• 26.01.2024

Институтот за Јавно Здравје во соработка со СЗО ја пилотираше СЗО алатката за проценка на одржливост на лабораториите


 

Институтот за Јавно Здравје во соработка со СЗО на 25.1.2024 ја пилотираше СЗО алатката за проценка на одржливост на лабораториите која има за цел да им помогне на земјите во постигнување на одржлив лабораториски систем во јавното здравство.

Важноста на употребата на алатката е да се направи проценка за одржливост на лабораториите и резултатот кој се добива дава насоки во кој правец треба да се насочат напорите на една лабораторија или еден лабораториски систем за да се обезбеди добра одржливост на функционирање на лабораториите. Се работи за алатка развиена од иницијативата „Добри лаборатории за Добро Здравје“ на СЗО Европа и Институтот за Јавно Здравје на Холандија (RIVM).

Оваа прва верзија на алатката ќе се пилотира во неколку држави во различни региони на светот и по добивањето на повратни информации од страна на лабораториите/државите дека таа навистина ги детектира добрите, како и местата каде треба унапредување на лабораторискиот систем, ќе биде широко и јавно достапна.

Нејзината примена е доброволна и зависи од свесноста на лабораториите/државите за потребата од примена на стандардизирана алатка која ќе даде насока за одржување и понатамошно развивање на јавно-здравствените лаборатории/лабораториски системи со цел да се обезбеди ефикасен национален лабораториски систем.

Докажано е дека развојот на еден современ здравствен систем е невозможен без развој на ефикасен национален лабораториски систем со имплементирани стандарди на биолошка безбедност и сигурност и систем на квалитет.