• 24.05.2025

Соопштение до јавноста


 Почитувани,

Институтот за јавно здравје, конкретно епидемиолози од ИЈЗ, исконтактираа со контактите на позитивните лица со Mpox кои тие ги посочија и истите немаат никакви симптоми на заболување.
Позитивните лица се во добра состојба.
Нема нови сомнителни случаи кои што се испратени за тестирање, нема нови позитивни случаи.
Во текот на вчерашниот ден беа објавени препораки на веб страната на ИЈЗ до граѓаните. Дополнително, ИЈЗ изработи краток водич за здравствени работници со препораки и патеки на движење за сомнителните случаи и истиот беше доставен до Министерството за здравство кое што ги проследи до надлежните здравствени институции.
Институтот за јавно здравје денес отвара 2 нови телефонски линии за информирање за Mpox:
1. За консултации на граѓани
2. За консултација на здравствени работници

Институтот за јавно здравје, Министерство за здравство, заедно со останатите надлежни институции се во постојана комуникација и координација и остануваат посветени во следење на актуелната состојба како и справување со истата. Засега ризикот за ширење на оваа болест во нашата држава останува низок.