- 31.05.2026
🚭 31 Мај – Светски ден без тутун
Светскиот ден без тутун се одбележува со цел подигнување на свеста за штетните последици од употребата на тутун и никотинските производи врз здравјето на луѓето и општеството. Оваа година темата гласи: „Разоткривање на привлечноста – спротивставување на зависноста од никотин и тутун", со фокус на тактиките што индустријата ги користи за привлекување на младите кон пушење и користење никотински производи.
❗ Тутунската индустрија преку:
▪️ привлечни пакувања
▪️ ароми и електронски цигари
▪️ агресивен маркетинг
создава лажна слика за безбедност и модерност, прикривајќи ги сериозните здравствени ризици и зависноста што ја предизвикува никотинот.
⚠️ Пушењето е директно поврзано со:
▪️ кардиоваскуларни заболувања
▪️ мозочен удар
▪️ хронични белодробни заболувања
▪️ различни видови малигни заболувања
🚭 Пасивното пушење претставува сериозен ризик и за непушачите, особено за децата, бремените жени и лицата со хронични заболувања.
📊 Според податоците:
▪️ 45,4% од возрасната популација во Република Македонија се редовни пушачи
▪️ 70% од пушачите започнале со пушење пред 21 година
▪️ во пораст е употребата на електронски цигари и никотински производи кај младите
📞 За поддршка при откажување од пушење достапна е телефонската линија:
„Не пуши, откажи се"
☎️ 078 294 371
✅ Да го заштитиме здравјето – да кажеме НЕ на тутунот и никотинот!