Состојба со COVID-19 во Северна Македонија и светот

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 07.09-13.09.2020

Тестирани се вкупно 8.353 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, намалување од 14.2% во однос на минатата недела. Регистрирани сe вкупно 705 нови позитивни случаи од 33 градови во државата (Табела 1) со намалување од 10,8% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=202; 28,7%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Крива Паланка -96,2/100.000 (Картограм 1).

 

Табела 1.  Дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 07.09-13.09.2020

ЦЈЗ/ПЕ Број на заболени Починати
Скопје 202 2
Куманово 64
Тетово 51 3
Прилеп 37 4
Гостивар 36 3
Струга 34 4
Охрид 32 5
Кочани 30
Крива Паланка 23
Штип 23 1
Делчево* 23 1
Струмица 21 1
Битола 20
Гевгелија** 16
Виница 12
Кавадарци 12
Велес 10
Дебар 8 1
Свети Николе 8
Македонски Брод 7 1
Пробиштип 7
Ресен 6
Берово 5
Радовиш 5 1
Кичево 4
Пехчево 4
Валандово 2  
Неготино 1  
Кратово 1  
Крушево 1  
Вкупно 705 27

* 1 случаи од Македонска Каменица

** 1 случаи од Дојран, 3 случаи од Богданци

Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, 07.09-13.09.2020, Р.С. Македонија

map1

 

 

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапен е возраснита група на лица на возраст над 60 (n=173, 22,0%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 и 30-39 по (n=136; 19,3%), 40-49 (n=107; 15,2%) и 20-29 (n=98; 14,0%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=19; 2,7%) и 10-19 години (n=36; 5,1%).

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 328 (46,5%) лица од женски и 377 (53,5%) од машки пол.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=681; 96,6%), регистрирани се 127 (18,6%) хоспитализирани (намалување од 3,8% во споредба со минатата недела), а кај 227 (33,3%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Од вкупниот број на нови случаи, 221 (31,3%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 32 лица со историја на патување (во последни 14 дена).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 709 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Пријавени се 27 смртни случаи од 12 градови (Табела 1), зголемување од 35,0% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 19 лица биле над 60 години, 6 на возраст од 50-59 и два од 40-49 години.  Од починатите 25 лица биле хоспитализирани. Коморбидитети се регистрирани кај 23 починати лица.

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 13.09.2020, пријавени се вкупно 15.827 случаи на COVID-19 (I=764,9/100.000).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 35 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел регистрирани во Скопје, Куманово, Тетово и Штип, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Дебар, Куманово, Штип, Македонски Брод, Тетово и Скопје. Од градовите каде што е регистриран поголем број на случаи највисок леталитет се регистрира во Струга (Табела 2).

Табела 2. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 2020

Дистрибуција по ЦЈЗ/ПЕ Вкупно Инциденца /100 000 Умрени (вкупно) Морталитет/100 000 Леталитет
Вкупно 15.827 764,9 652 31,5 4,1%
Скопје 6.323 1.023,7 249 40,3 3,9%
Куманово 1.605 1.124,8 64 44,9 4,0%
Тетово 1.304 652,8 81 40,5 6,2%
Штип 1.205 2.287,7 24 45,6 2,0%
Гостивар 856 714,7 44 36,7 5,1%
Струга 627 924,1 53 78,1 8,5%
Прилеп 562 589,6 34 35,7 6,0%
Охрид 395 704,0 18 32,1 4,6%
Свети Николе 309 1.506,4 1 4,9 0,3%
Кичево 290 507,4 14 24,5 4,8%
Велес 288 434,7 14 21,1 4,9%
Дебар 268 965,6 13 46,8 4,9%
Битола 245 240,4 6 5,9 2,4%
Кавадарци 202 469,4 2 4,6 1,0%
Кочани 190 396,1 4 8,3 2,1%
Ресен 153 935,7 5 30,6 3,3%
Делчево*** 126 524,1 3 12,5 2,4%
Струмица 103 108,7 4 4,2 3,9%
Пробиштип 97 633,9 0 0,0 0,0%
Виница 94 483,9 2 10,3 2,1%
Гевгелија** 89 258,8 0 0,0 0,0%
Македонски Брод 84 750,2 5 44,7 6,0%
Крива Паланка 83 347,0 2 8,4 2,4%
Берово 73 561,4 2 15,4 2,7%
Демир Хисар 60 716,2 2 23,9 3,3%
Радовиш 52 159,5 2 6,1 3,8%
Неготино* 49 208,8 2 8,5 4,1%
Пехчево 42 841,2 0 0,0 0,0%
Кратово 24 250,8 0 0,0 0,0%
Крушево 18 188,9 2 21,0 11,1%
Валандово 11 92,8 0 0,0 0,0%

