Главен проблем со кој се соочуваат повеќето земји во светот, во оваа фаза на пандемија со КОВИД-19, е слабата вакцинација на населението, недоволна за да се запре ширењето на вирусот и да се врати животот во нормала. За да дојде до тоа потребна е имунизација на населението. Досега се сметаше дека децата и младите не страдаат од тежок облик на КОВИД-19, но тоа е погрешно.

Делта сојот веќе ги афектира младите меѓутоа заради тоа што не се вакцинирани, а не заради тоа што се млади. Не дека не ги напаѓа старите. Во земјите каде што има вакцина, па и кај нас, повеќето млади не се вакцинирани и тоа е причината поради која се јавува почесто кај младите. Проаѓа како настинка и заради тоа смртноста која инаку би била можеби иста како за британскиот сој е многу пониска, дури десет пати пониска, бидејќи кај младите поминува многу полесно. Заради тоа нема хоспитализации и смртни случаи. Има многу нови случаи, меѓутоа бидејќи се повеќето млади, нема сериозни клинички слики на болеста. Па, оттука се поставува прашањето:     

Зарем не е доволно да се вакцинираат возрасните за да се заштитат младите, преку колективен имунитет?

–  Претпоставката дека младите можат да бидат заштитени од КОВИД-19 со вакцинирање само на возрасните е погрешна. Статистички гледано, процентот на деца и млади во светската популација е превисок за да се постигне колективен имунитет само преку имунизација на возрасните.

Поради ова потребна е поорганизирана кампања за да се разбуди свеста кај младите.Тие се поинакви, во поинаква ситуација. Затоа луѓето кои ја организираат вакцинацијата треба да ги анимираат. Критичарите имаат обичај да кажат дека младите, освен тоа што мислат дека се „неуништливи“ и ја потценуваат опасноста, покажуваат и голема себичност. Без вакцинирање, велат стручњаците, токму младото население ќе заболува од Делта-сојот, а потоа ќе го пренесува меѓу постарите и меѓу оние со кревко здравје. Но, ако премногу ги критикувате, ќе добиете само спротивен ефект. Има многу малку ,,себични’’ кои никако не сакаат да се вакцинираат, но, има многу неодлучни млади кои слушаат дека има несакани ефекти од вакцината, па затоа не сакаат да ризикуваат. Младите наведуваат дека најчестите причини за нивната колебливост се тоа што сакаат да се уверат дека вакцината е безбедна, дека навистина нуди имунитет.

Откако новите ковид мерки од неодамна стапија на сила, на поголем дел од младите им беше оневозможен влез во кафулиња, угостителски објекти, културни настани, бидејќи се уште немаат сертификат за вакцинација, потврда за примена прва доза или сертификат за прележан КОВИД-19. Дали и како младите ја оценуваат оваа ковид мерка на Владата? Што планираат? Еве што одговорија некои од нив.

  • Што мислиш дали младите луѓе главно се вакцинираат за заштита или пак за патување, слободно движење, образование во странство и слично?
  • Пр.1: Мислам дека повеќето од младите се вакцинираат и веќе се вакцинираа поради слободно движење во и надвор од државата. Но, исто така многу млади се вакцинираат од страв за понатамошниот јавен и социјален живот ако не ја примат вакцината: пример за влез во јавни установи, образовни установи, угостителски објекти, здравствени установи, итн.
  • Пр.2: И тоа и тоа. Има млади луѓе кои се вакцинираат прво поради здравје, а потоа за сė останато. Но би можел да кажам дека поголемиот број на млади се вакцинирани со цел да се вратат на својот нормален живот – дали е тоа студирање тука или во странство, поголема дружба со своите пријатели без страв или за да седнат во кафана/кафич.

 

  • Причини за одбивање или одложување на вакцинацијата кај младите
  1. Вакцините се премногу брзо развиени.
  2. Вакцините не се тестирани доволно добро.
  3. Некои вакцини имаат сериозни несакани ефекти кои не беа забележани на испитувањата.
  4. Планирам бременост, но се појавија информации дека вакцината предизвикува неплодност и кај мажи и кај жени.

  Но, тоа не е точно затоа што во тој случај, самиот вирус „САРС-КоВ-2“, кој го има истиот „С“ протеин на површината, би предизвикал неплодност, за што нема потврда. Милиони жени во светот досега заболеле од КОВИД-19 и нема докази дека тоа предизвикало неплодност кај некои од нив.

  1. Вакцинираните лица исто така можат да се заразат и да го пренесат вирусот. Тогаш, која е целта на вакцината?

