсиромашните светски домаќинства имаат пристап до сапун. Но, трошоците не се главната бариера за миење раце со сапун, за жал, главна улога играат личните навики .
Повеќето поединци ширум светот можат да си дозволат повеќенаменски сапуни, или детергент за да направат вода со сапуница. Многу домаќинства кои имаат пристап до сапун често го користат за перење, миење садови или капење, наместо за миење раце. Инвестициите во промоција на миење раце се многу економични и можат да ги зголемат здравствените придобивки од други интервенции – од пристап до чиста вода и санитарна инфраструктура до промоција на исхраната.
Светски ден на миење на рацете