• 25.09.2025

Институт за јавно дравје и Алкалоид потпишаа меморандум за соработка


Институт за јавно здравје и Alkaloid AD Skopje денес (25.09.2025) потпишаа Меморандум и Договор за соработка, со што се воспоставува рамка за долгорочна научна, техничка, едукативна и апликативна соработка и се реафирамираа заедничките заложби за заштита на јавното здравје.

Во време на глобални предизвици, кога јавноздравствените прашања се во центарот на општествениот интерес, нашата заедничка одговорност е да понудиме сигурност, квалитет и иновација.
Соработката со „Алкалоид“ претставува вистински пример за тоа како јавна институција и приватен сектор можат да работат заедно – не само за сопствена корист, туку за општо добро. Со обединување на научната експертиза на Институтот и долгогодишното искуство на „Алкалоид“, создадовме основа за нови стандарди во јавноздравствените практики.
Придобивките се многубројни: од јакнење на институционалното партнерство и развој на нови методологии, па сè до зголемена регулаторна усогласеност и градење на доверба кај граѓаните и меѓународните тела.