Но, дури и да се заразат вакцинирани, истражувањата откриле дека тие ја пренесуваат инфекцијата за 40% до 50% помалку од невакцинираните. Имено, во телото на вакцинирана личност, вирусите ќе бидат потешки за репродукција, бидејќи антителата ќе им го отежнат влегувањето и размножувањето во клетките, а имунолошкиот систем исто така ќе ги уништи клетките кои се веќе заразени. Тоа исто така значи дека таквата личност ќе има помалку изразени симптоми како кашлање и кивање и ќе ослободува помалку вируси (ширење на вирусот) во околината со дишење и ќе биде помалку заразна за луѓето без имунитет.

  1. Сега не ми треба вакцина, ќе се вакцинирам кога ќе ми биде потребна затоа што заштитата трае само одреден период.

Некои, особено помладите, пресметуваат дека моментално не им треба вакцината. Епидемиолошката состојба во некои земји е сè уште добра, тие претежно го минуваат времето дома, кога излегуваат, се грижат за себе и немаат контакт со голем број луѓе. Таквите луѓе често ја одложуваат вакцинацијата со пресметка дека ќе го сторат тоа кога ќе им треба заради патувања или пред да се вратат на работа. Таквото размислување може да изгледа мудро, но треба да се имаат предвид неколку работи. Како прво, како што веќе споменавме, вакцините заштитуваат подобро, поизбалансирано и подолго од заболување, со помал ризик за сите возрасни групи од ризик од заболување. Исто така, треба да се има предвид дека е скоро бесмислено да се смета на фактот дека е можно да се избегне инфекција со доминација на екстремно заразената делта варијанта. Порано или подоцна, сите ќе бидат изложени на вирусот доколку не се постигне колективен имунитет, и во моментов се чини како невозможна мисија.

  1. Јас сум млад, не ми треба вакцина.

Многу млади сметаат дека вакцинацијата не им е неопходна затоа што повеќето млади ја надминуваат короната без сериозни симптоми, ретко завршуваат во болници, па дури и поретко умираат. Ако сите постари членови на семејството биле вакцинирани, се чини дека нема силна причина да бидат вакцинирани. Бидејќи постариот дел од популацијата е заштитен со вакцинација, а младите се повеќе се ослободуваат за дружење, меѓу болните има сè повеќе млади луѓе. Помладите возрасни лица кои завршуваат во болница со КОВИД-19 се скоро подеднакво склони кон компликации како и луѓето постари од 50 години. Имено, дури 4 на секои 10 лица на возраст меѓу 19 и 49 години кои завршиле во болница, развиле проблеми со бубрезите, белите дробови или други органи. Треба да се каже дека нивната вакцинација е всушност поважна за да се заштитат постарите лица и генерално за да се запре циркулацијата на вирусот отколку да се заштитат себе си.

  • Ефикасност на вакцината

Бидејќи милиони луѓе ширум светот се вакцинирани, подобро разбираме колку добро вакцините нè заштитуваат. Следните информации се засновани врз најнови истражувања, вклучително истражувањата во заедниците во кои голем број луѓе добиле вакцина против КОВИД-19.

  • Сите вакцини против КОВИД-19 се одобрени за користење, беа проверени дека се безбедни и ефикасни.
  • За луѓето кои се целосно вакцинирани е значително помалку веројатно да бидат заразени со КОВИД-19, да пренесат КОВИД-19 или да станат многу болни и да треба да бидат хоспитализирани.
  • Дури и една доза на вакцина против КОВИД-19 може да даде значителна заштита.

 

  • Зошто треба да се вакцинирате

Вакцинацијата против КОВИД-19:

  • Го намалува ризикот да заболите од КОВИД -19
  • Ве заштитува да не станете многу болни ако добиете КОВИД -19
  • Помага да бидат заштитени вашите пријатели, семејството и заедницата.
  • Ако мнозинството луѓе се вакцинираат, вирусот на КОВИД-19 не може лесно да се шири. Тоа исто така ги заштитува луѓето кои не можат да бидат вакцинирани.
  • Вакцините го зајакнуваат вашиот имунолошки систем така што го обучуваат системот брзо да запамети конкретни микроби и да се бори против нив.

 

  • Последици од не вакцинирање

 

  • Го зголемува ризикот да заболите од КОВИД-19.
  • Вашето здравје е под ризик.
  • Ги доведувате во опасност и постарите лица.
  • Намалена е социјализацијата.

  Младите се најголем ризик фактор од пренесување и тие треба да се вакцинираат бидејќи преку дружење може да го шират вирусот кој е многу позаразен и тешко се распознава зашто личи на потешка настинка. Затоа  е потребно да се вакцинираат и младите бидејќи кога некој ќе се разболи, тогаш е доцна да ја научи лекцијата“.

 

  • Кога ќе решиме да се вакцинираме, се заштитуваме не само себе и своите најблиски, туку и придонесуваме за побезбедна заедница и поздрава иднина за сите.