Историјат

Институционализацијата на преветивната дејност на просторот на Северна Македонија почнала во дваесеттите години на минатиот век. Хигиенскиот завод, чија функција била заштита и унапредување на здравјето на луѓето е формиран под покровителство на д-р Андреја Штампар и со учество на Рокфелеровата фондација во Скопје, 1924 год. Оваа медицинска установа од превентивен карактер дејствувала во услови кога главно обележје на националната патологија во тој период биле заразните болести.

Темелите, пак, на современата организација и достигнувањата во превентивната здарвствена заштита во Северна Македонија и на Инститотот за јавно здравје на Република Северна Македонија како врвна специјализирана институција во таа област биле поставени непосредно пред Втората светска војна.

Како резултат на активностите на ИЈЗРСМ за подобрување на водоснабдувањето до 1990 година веќе 70 отсто од селското население, во своите домови пие хигиенски исправна вода, според критериумите на СЗО.

Ерадицирани се маларијата, пегавиот тифус и детската парализа.

Бројот на заразни болести е во постојано опаѓање.

До 2009 година институцијата го носеше името Републички завод за здарвствена заштита. Со здравтвените реформи и развојот на научната дејност институцијата се ребрендира во Институт за јавно здравје во чиј состав работат акредитирани лаборатории за испитување на вода, храна, лекови, предмети за општа употреба… кои воедно се и референтни за Северна Македонија и за поширокиот регион.

Значаен напредок бележи и во примената на европските стандарди преку едукација, промоција и евалуација во облста на здравството.

Имплементација на ХАСАП преку едукативни курсеви.

Основната ДЕЈНОСТ на Институтот за јавно здравје е грижата за здравствена превенција на населението преку следење, истражување и проучување на здравсвената состојба, причините за појава и ширење на заразните и незаразните болеси од социјално-медицинско значење, влијанието на еколошките фактори и преземање мерки заради заштита и унапредување на здравјето на луѓето.

Дејноста на ИЈЗ дефинирана во Законот за здравствена заштита и другите законски акти се извршува преку собирање, обработка и анализа на податоци, организација и планирање на здравствената заштита, проучување и следење на хигиенските и други услови за заштита на воздухот, прехранбените продукти, предметите за општа употреба, водата за пиење, отпадните води и цврстите отпадни материи , учество во превентивен санитарен надзор над градежни и други објекти, следење и спроведување на мерки за активна заштита на населението од заразни и други болести, проучување на исхраната и предлагање мерки за отстранување на последиците од несоодветна исхрана, водење здравтвена статистика, утврдување и спроведување на единствена стручно-методолчка доктрина, предлагање и учество во единствени здравствени програми, вршење на референтни лабораториски анализи, координација на Центрите за здравствена заштита во Северна Македонија, утврдување и спроведување на мерки при елементарни непогоди, несреќи вонредни состојби, учество во образовната дејност и креира и спроведува стручно медицински доктрини во својата област.

Контрола на лекови, лековити супстанци и помошни лековити средства, средства за хигиена и козметички препарати

ИЈЗ е референтен центар за утврдување и контрола на штетни биолошки и хемиски агенси.

Институтот за јавно здравје на РМ ги координира задачите кои произлегуваат од законската регулатива во соработка со Регионалните центри за здравствена заштита, Министерствата за здравство, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерство за труд и социјална политика, Министертсво за внатрешни работи, институтите и други здравствени институции од јавното и приватното здравтсво, локалната смоуправа, невладините организации, стопанственици, производители, трговски друштва, и други субјекти кои по различни основи се врзани со дејноста што ја обавува оваа институција.

Соработката со Институтот за јавно здравје е во интерес на населението на Северна Македонија, затоа што превентивната здравствена заштита е постулат за здрав и долг живот.