• 04.03.2024

Светски ден на дебелината, 4 март


 

Дебелината кај возрасните и децата во Северна Македонија стабилно на високо ниво

Институт за јавно здравје, Скопје, 4 март 2024

 

Најновата студија објавена во The Lancet покажува дека, во 2022 година, повеќе од 1 милијарда луѓе во светот живеат со дебелина.
Во светот, од 1990 година, дебелината е зголемена повеќе од двојно кај возрасните, а четирикратно е зголемена кај децата и адолесцентите (од 5 до 19 години). 

 

-          28,4% од возрасните во Северна Македонија (МКД) живеат со дебелина

-           

Во МКД, дебелината кај возрасните е зголемена за 13,6%, а кај децата и адолесцентите за 7,4% споредено со 1990 година.

 

Повеќе од 10 години, Институтот и Центрите за јавно здравје ја спроведуваат Иницијативата за следење на дебелина кај децата на Светската здравствена организација (СЗО), позната под акронимот COSI, имплементирана во 45 држави од Европскиот Регион. Оваа иницијатива е најмасовниот систем на следење на трендовите на зголемена телесна тежина и дебелина кај децата преку стандардизирани антропометриски мерења и процена на детерминантите на дебелината во семејната и училишната средина. Најновите податоци покажуваат дека:

 

-          30,5% од децата од 6-9 годишна возраст во МКД живеат со зголемена телесна тежина или дебелина

-          13,8% од нив живеат со дебелина или екстремна дебелина.

 

Дебелината е почеста кај момчињата, за разлика од девојчињата.

 

Повеќето од децата кои имаат зголемена телесна тежина и дебелина живеат во урбани средини.

Исхрана со високо преработена и енергетски-богата храна е значаен фактор кој придонесува кон развојот на зголемена телесна тежина кај децата.

Социоекономските карактеристики на семејствата на децата и достапноста на храна во и околу училишната средина влијаат врз навиките за исхрана кај децата.

Физичката неактивност кај децата заради намалените можности за безбедни животни средини кои промовираат активна игра и движење на децата, доведуваат до помалку движење и употреба на електронски уреди како клучни детерминанти на дебелина.

Трендовите на зголемена телесна тежина и дебелина кај децата во МКД се одржуваат стабилно на високо ниво. Потребен е сеопфатен и мултисекторски пристап кон дебелината, од давање приоритет на факторите од животната средина кои влијаат врз дебелината до зајакнување на здравствената заштита за превенција и контролата на дебелината како хронично заболување.

Повеќе информации во врска со детската дебелина и COSI погледнете во презентацијата на линкот

 

Светски ден на дебелината, 4 март (PDF)