СВЕТСКИ ДЕН НА СЕЌАВАЊЕ
ЗА ЖРТВИТЕ ВО СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА
ПЕТОК 13ТИ НОЕМВРИ 2020 – 14 ЧАСОТ
Регистрирајте се на: : http://www.bit.ly/wdoremembrance
СЗО срдечно Ве поканува да се придружите на Глобалното одбележување на Светскиот ден на сеќавање за жртвите во сообраќајот на патиштата за да ги слушнете личните сведоштва од семејствата на жртвите на несреќите во сообраќајот и лицата кои први одговориле; изјавите од познати лица и уметничка интерпрентација на темата „Запомни, Помогни, Дејствувај“. За регистрација посетете ја: http://www.bit.ly/wdoremembrance
Со мандат од Резолуцијата на Генералното Собрание на ОН во 2005 година, земјите-членки повикаа на Светскиот ден за сеќавање на жртвите во сообраќајот на патиштата, како „соодветно признание за жртвите на сообраќајните несреќи и за нивните семејства“. Годишниот Светски ден за сеќавањем, обезбедува глобална платформа за да се запаметат загинатите или сериозно повредените на патиштата во светот; да се истакне потребата за посоодветен и поправеден одговор по несреќата за жртвите и нивните ужалени семејства; и да се признаат напорите за спасување на животи на службите за брза помош. Оваа година Глобалното одбележување се состои од:
„Ги повикуваме сите да запомнат, поддржат и да дејствуваат“. рече генералниот директор на СЗО, Dr Tedros Adhanom Ghebreyesus. „Запомнете ги загубените животи и повредите што ги менуваат животите, што се случуваат на патиштата во светот секоја година. Поддржете ги оние кои трпат долготрајни последици од физичката и психолошката траума што ја претрпеле, како и нивните ужалени семејства. И дејствувајте за да спречите такви трагедии денес “. Последниот во низата извештаи на СЗО за глобалниот статус за безбедноста на патиштата, покажува дека несреќите во сообраќајот на патиштата одземаат животи на околу 1,35 милиони луѓе годишно. Повеќе од една четвртина од овие смртни случаи се пешаци и велосипедисти. Повредите во сообраќајот на патиштата, сега се водечки убиец на деца и млади на возраст од 5-29 години. Повеќе милиони луѓе се сериозно повредени и се соочуваат со можност за долготрајни последици од физичката и психолошката траума што ја претрпеле. Во август 2020 година, новата Резолуција на Генералното собрание на ОН ја прокламираше Втората декада за акција за безбедност на патиштата 2021-2030 година, со амбициозна цел за превенција на најмалку 50% од смртните случаи и повредите на сообраќајот на патиштата. СЗО и регионалните комисии на ОН, во соработка со членовите на Советот за безбедност на патиштата на ОН, започнаа процес за развој на план за акција за Втората декада. За да се генерира политичка волја, да се даде приоритет на безбедноста на патиштата, Резолуцијата ја одразува и одлуката на Генералното собрание на ОН да се свика состанок на високо ниво најдоцна до крајот на 2022 година. Покрај тоа, Резолуцијата ја одобрува Декларацијата од Стокхолм, усвоена за време на Третата глобална министерска конференција за безбедност на патиштата во февруари 2020 година; ги охрабрува владите да спроведат активности за поддршка за постигнување на 12-те глобални цели на ефикасноста на безбедноста во сообраќајот на патиштата; и се залага за политики за промоција на пешачење, возење велосипед и користење јавен превоз како природно здрави и еколошки докажани начини на транспорт. Освен што служи како ден за евоцирање на сеќавањата на оние чии животи се изгубени и препознавање на страдањата на оние кои се сериозно повредени, Светскиот ден за сеќавање нуди можност да повика на забрзана акција за подобрување на безбедноста на патиштата и да се посвети на спроведување на акции кои се успешни за спасување на животи на патиштата во светот. |
|
|