- 24.11.2025
Oбука за советувачи за ХИВ тестирање
Денес Институтот за јавно здравје одржа успешна обука за советувачи за ХИВ тестирање заедно со Центрите за јавно здравје, Министерството за здравство, Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, претставници од невладиниот сектор и други гости во Деканатот на Медицинскиот факултет при УКИМ - Скопје.
Поздравно обраќање имаше директорката на Институтот за јавно здравје Науч. сор. Д-р Марија Андоновска и деканот на Медицинскиот факултет при УКИМ Проф. Д-р Светозар Антовиќ, кои ја истакнаа важноста на ХИВ тестирањето и советувањето со цел унапредување на нашите знаења, вештини и практики.
Тестирањето за ХИВ е еден од најважните чекори во борбата против ова заболување бидејќи тестирањето:
- Овозможува рано откривање на болеста
- Раното откривање на болеста го спречува преносот на вирусот и понатамошното
ширење на болеста
- Води кон рано започнување со соодветен терапевстки третман
- Го спасува и продолжува животот
- Раниот третман на болеста овозможува нормален живот
- И накрај но не помалку важно, ја намалува неизвесноста и стресот кај лицата кои се засегнати.
Обуката ја спроведуваа стручни лица во таа област и тоа:
- Асс. Д-р Драган Кочински за Епидемиолошката состојба поврзана со ХИВ од Институтот за јавно здравје,
- Проф. Д-р Голубинка Бошевска за Основи за ХИВ тестирање – глобални програми за ХИВ СЗО и ECDC, алгоритми на ХИВ и вештини на советување од Институтот за јавно здравје,
- Асс. Д-р Билјана Петреска за Пренос и превенција на ХИВ - Лекување, грижа, поддршка - Предекспзоциска и постекспозициска профилакса за ХИВ (Преп и ПЕП) од Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби.













