• 30.01.2024

Трговија со луѓе-препознај ги знаците


ИЗБЕГНИ ЈА МОЖНОСТА ДА СИ ЖРТВА НА ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ!

 

Што е трговија со луѓе?

Трговија со луѓе претставува регрутирање, транспорти-рање, пренесување, засолнување, купување и продавање деца, мажи и жени преку употреба на сила, принуда, злоупотреба на ранливост, измама или други недозволиви средства со цел за експлоатација.

Кој може да биде жртва на трговија со луѓе?

Секој може да биде жртва! Без разлика на возраст, пол, раса, религија или национална припадност. Може жртвата да потекнува од било кој дел на социо-економскиот спектар. Сепак жртвите со одредени карактеристики и потекло, се полесен плен на трговците со луѓе за разлика од другите. 

Никогаш не е доцна да се проговори!

Секогаш изберете да сте безбедни, отколку да не кажете ништо!

Постои достапна поддршка за потенцијалните жртви и жртви од трговија со луѓе

 

Трговија со луѓе-постер
flaer