• 19.05.2025

Објавени се резултатите од Европското веб истражување за дроги 2024 во Северна Македонија


ЈЗУ Институт за јавно здравје ја објавува националната анализа од Европското веб истражување за дроги 2024 (EWSD), спроведено во соработка со Европската агенција за дроги (EUDA) и со поддршка од Министерството за здравство. Истражувањето обезбедува вредни податоци за трендовите на употреба на дроги кај возрасни лица (18+) во нашата земја.

📌 Во анкетата учествуваа 862 испитаници кои користеле една или повеќе видови на дроги во последните 12 месеци, а најчесто користена дрога беше канабисот, следен од бензодиазепини без рецепт, CBD производи и кокаин. Истражувањето дава увид во мотивите за употреба, начинот на користење и набавка, местата на консумирање и поврзаните ризици.

📄 Деталниот извештај со клучните наоди и препораки е достапен на следниот линк:

👉 Овие резултати ќе придонесат за развој на политики базирани на докази, унапредување на превентивните програми и промоција на јавното здравје.