*11 лица се од Демир Капија  **8 лица се од Дојран, 14 од Богданци, 12 странски државјани ***27 случаи се од Македонска Каменица

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Штип  со 2.287,7 на 100.000 жители, Свети Николе (1.506,4/100.000), Куманово (1.124,8/100.000) и Скопје (1.023,7/100.000) , додека инциденца со над 500 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Дебар, Ресен, Струга, Пехчево, Македонски Брод, Демир Хисар, Гостивар, Охрид, Тетово, Пробиштип, Прилеп, Берово, Делчево и Кичево (Табела 2, Картограм 2).

Картограм 2. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија

map2

 

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 8.019 машки и 7.808 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 773,6/100.000, додека кај женските 756,1/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 99 години (просек – 44,2 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 3.501 (22,1%) со инциденца од 913,4/100.000, а највисока специфична инциденца од 1058,1/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (2.942 заболени). Најниска инциденца од 240,3 и 301,7 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 550 и 755 случаи соодветно (Графикон 1).

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=15.827)

graph1

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=243) е регистриран на 17.07.2020 (Графикон 2).

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=15.827)

graph2

Од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Пикот е достигнат во 28-мата недела (n=1.074) (Графикон 3).

Графикон 3.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, 2020 година (n=15.827)

graph3

 

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=15.793; 99,8%), 19,8% (n=3.124) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите биле/се на домашно лекување, асимптоматски или со полесна клиничка слика.

Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, ИБЗД Козле, Клинички болници Штип, Тетово и Битола, Општи болници Прилеп, Куманово, Охрид, Гостивар, Струга, Струмица, Велес, УК за гинекологија и акушерство и Систина), моментално се хоспитализирани 297 лица, а од нив 84 се на кислородна поддршка и 10 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (65,4%), малаксаност (42,3%), кашлица (38,7%), главоболка (15,2%), болка во грло (14,7%), ослабен осет за мирис и/или вкус (11,5%), треска (11,4%) и отежнато дишење (10,6%).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=15.793; 99,8%), кај 4.117 или 26,1% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=15.793; 99,8%), пријавени се 140 (0,9%) случаи кај бремени жени, од кои 40 биле хоспитализирани во текот на болеста. Шеесет од регистрираните се асимптоматски случаи.

Во однос на коморбидитети, од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=15.793; 99,8%), кај 4.756 (30,1%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 3.279 лица имаат кардиоваскуларна болест, 1.303 дијабет, 682 се со хронична белодробна болест и 878 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 1.834 (58,7%) се присутни коморбидитети.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=15.793; 99,8%), регистрирани се 891 (5,6%) случај на заболување меѓу здравствени работници.

Регистрирани се 652 смртни случаи (Лт = 4,1%).  Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 19.06.2020 и 27.06.2020 година (n=12), а според недела на пријавување во тек на 25-тата недела (n=54) (Графикон 4). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=474) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 123,7/100.000 жители. Регистрирани се 408 смртни случаи кај лица од машки и 244 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 525 (80,5%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=396), дијабет (n=187) и белодробна болест (n=97). Регистрирани се три смртни случаи кај бремени жени и шест смртни случаи кај здравствени работници. Четириесет и четири (6,7%) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а останатите 608 (93,3%) починале за време на хоспитализација.

Графикон 4.  Дистрибуција на смртни случаи од COVID-19 во С. Македонија според дата на смрт, 2020 година (n=652)

graph4

 

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=15.793; 99,8%), 390 (2,5%) се импортирани, од нив 8 лица се детектирани на точка на влез, а последниот импортиран случај е регистриран на 12.09.2020. Вкупно 6.614 лица (41,9%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

Од 15.02.2020 до 13.09.2020 тестирани се вкупно 166.349 материјали (детектирани 15.827 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Табела 3). Со ова во Р. С. Македонија се направени 80.397 тестови на 1.000.000 жители.

