- 21.07.2025
Безбедни во лето
Институтот за јавно здравје ја поддржува кампањата на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патишта (РСБСП) „Безбедно во лето – Вози одморен“ за зголемување на безбедноста на патиштата во текот на туристичката сезона. Зголемениот сообраќај и високите температури придонесуваат за замор кај возачите, што често води до несреќи.
Затоа, се препорачува да се тргнува на пат одморен, да се прават редовни паузи, и да се избегнува ноќно и возење во најтоплиот дел од денот. Културата во сообраќајот, почитта кон другите и одговорноста спасуваат животи. Особено внимание треба да се посвети на безбедноста на децата. Плански, внимателно и одговорно – така се стигнува безбедно.
Институт за јавно здравје – Чувар на Вашето здравје