Состојба со COVID-19 во Северна Македонија и светот
СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 14.09-20.09.2020
Тестирани се вкупно 9.661 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, зголемување од 15.7% во однос на минатата недела. Регистриран e 951 нов позитивен случај од 29 градови во државата (Табела 1) со зголемување од 34,9% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=261; 27,4%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кочани – 154,3/100.000 (Картограм 1).
Табела 1. Дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 14.09-20.09.2020
ЦЈЗ/ПЕ | Број на заболени | Починати |
Скопје | 261 | 7 |
Куманово | 92 | 4 |
Тетово | 76 | 3 |
Кочани | 74 | 2 |
Струмица | 72 | 6 |
Прилеп | 56 | 3 |
Гостивар | 51 | 4 |
Штип | 27 | 3 |
Битола | 27 | 2 |
Кичево | 21 | 1 |
Велес | 21 | 1 |
Струга | 20 | 5 |
Радовиш | 19 | |
Гевгелија | 18 | |
Делчево* | 19 | 3 |
Кавадарци | 13 | |
Крива Паланка | 13 | 1 |
Берово | 11 | |
Охрид | 11 | |
Дебар | 8 | 1 |
Пробиштип | 7 | |
Свети Николе | 7 | 1 |
Ресен | 7 | |
Македонски Брод | 7 | |
Валандово | 6 | |
Виница | 4 | 1 |
Крушево | 2 | |
Демир Хисар | 1 | |
Вкупно | 951 | 48 |
* 3 случаи од Македонска Каменица
Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, 14.09-20.09.2020, Р.С. Македонија
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=213, 22,4%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (n=176; 18,5%), 30-39 (n=173; 18,2%), 40-49 (n=149; 15,7%) и 20-29 (n=147; 15,5%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=37; 3,9%) и 10-19 години (n=56; 5,9%).
Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 446 (46,9%) лица од женски и 505 (53,1%) од машки пол.
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=907; 95,4%), регистрирани се 80 (8,4%) хоспитализирани (намалување од 37,0% во споредба со минатата недела), а кај 268 (28,2%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.
Од вкупниот број на нови случаи, 313 (32,9%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 33 лица со историја на патување (во последни 14 дена).
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 636 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.
Пријавени се 48 смртни случаи од 17 градови (Табела 1), зголемување од 77,8% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 32 лица биле над 60 години, 8 на возраст од 50-59, 4 од 40-49 години, 3 од 20-29 и еден случај од 30-39 години. Од починатите 42 лица биле хоспитализирани. Коморбидитети се регистрирани кај 35 починати лица.
КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Заклучно со 20.09.2020, пријавени се вкупно 16.779 случаи на COVID-19 (I=810,9/100.000).
Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 35 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел регистрирани во Скопје, Куманово, Тетово и Штип, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Штип, Дебар, Куманово, Македонски Брод, Тетово, Скопје и Гостивар. Од градовите каде што е регистриран поголем број на случаи највисок леталитет се регистрира во Струга (Табела 2).
