• 31.10.2025

Средба помеѓу претставници од ИЈЗ и УНИЦЕФ


Денес во Институтот за јавно здравје се одржа состанок, меѓу претставници од Институтот за јавно здравје и УНИЦЕФ - претставен од г. Тамерлан Рајабов, каде се дискутираше за важноста и придонесот на Институтот во подготовка на MICS7 (Multiple Indicator Cluster Survey 7), кое треба да се спроведе во 2027 година. Институтот за јавно здравје е клучен државен орган во полето од области поврзани со здравството и е подготвен да го даден својот придонес при развој на сите вакви истражувања, кои би помогнале да се подобри здравствениот систем и здравјето на граѓаните на Македонија.