• 24.10.2025

Препораки и мерки од ИЈЗ согласно актуелната состојба со отпадот во Скопје


Препораки до населението:

-Да се одржува лична хигиена (користење на ракавици, маска, миење раце, користење дезинфициенс за раце после фрлање на отпад)

-Совесно одлагање на отпадот (во контејнерите, кабастиот отпад на соодветен начин а не во контејнерите и сл.)

-Внимателно ракување, селектирање, собирање и фрлање на отпадот

-Затварање на капаците на кантите при фрлање на отпадот

-Да се избегнува физички незаштитен контакт со отпадот

-Да се избегнува стагнирана (застоена) вода и исцедок од отпадот

-Внимание при излегување со домашни миленици да не дојдат во допир со отпадот и исцедок од истиот

-Да не се фрла отпад надвор од одбележаните места за собирање на истиот

-Да не се фрла отпад на нелегални депонии

-Заштита и намалување на штетната изложеност на сите работници кои доаѓаат во контакт со отпадот (опрема за лична заштита)

 

МЕРКИ

Непосредни, брзи и акутни

-        Итно и неодложно отстранување на одложениот и расфрлан отпад во и надвор од контејнерите со сите расположиви технички, човечки и финансиски ресурси;

-        Итна мобилизација за собирање и отстранување на најголемите купишта во населени места со најголема изложеност; приоритет: болници, домови за стари лица, основни и средни училишта, паркови и игралишта;

-        Итно, вонредно испирање, дератизација, дезинфекција и дезинсекција на местата со расфрлан отпад и контејнерите;

-        Каде не е можно ова, да се постават физички времени бариери (мрежи) за да се спречи пристапот на глодари и улични животни;

-        Дислокација на контејнерите - подалеку од почести патики на движење на луѓето и особено подалеку од детски игралишта, училишта, градински или здравствени институции;

-        Редовен транспорт и празнење на контејнерите (минимум еднаш дневно во погусто населените делови од градот);

-        Задолжително затворање на капаците на контејнерите;

-        Итна набавка на потребната опрема особено соодветен број на контејнери (механизација во континуитет);

-        Заштита и намалување на штетната изложеност на сите работници кои доаѓаат во контакт со отпадот (опрема за лична заштита) вклучително и задолжителна вакцинација; тренинг за правилно ракување и известување за повреди;

-        Интензивен надзор за заразни заболувања: засилено пријавување со епидемиолошко истражување (фокус на дијареи, случаи на лептоспироза, хоспитализирани пациенти со зоонози и слично);

-        Едукација на населението за здравствените ризици поврзани со овој проблем и препознавање на симптомите поврзани со истото;

-        Јавна комуникација: предупредувања и практични совети до граѓаните (лична и колективна хигиена, како да ја чуваат храната, да избегнуваат стагнирана вода, да избегнуваат физички контакт со отпадот или исцедокот, како да пријавуваат нелегални депонии).

Долгорочни мерки

-        Интегриран систем за управување со комунален отпад (редовно отстранување, навремена набавка на потребна опрема, контејнери и механизација);

-        Имплементација на систем за управување со цврст отпад преку смалување, повторна употреба, рециклирање и регенерација;

-        Постојана едукација на населението за примарна селекција на отпадот, во најмала рака на органски и неоргански отпад и совесно одлагање на отпадот (во контејнерите, кабастиот отпад на соодветен начин а не во контејнерите и сл.);

-        Образовни програми за граѓаните и вклучување на локалните заедници во решавање на проблемот (на пример, механизми наградување за селекција/откуп).

-        Контролни и регулаторни политики - казнување за несовесно одлагање на отпадот, чести локални инспекции, програми за често и редовно чистење на јавните простори и улици (прво механичко отстранување на отпадот со метење, потоа миење).

 

 Превземи PDF: Мерки за заштита на населението