• 05.03.2026

Вакцинација против хепатит Б на здравствени работници


Институтот за јавно здравје информира дека од 09.03.2026 година започнува спроведувањето на бесплатна вакцинација против хепатит Б за здравствени работници во Република Македонија.

Вакцинацијата ќе се реализира во:

  • Институтот за јавно здравје – Скопје, каде ќе се вакцинираат здравствените работници и студентите по медицина и стоматологија од Скопје;
  • Сите Центри за јавно здравје во државата, каде ќе се вакцинираат здравствените работници од другите градови, согласно местото на живеење наведено во пријавата.

Сите пријавени лица ќе добијат СМС порака со покана за вакцинација, во која ќе биде наведен временскиот период кога ќе можат да се вакцинираат.

Вакцинацијата против хепатит Б претставува важна превентивна мерка за заштита на здравствените работници од професионална изложеност и е дел од континуираните активности за унапредување на безбедноста и здравјето при работа.

Ги повикуваме сите пријавени здравствени работници редовно да ги проверуваат своите мобилни телефони и електронската пошта, наведени во пријавата за вакцинација, каде ќе ја добијат поканата за вакцинација.