Табела 3. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=166.356)*

Кумулативен број на тестови Вкупно тестови Вкупно позитивни Тестови скрининг Позитивни скрининг Тестови рутина Позитивни рутина
ВКУПНО 166.356 15.827 4.982 24 161.374 15.803
ИЈЗ – Вирусологија 73.040 8.722 3.226 22 69.814 8.700
ЦЈЗ Скопје 2.121 248 0 0 2.121 248
Авицена 14.712 1.153 0 0 14.712 1.153
Биотек 16.447 788 0 0 16.447 788
Жан Митрев Клиника 22.201 1.458 0 0 22.201 1.458
Систина 17.385 819 0 0 17.385 819
Лаор 1.247 67 0 0 1.247 67
МАНУ 12.084 1.872 1.756 2 10.328 1.870
Ветеринарен Факултет 755 81 0 0 755 81
Судска медицина 564 7 0 0 564 7
ЦЈЗ Битола 4.055 465 0 0 4.055 465
КИБФС 914 112 0 0 914 112
ГАК 824 28 0 0 824 28

*7 лица се лабораториски потврдени во странство

Според исходот од заболувањето, 1.858 лица (11,7%) се активни случаи, 13.317 случаи (84,1%) се водат како оздравени (817 од нив се здравствени работници и 119 се бремени жени), испишани од болница, со 2 негативни теста по домашното лекување или по новиот алгоритам (Табела 4, Графикон 5). Од случаите кои се водат како оздравени, 2.112 (15,9%) биле хоспитализирани додека останатите 11.205 (84,1%) биле на домашно лекување.

Графикон 5.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, 2020 година (n=15.827)

graph5

Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=15.827)

Дистрибуција по град Болест во тек Оздравен Смртен исход Вкупно
Скопје 535 5.539 249 6.323
Куманово 191 1.350 64 1.605
Тетово 118 1.106 81 1.305
Штип 72 1.109 24 1.205
Гостивар 93 719 44 856
Струга 63 511 53 627
Прилеп 133 395 34 562
Охрид 57 319 18 394
Свети Николе 19 289 1 309
Кичево 29 247 14 290
Велес 18 256 14 288
Дебар 35 220 13 268
Битола 47 192 6 245
Кавадарци 30 170 2 202
Кочани 54 132 4 190
Ресен 6 142 5 153
Струмица 44 55 4 103
Делчево 66 30 3 99
Пробиштип 20 77 97
Виница 28 64 2 94
Македонски Брод 12 67 5 84
Крива Паланка 38 43 2 83
Берово 30 41 2 73
Гевгелија 46 21 67
Демир Хисар 1 57 2 60
Радовиш 9 41 2 52
Пехчево 27 15 42
Неготино 4 32 2 38
Македонска Каменица 15 12 27
Кратово 5 19 24
Крушево 2 14 2 18
Богданци 7 7 14
Демир Капија 11 11
Валандово 3 8 11
Дојран 1 7 8
ВКУПНО 1.858 13.317 652 15.827

 

 

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19

Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е висок.

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:

  • Скопје, Тетово и Куманово се во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Гостивар, Прилеп, Струга, Охрид, Кочани, Делчево и Крива Паланка се во фаза 3 (локализирана трансмисија).
  • Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи).

 

На Табела 5 е даден моментален приказ на активните случаи по општини во региони во кои се регистрира широко-распространета трансмисија во заедницата.

Табела 5. Активни случаи од COVID-19 по општини, Скопје, Тетово и Куманово (n=844)

Град/ општина Активни случаи Град/ општина Активни случаи
Скопје 535 Куманово 191
Аеродром 87 Куманово 187
Гази Баба 73 Липково 4
Центар 70 Тетово 118
Карпош 67 Тетово 80
Чаир 53 Теарце 18
Кисела Вода 52 Јегуновце 8
Бутел 38 Боговиње 6
Ѓорче Петров 22 Желино 5
Сарај 17 Брвеница 1
Студеничани 13
Шуто Оризари 12
Илинден 10
Арачиново 9
Петровец 4
странец 3
Чучер Сандево 2
Сопиште 2
Зелениково 1

 

 

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ

Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 06.09.2020:

Број на потврдени случаи на глобално ниво27.032.617

Број на смртни случаи на глобално ниво – 881.464

  • Регион на СЗО Америка
    • Потврдени случаи – 14.117.712
    • Смртни случаи – 843
  • Европски Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 4.390
    • Смртни случаи – 577
  • Регион на СЗО Југоисточна Азија
    • Потврдени случаи – 4.009
    • Смртни случаи – 542
  • Источно-Медитерански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 010.549
    • Смртни случаи – 082
  • Африкански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 1.204
    • Смртни случаи – 101
  • Регион на СЗО Западен Пацифик
    • Потврдени случаи – 012
    • Смртни случаи – 11.306

 

 

 

 

 

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

  • Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19

https://vlada.mk/covid19

 

 

 

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА

Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.

 

Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.

 

0800 002 03

 

 

 

 

 

 

 

Скопје, 14.09.2020

 

Оддел за епидемиологија на заразни болести

Институт за јавно здравје