Табела 2. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 2020
Дистрибуција по ЦЈЗ/ПЕ | Вкупно | Инциденца /100 000 | Умрени (вкупно) | Морталитет/100 000 | Леталитет |
Вкупно | 16.779 | 810,9 | 701 | 33,9 | 4,2% |
Скопје | 6584 | 1066.0 | 257 | 41.6 | 3.9% |
Куманово | 1698 | 1190.0 | 68 | 47.7 | 4.0% |
Тетово | 1381 | 691.3 | 84 | 42.1 | 6.1% |
Штип | 1232 | 2339.0 | 27 | 51.3 | 2.2% |
Гостивар | 907 | 757.3 | 48 | 40.1 | 5.3% |
Струга | 647 | 953.6 | 58 | 85.5 | 9.0% |
Прилеп | 618 | 648.4 | 37 | 38.8 | 6.0% |
Охрид | 405 | 721.8 | 18 | 32.1 | 4.4% |
Свети Николе | 316 | 1540.6 | 2 | 9.8 | 0.6% |
Кичево | 311 | 544.2 | 15 | 26.2 | 4.8% |
Велес | 309 | 466.4 | 15 | 22.6 | 4.9% |
Дебар | 276 | 994.4 | 14 | 50.4 | 5.1% |
Битола | 272 | 266.9 | 8 | 7.8 | 2.9% |
Кочани | 264 | 550.3 | 6 | 12.5 | 2.3% |
Кавадарци | 215 | 499.6 | 2 | 4.6 | 0.9% |
Струмица | 175 | 184.8 | 10 | 10.6 | 5.7% |
Ресен | 160 | 978.5 | 5 | 30.6 | 3.1% |
Делчево*** | 145 | 603.1 | 6 | 25.0 | 4.1% |
Гевгелија** | 107 | 311.1 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Пробиштип | 104 | 679.7 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Виница | 98 | 504.5 | 3 | 15.4 | 3.1% |
Крива Паланка | 96 | 401.4 | 3 | 12.5 | 3.1% |
Македонски Брод | 91 | 812.7 | 5 | 44.7 | 5.5% |
Берово | 84 | 646.0 | 2 | 15.4 | 2.4% |
Радовиш | 71 | 217.7 | 2 | 6.1 | 2.8% |
Демир Хисар | 61 | 728.2 | 2 | 23.9 | 3.3% |
Неготино* | 49 | 208.8 | 2 | 8.5 | 4.1% |
Пехчево | 42 | 841.2 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Кратово | 24 | 250.8 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Крушево | 20 | 209.9 | 2 | 21.0 | 10.0% |
Валандово | 17 | 143.4 | 0 | 0.0 | 0.0% |
*11 лица се од Демир Капија **8 лица се од Дојран, 14 од Богданци, 12 странски државјани ***30 случаи се од Македонска Каменица
Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Штип со 2.339,0 на 100.000 жители, Свети Николе (1.540,6/100.000), Куманово (1.190,0/100.000) и Скопје (1.066,0/100.000) , додека инциденца со над 500 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Дебар, Ресен, Струга, Пехчево, Македонски Брод, Гостивар, Демир Хисар, Охрид, Тетово, Пробиштип, Прилеп, Берово, Делчево, Кочани, Кичево и Виница (Табела 2, Картограм 2).
Картограм 2. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија
Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 8.524 машки и 8.255 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 822,4/100.000, додека кај женските 799,4/100.000.
Возраста на заболените се движи од 0 до 99 години (просек – 44,2 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 3.714 (22,1%) со инциденца од 969,0/100.000, а највисока специфична инциденца од 1121,4/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (3.118 заболени). Најниска инциденца од 256,5 и 324,1 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 587 и 811 случаи соодветно (Графикон 1).
Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=16.779)
Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=243) е регистриран на 17.07.2020 (Графикон 2).
Графикон 2. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=16.779)
Од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Пикот е достигнат во 28-мата недела (n=1.074) (Графикон 3).
Графикон 3. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, 2020 година (n=16.779)
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=16.715; 99,6%), 19,1% (n=3.206) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите биле/се на домашно лекување, асимптоматски или со полесна клиничка слика.
Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, ИБЗД Козле, Клинички болници Штип, Тетово и Битола, Општи болници Прилеп, Куманово, Охрид, Гостивар, Струга, Струмица, Велес, УК за гинекологија и акушерство и Клиника на Аџибадем Систина и Zhan Mitrev Clinic), моментално се хоспитализирани 326 лица, а од нив 84 се на кислородна поддршка и 12 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.
Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (65,6%), малаксаност (42,9%), кашлица (38,6%), главоболка (15,4%), болка во грло (14,9%), ослабен осет за мирис и/или вкус (11,7%), треска (11,5%) и отежнато дишење (10,7%).
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=16.715; 99,6%), кај 4.321 или 25,8% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=16.715; 99,6%), пријавени се 148 (0,9%) случаи кај бремени жени, од кои 40 биле хоспитализирани во текот на болеста. Шеесет и три од регистрираните се асимптоматски случаи.
