• 21.05.2026

Информација за Ебола


 ЕБОЛА

 

ЕТИОЛОГИЈА

 

Еболата е  заболување  предизвикано од вирусот Ebola која припаѓа на фамилијата FiloviridaeДо денес се откриени 6 видoви на ебола вирус од кои 4 вида предизвикуваат заболување кај човекот и тоа Заир, Судан, Бундибугио и Таи форест ебола вирус, додека другите два вида Рестон и Бомбали не предизвикуваат заболувања кај луѓето.

Иако е ретка, болеста може да доведе до епидемии со висока стапка на смртност, која во просек е окoлу 50%.

 

ГЕОГРАФСКА РАСПРОСТРАНЕТОСТ

 

Еболата се регистрирана во Централна и Западна Африка, близу тропските прашуми.

Од 1976 година до денес, во Африка се регистрирани повеќе од 40 епидемии на ебола. Најпогодени земји биле:

• ДР Конго
• Уганда
• Гвинеа
• Либериа
• Сиера Леоне
• Судан

Најголемата епидемија била во Западна Африка (2014–2016), со повеќе од 28.000 случаи и над 11.000 смртни случаи. 

 

Во последните години повторно се регистрирани епидемии на ебола во Демократска Република Конго и Уганда, вклучително и големата епидемија во источен Конго во 2018 година, епидемијата во Касаи (ДР Конго) во 2025 година и тековната епидемија во ДР Конго и Уганда во 2026 година.

 

РЕЗЕРВОАР И ИЗВОР НА ЗАРАЗА

 

За природен резервоар на ебола вирусот се смета еден вид на овошни лилјаци, кај кои вирусот може да циркулира без да предизвика потешко заболување.

Како извор на зараза може покрај овошните лилјаци да бидат иприматит, антилопите, ежовите, и други диви животни.

 

ПАТИШТА НА ПРЕНОС

 

Болеста може да се јави кај луѓето и другите примати. Вирусот се пренесува на луѓето од диви животни при лов, обработка на месо од заразени животни, контакт со нивната  крв, ткива и органи при процесот на обработка на месото како и нивни излачевини. Вирусотпотоа се шири кај хуманата популација преку директен контакт со крвта, секретите, органите или другите телесни течности на заразените луѓе, како и индиректно преку контакт со површини и материјали (на пр. постелнина, облека) контаминирани со овие течности.

 

Преносот од животно на човек е многу редок. Повеќето случаи се јавуваат поради контакт со крв, секрети, ткива, органи или други телесни течности на живи или мртви заразени луѓе кога заразните секрети ќе дојдат во контакт со очите, устата, носот, отворени рани, на пример при нега на болен без заштита во домашни или болнички услови или при ритуални погреби на заболени лица. Преносот од човек на човек е главниот механизам и пат на пренос при појава на епидемиското ширење на болеста.

 

Важно е да се напомене дека болеста може да се пренесе и  преку незаштитен сексуален контакт со лица кои се опоравиле од болеста. Вирусот многу подолго опстојува кај мажите во семената течност (некогаш и до 15 месеци) за разлика од жените, вообичаено до 1 месец во вагиналниот секрет. Вирусот подолго време може да се задржи и во плацентата како и во мајчиното млеко.

 

КЛИНИЧКА СЛИКА

 

Симптомите на болеста вообичаено се појавуваат во рок од 2 до 21 ден од инфекцијата, при што во почетната фаза - првите неколку дена од  болестасе јавуваат  треска,  општа малаксаност и слабост, болки во мускулите и зглобовите, главоболка, болки во грлото за подоцна во втората фаза да се јават анорексија, дијареја, болки во стомакот, повраќање, осип по телото, црвенило на очите, невролошки симптоми како конфузност, кашлица, болка во градите, отежнато дишењенарушена функција на бубрезите и црниот дроб. Може да се јават и надворешни и внатрешни крварења (крвава дијареја, крварење од носот, повраќање крв, внатрешно крварење и модринки)

 

Во крајната фаза на болеста, пациентите умираат порадикомбинација од инсуфициенција на повеќе органиски системи и хиповолемичен шок предизвикан од тешки загуби на крв.

 

Лицето заразено со ебола не може да ја шири болеста сè додека не развие симптоми.

 

Ризикот од инфекција се смета за низок доколку се следат мерките за превенција и контрола на инфекциите.

 

ЛАБОРАТОРИСКА ДИЈАГНОЗА

 

Примероци кои се користат за дијагнозата се полна крв, орален брис или делови од ткива – добиени при аутопсија. Може да се користат и други видови секрети и екскрети, но генерално не се користат често поради поголемиот биолошки ризик при работа со нив и поради нестабилна концентрација на вирусот во истите. 

Лабораториските методи за дијагноза се  RT- PCR, брзи антигенски тестови и ELISA.

 

Во случај на клиничко сомневање за лице заразено со Ебола во РС Македонија, од ИЈЗ  се организира транспорт на примерокот до соодветна референтна лабораторија во Европа, во согласност со водичот на СЗО за ракување и транспорт со инфетивни примероци од категорија А.

 

ТЕРАПИЈА 

 

Одобрена специфична терапија постои само за Заир Ебола вирусот -третман со моноклонални антитела mAb114 (ansuvimabTM) или REGN-EB3 (InmazebTM), додека за другите Ебола вируси терапијата е неспецифична и супортивна

ПРЕВЕНЦИЈА

 

Две вакцини се одобрени за употреба во многу земји за заштита од Заирскиот ебола вирус но нема достапни вакцини против другите Ебола вируси.

