Информации од јавен карактер

Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер овозможува пристап до информации од јавен карактер што ги создало или со кои располага Институтот за јавно здравје. Барателот пристапот до информацијата може да го бара усно, писмено или во електронски запис, при што барањето поднесено во електронска форма се смета за писмено поднесено барање. Писменото Барање може да се поднесе до Институтот непосредно во архивата; преку пошта на адреса на Институтот (ул.50 Дивизија бр.6 1000 Скопје), како и да се поднесе во електронска форма (преку е-маил: krivoseev@gmail.com). Барањето за пристап до информација од јавен карактер може да се поднесе на утврдениот Образец на Барање (даден подолу) или на обичен лист хартија, но на истото барателот е должен да наведе дека станува збор за Барање по основ на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Барателот не е должен да го образложи барањето. Во случај кога барањето е поднесено од страна на овластен полномошник, кон барањето треба да биде приложено уредно полномошно. Кога барателот бара пристап до информација со усно барање, службеното лице составува записник за тоа. Подносителот на барањето може да се информира за сите прашања од интерес поврзани со остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, кај службеното лице: Наташа Димитриевска Кривошеев, контакт телефон: +389(0)2 3125 044 / локал 216 и е-маил: krivoseev@gmail.com 


КОНТАКТ

Наташа Димитриевска Кривошеев

Раководител  на Одделение за човечки ресурси, логистика и односи со јавност во Институт за јавно здравје на РМ

 
  071 223 245
 
  02 3125 044 / локал 216

Извештаи до агенција за право на слободен пристап до информации од јавен карактер