Во однос на коморбидитети, од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=16.715; 99,6%), кај 5.032 (30,0%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 3.482 лица имаат кардиоваскуларна болест, 1.377 дијабет, 720 се со хронична белодробна болест и 917 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 1.893 (59,0%) се присутни коморбидитети.
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=16.715; 99,6%), регистрирани се 926 (5,5%) случај на заболување меѓу здравствени работници.
Регистрирани се 701 смртен случај (Лт = 4,2%). Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 19.06.2020 и 27.06.2020 година (n=12), а според недела на пријавување во тек на 25-тата недела (n=54) (Графикон 4). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=507) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 132,3/100.000 жители. Регистрирани се 440 смртни случаи кај лица од машки и 261 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 561 (80,0%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=423), дијабет (n=199) и белодробна болест (n=102). Регистрирани се три смртни случаи кај бремени жени и шест смртни случаи кај здравствени работници. Четириесет и девет (6,7%) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а останатите 652 (93,0%) починале за време на хоспитализација.
Графикон 4. Дистрибуција на смртни случаи од COVID-19 во С. Македонија според дата на смрт, 2020 година (n=701)
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=16.715; 99,6%), 423 (2,5%) се импортирани, од нив 8 лица се детектирани на точка на влез, а последниот импортиран случај е регистриран на 20.09.2020. Вкупно 6.921 лица (41,2%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.
Од 15.02.2020 до 20.09.2020 тестирани се вкупно 176.010 материјали (детектирани 16.779 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Табела 3). Со ова во Р. С. Македонија се направени 85.066 тестови на 1.000.000 жители.
Табела 3. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=176.017)*
Кумулативен број на тестови | Вкупно тестови | Вкупно позитивни | Тестови скрининг | Позитивни скрининг | Тестови рутина | Позитивни рутина |
ВКУПНО | 176.017 | 16.779 | 4.982 | 24 | 171.035 | 16.755 |
ИЈЗ – Вирусологија | 75.807 | 9.188 | 3.226 | 22 | 72.581 | 9.166 |
ЦЈЗ Скопје | 2.416 | 283 | 0 | 0 | 2.416 | 283 |
Авицена | 16.473 | 1.233 | 0 | 0 | 16.473 | 1.233 |
Биотек | 17.364 | 830 | 0 | 0 | 17.364 | 830 |
Жан Митрев Клиника | 23.285 | 1.542 | 0 | 0 | 23.285 | 1.542 |
Систина | 18.455 | 873 | 0 | 0 | 18.455 | 873 |
Лаор | 1.581 | 89 | 0 | 0 | 1.581 | 89 |
МАНУ | 12.684 | 1.978 | 1.756 | 2 | 10.928 | 1.976 |
Ветеринарен Факултет | 755 | 81 | 0 | 0 | 755 | 81 |
Судска медицина | 610 | 7 | 0 | 0 | 610 | 7 |
ЦЈЗ Битола | 4.397 | 518 | 0 | 0 | 4.397 | 518 |
КИБФС | 957 | 117 | 0 | 0 | 957 | 117 |
ГАК | 915 | 29 | 0 | 0 | 915 | 29 |
*7 лица се лабораториски потврдени во странство
Според исходот од заболувањето, 2.129 лица (12,7%) се активни случаи, 13.949 случаи (83,1%) се водат како оздравени (846 од нив се здравствени работници и 121 се бремена жена), испишани од болница, со 2 негативни теста по домашното лекување или по новиот алгоритам (Табела 4, Графикон 5). Од случаите кои се водат како оздравени, 2.112 (15,9%) биле хоспитализирани додека останатите 11.736 (84,1%) биле на домашно лекување.
