Оддел за здравствена екологија

 

Mерки и активности во надлежност на Оддел за здравствена екологија

  1. Ја координира, стручно контролира и насочува работата на санитарно-хигиенската дејност во 10 Центри за јавно здравје во Република Северна Македонија;
  2. Носител е на изготвувањето и имплементацијата на стратешките документи и акциони планови во областа на здравствената екологија, безбедноста на храната и исхраната;
  3. Ги координира активностите за изготвување национални прописи и усогласување со меѓународните прописи од областа на здравствената екологија;
  4. Изготвува доктринарни ставови во методолошкиот пристап и начинот на евалуација на извршените мерки и активности во санитарно-хигиенската дејност;
  5. Врз основа на спроведени истражувања и добиените податоци од Центрите за јавно здравје, врши мониторинг и дава оценка на здравствено-еколошкиот ризик од одредени фактори во животната средина;
  6. Одделот учествува како во програмскиот сегмент на Институтот така и во апликативниот и научно-едукативниот процес на специјализанти по хигиена и здравствена екологија, како и на други специјализанти кои делот од специјалистичкиот стаж треба да го поминат во Институтот односно во Одделот за здравствена екологија, на студенти по општа медицина, стоматологија, студенти од тригодишните стручни студии, постдипломци по јавно здравје и докторски студии по општа медицина и јавно здравје, како и во континуираната медицинска едукација на докторите специјалисти по хигиена и здравствена екологија.
  7. Ги идентификува приоритетните проблеми и потенцијални ризични состојби по здравјето на ниво на Републиката и го известува Министерството за здравство.
  8. Учествува во активностите во рамките на двегодишниот договор за соработка помеѓу Министерството за здравство и Светска здравствена организација од областа на здравствена екологија.
  9. Раководител на Одделот е Редовен професор, специјалист по хигиена.

Контакт информации:

Контакт лицеПроф. д-р Михаил Кочубовски, специјалист по хигиена – Раководител на Оддел за здравствена екологија

Контакт телефон: +389 70 252 381 / 02 3125-044 лок.14/ факс: 02 3223-354

Електронска пошта kocubov58@gmail.com