• 19.05.2022

ФОРУМ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА СЗО – ПРЕДИЗВИЦИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРОБЛЕМОТ НА ДЕБЕЛИНА


Фокус на денешниот форум во организација на СЗО беа предизвиците за справување со проблемот на дебелина, со посебен акцент на детската дебелина.-Нашата, како и земјите од Западен Балкан, се меѓу земјите во Европа со висока преваленца на дебелина.Министерството за здравство и Владата на РСМ продолжуваат да ја поддржуваат иницијативата на СЗО Европа за следење на дебелината кај децата во нашата држава преку Национална годишна програма за јавно здравје, рече министерот Беким Сали, изразувајќи благодарност до тимот на СЗО, заради дадената доверба, нашата држава да биде домаќин на овој настан.
Процесот за овој настан го координираше Проф. д-р Игор Спироски,  Раководител на Одделение за исхрана и здравствено-хигиенски прегледи, како дел од Институт за јавно здравје и национален координатор на Министерството за здравство за соработка со СЗО во областа исхрана и незаразни болести.
Извор: Министерство за здравство
281881615_371427451680810_8719352643463362769_n
282215973_371427358347486_1442348433194241062_n
281131650_371427441680811_8938579542068781194_n
281572792_371427288347493_7017593854728923104_n
280748209_371427648347457_661853210813883307_n