 

За да се спречи инфекцијата, се препорачува

❖ избегнување на
живеалишта каде што може да бидат присутни ебола вируси 
јадење дивеч 
близок контакт со диви животни во области каде што може да бидат присутни ебола вируси
непотребни патувања во региони кои се погодени од епидемијата
избегнуваат контакти со сомнителни и заболени лица
❖ одржување на личната хигиена, посебно на рацете
❖ практикување на безбедни погребни практики

 

Превентивните мерки во здравствените установи подразбираат

 

❖ Рано препознавање и изолација
❖ посебно назначен и ограничен број на персонал кој ке биде во контакт со пациентот 
❖ ЛЗО  -    заштитни ракавици (двослојни) 
водоотпорен заштитен комбинезон 
маска (FFP2/FFP3 или PAPR систем) 
заштита за очи/визир 
чизми и престилка 
строго следење на правилно облекување и соблекување 
хигиена и дезинфекција со хлорни раствори
строга хигиена на раце пред и после контакт 
безбедно ракување со медицинска опрема 
❖ Безбедно земање и обработка на примероци:
минимален број на потребни анализи
употреба на затворени системи кога е можно 
тројно заштитно пакување на земените примероци
транспорт според биолошка безбедносна класа А категорија 
❖ Правилно ракување со медицицинскиот отпад
третман како високоризичен инфективен отпад 
автоклавирање или согорување 
безбедно отстранување на игли и остри предмети 
❖ Адекватна обука на медицинскиот персонал
мерки за превенција и контрола на инфекции
ограничен пристап до изолациски оддели 
следење на изложеност кај здравствени работници 
систем за известување при инциденти

Најважните мерки за превенција на ебола се рано откривање, пронаоѓање на контакти, строга изолација (карантин) и доследна употреба на лична заштитна опрема, особено во здравствени установи.

АКТУЕЛНА ЕПИДЕМИОЛОШКА СОСТОЈБА

 

На 15 мај 2026 е прогласена епидемија на Ебола предизвикана во Демократска Република Конго – административен реон Итурикоја е седумнаестта епидемија по ред во оваа држава. Бројот на заболени брзо се менуваа бидејќи се работи за активна епидемија.

Оваа епидемија е предизвикана од Bundibugyo Ebola вирус што претставува ретка форма на ова заболување за која нема   одобрен специфичен лекнема широко достапна вакцина за овој тип и е потешко е да се контролира особено во сиромашни и конфликтни региони како што е регионот Итури кој е нестабилен, има стотици илјади раселени луѓе и здравствените тимови тешко пристапуваат што значи побавно откривање и следење контактите на заболените.

 

Пријавени региони во кои има регистрирано заболени лица се: 

 

ДР Конго:

• Монгбвалу
• Рвампара
• Буниа
• Северно Киву со Гома

Уганда:

• Кампала

 

Евидентирано е ширење во урбани областиво поголеми градови (на пр. Кампала) – што ја зголемува опасноста од регионално ширењедвата заболени случаи во Уганда се со податок за претходно патување во ДР Конго.

Регистрирани се заболени здравствени работници и пријавени се смртни случаи меѓу медицински персонал што е сигнал за слабости во користењето на превентивните мерки.

На 17.05.2026 СЗО прогласи итна јавно здравствена состојба со меѓународна значење (PHEIC) што значи: ризик за меѓународно ширење, но моменталната состојбата со болеста  не ги исполнува критериумите за пандемски итна состојба.

Поради неодамнешното прогласување на епидемијата и неизвесностите поврзани со епидемиолошките информации постои можност дека епидемијата е многу поголема од она што моментално се пријавува, не само во однос на бројот на засегнати случаи, туку и во однос на нејзината географска ширина.

Според последните проценки на ECDC ризикот од ебола во ЕУ/ЕЕА е многу низок. веројатноста за инфекција кај луѓето од ЕУ/ЕЕА кои живеат или патуваат во Итури се проценува дека е ниска. За луѓето кои живеат во ЕУ/ЕЕА, веројатноста за инфекција се проценува дека е многу ниска, со оглед на многу ниската веројатност за увоз и секундарен пренос. Проценката ке се ажурира во зависност од достапните дополнителни информации.

ECDC смета дека скринингот на патниците што се враќаат од погодените области (ДРК, Уганда) не би бил ефикасна мерка за спречување на внесување во Европа. Ова разгледување се базира на лекциите и резултатите од големата епидемија на Ебола во Западна Африка помеѓу 2013 и 2016 година, каде што беа пријавени десетици илјади случаиСкринингот на патниците што доаѓаат одзема време и ресурси и нема ефикасно да ги идентификува заразените случаи.Наместо тоа, искуството и доказите покажуваат дека скринингот на излез може да биде ефикасна мерка за поддршка на ограничувањето на ширењето на болеста.

СЗО и Европскиот центар за контрола на болести постајано ја следат состојбата со тековната епидемија и навремено информираат за истата.

 

Институтот за јавно здравје останува во постојана комуникација со меѓународните здравствени мрежи за рано предупредување и одговор, континуирано ја следи состојбата и навремено ќе ја информира јавноста за сите нови сознанија, проценки на ризик и евентуални препораки.

 

 

Оддел за епидемиологија на заразни болести

Институт за јавно здравје на РСМ