Графикон 5. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, 2020 година (n=16.779)
Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=16.779)
Дистрибуција по град | Болест во тек | Оздравен | Смртен исход | Вкупно |
Скопје | 584 | 5.744 | 257 | 6.585 |
Куманово | 206 | 1.423 | 68 | 1.697 |
Тетово | 173 | 1.124 | 84 | 1.381 |
Штип | 63 | 1.142 | 27 | 1.232 |
Гостивар | 110 | 749 | 48 | 907 |
Струга | 62 | 527 | 58 | 647 |
Прилеп | 131 | 450 | 37 | 618 |
Охрид | 47 | 340 | 18 | 405 |
Свети Николе | 19 | 295 | 2 | 316 |
Кичево | 38 | 258 | 15 | 311 |
Велес | 36 | 258 | 15 | 309 |
Дебар | 36 | 226 | 14 | 276 |
Битола | 64 | 200 | 8 | 272 |
Кочани | 104 | 154 | 6 | 264 |
Кавадарци | 33 | 180 | 2 | 215 |
Струмица | 106 | 59 | 10 | 175 |
Ресен | 13 | 142 | 5 | 160 |
Делчево | 65 | 44 | 6 | 115 |
Пробиштип | 22 | 82 | 104 | |
Виница | 24 | 71 | 3 | 98 |
Крива Паланка | 31 | 62 | 3 | 96 |
Македонски Брод | 12 | 74 | 5 | 91 |
Гевгелија | 54 | 31 | 85 | |
Берово | 26 | 56 | 2 | 84 |
Радовиш | 23 | 46 | 2 | 71 |
Демир Хисар | 2 | 57 | 2 | 61 |
Пехчево | 11 | 31 | 42 | |
Неготино | 2 | 34 | 2 | 38 |
Македонска Каменица | 11 | 19 | 30 | |
Кратово | 4 | 20 | 24 | |
Крушево | 3 | 15 | 2 | 20 |
Валандово | 8 | 9 | 17 | |
Богданци | 5 | 9 | 14 | |
Демир Капија | 11 | 11 | ||
Дојран | 1 | 7 | 8 | |
ВКУПНО | 2.129 | 13.949 | 701 | 16.779 |
ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19
Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е висок.
Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:
- Скопје, Куманово и Кочани се во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
- Тетово, Струмица, Прилеп и Гостивар се во фаза 3 (локализирана трансмисија).
- Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи).
На Табела 5 е даден моментален приказ на активните случаи по општини во региони во кои се регистрира широко-распространета трансмисија во заедницата.
Табела 5. Активни случаи од COVID-19 по општини, Скопје, Куманово и Кочани (n=893)
Град/ општина | Активни случаи | Град/ општина | Активни случаи |
Скопје | 583 | Куманово | 206 |
Аеродром | 86 | Куманово | 200 |
Центар | 78 | Липково | 5 |
Гази Баба | 74 | Старо Нагоричане | 1 |
Карпош | 70 | Кочани | 104 |
Чаир | 64 | Кочани | 95 |
Кисела Вода | 52 | Чешиново – Облешево | 9 |
Ѓорче Петров | 37 | ||
Бутел | 33 | ||
Шуто Оризари | 17 | ||
Сарај | 16 | ||
Илинден | 15 | ||
Студеничани | 11 | ||
Арачиново | 9 | ||
странец | 6 | ||
Петровец | 6 | ||
Сопиште | 3 | ||
Чучер Сандево | 3 | ||
Зелениково | 2 | ||
нерапсределен | 1 |
СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ
Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 20.09.2020:
Број на потврдени случаи на глобално ниво – 30.675.675
Број на смртни случаи на глобално ниво – 954.417
- Регион на СЗО Америка
- Потврдени случаи – 15.466.584
- Смртни случаи – 837
- Регион на СЗО Југоисточна Азија
- Потврдени случаи – 6.462
- Смртни случаи – 700
- Европски Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 5.853
- Смртни случаи – 802
- Источно-Медитерански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 215.733
- Смртни случаи – 641
- Африкански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 1.397
- Смртни случаи – 757
- Регион на СЗО Западен Пацифик
- Потврдени случаи – 905
- Смртни случаи – 12.667
УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА
- За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на
http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/
- Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна
http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/
- За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија
http://www.iph.mk/korona-preporaki/
http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/
- Препораки како да се заштитите себе си
http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/
- Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на
http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/
- За упатства за здравствените работници
http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/
http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/
- Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19
http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/
- Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19
ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА
Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.
Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.
0800 002 03
Скопје, 21.09.2020
Оддел за епидемиологија на заразни болести
Институт за јавно здравје