- 31.03.2026
Институтот за јавно здравје - партнер на Втората Конференција за јавно здравје 2026
Институтот за јавно здравје со задоволство информира дека е партнер на Втората Конференција за јавно здравје, која ќе се одржи на 21 и 22 мај 2026 година во Скопје.
Овој значаен меѓународен настан претставува важна платформа за размена на знаења, искуства и најнови научни сознанија во областа на јавното здравје. Конференцијата има за цел да обедини експерти, истражувачи, здравствени професионалци и креатори на политики со цел унапредување на здравствените системи и зајакнување на превентивните стратегии.
Како институција која активно придонесува во заштитата и унапредувањето на јавното здравје во земјата, Институтот за јавно здравје ја поддржува оваа иницијатива и ја препознава како значаен чекор кон унапредување на регионалната и меѓународната соработка во областа на здравството.
Втората Конференција за јавно здравје ќе понуди можност за презентација на научни трудови, панел дискусии и интерактивни сесии, со акцент на актуелните предизвици и идните насоки во јавното здравје.
Повеќе информации за конференцијата, програмата и начинот на учество се достапни на официјалната веб-страница:
Институтот за јавно здравје ја поздравува организацијата на овој настан и ја поттикнува стручната и пошироката јавност да земе активно учество.
