• 18.07.2026

ПРЕПОРАКИ ДО НАСЕЛЕНИЕТО ВО ГОСТИВАР


Препораки за користење на водата и превенција на заболувања кои се пренесуваат преку вода

Агенцијата за храна и ветеринарство на 17.07.2026 година издеде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека истата  е загадена и небезбедна за употреба.

Поради времената забрана за употреба на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар, на граѓаните им се препорачува да ги почитуваат следните мерки до добивање на официјално известување дека водата повторно е безбедна за употреба.

Важно: До официјално укинување на забраната, водата од градскиот водовод не треба да се користи за пиење, ниту по превривање, освен ако надлежните институции не дадат поинаква препорака.

1. Вода за пиење и подготовка на храна

· Не користете вода од градскиот водовод за пиење и подготовка на храна.

· Ако имате пристап до флаширана вода, набавете ја за овој период. Потребни се најмалку 4 литри вода по лице на ден.

· За пиење користете фабрички пакувана вода (флаширана вода).

· Не користете вода од водоводот за:

o подготовка на храна;

o миење овошје и зеленчук кои се консумираат свежи;

o подготовка на мраз;

o подготовка на сокови, кафе, чај и други пијалаци.

· Не користете вода од водоводот за подготовка на храна за доенчиња.

2. Хигиена на рацете

· Рацете мијте ги често со сапун и безбедна вода (флаширана вода), особено:

o пред подготовка и консумирање храна;

o по користење на тоалет;

o по менување пелени;

o по контакт со заболено лице.

· Доколку нема безбедна вода, користете средство за дезинфекција на база на алкохол кога рацете не се видливо извалкани.

3. Лична хигиена

· За миење заби користете исклучиво безбедна вода (флаширана вода).

· За туширање и капење да се користи безбедна вода (флаширана вода) или превириена вода, но да се внимава водата да не се голта.

· Доколку нема безбедна вода, користете влажни марамчиња или крпи за еднократна употреба за периодот додека водата е забранета за употреба.

4. Подготовка на храна

· Храната треба добро термички да се обработува.

· Избегнувајте подготовка на храна која не се готви доколку не може да се користи безбедна вода.

· Користете еднократни чинии и прибор за јадење за да избегнете миење.

5. Ресторани, кафулиња и угостителски објекти

· да не користат вода од водоводот за подготовка на пијалаци;

· да не користат вода за миење овошје и зеленчук;

· да користат само безбедна вода (флаширана вода) за подготовка на храна;

· машините за мраз да не се користат.

 

6. Градинки

· децата да пијат исклучиво безбедна вода (флаширана вода);

· да не се користат чешмите за полнење шишиња;

· храната да се подготвува само со безбедна вода (флаширана вода).

 

7. Здравствени препораки

Веднаш обратете се кај матичен лекар или во најблиската здравствена установа доколку се појават:

· дијареја;

· повраќање;

· гадење;

· стомачни грчеви;

· покачена температура;

· слабост;

· знаци на дехидратација (силна жед, сува уста, намалено мокрење, омалаксаност).

Особено внимание е потребно кај:

· доенчиња и мали деца;

· бремени жени;

· постари лица;

· лица со хронични заболувања и ослабен имунитет.

8. Превенција на заболувања кои се пренесуваат преку вода

Небезбедната вода може да биде извор на бактериски, вирусни и паразитарни инфекции кои предизвикуваат гастроентеритиси.

За намалување на ризикот:

· користете само безбедна вода за пиење и подготовка на храна;

· редовно мијте ги рацете;

· одделувајте сирова од готова храна;

· храната чувајте ја на соодветна температура;

· одржувајте добра хигиена во кујната;

· не споделувајте чаши и прибор за јадење со лица кои имаат симптоми на стомачна инфекција.

9. Следете ги официјалните информации

Граѓаните треба редовно да ги следат известувањата на надлежните институции (Институт за јавно здравје, Центар за јавно здравје, Министерство за здравство, Агенција за храна и ветеринарство).

Водата од градскиот водовод повторно може да се користи за пиење само по официјално известување дека забраната е укината и дека водата е безбедна за употреба.

10. Што да се направи кога ќе се укине забраната

По официјалното укинување на забраната:

· пуштете ја водата да тече 5–10 минути;

· испразнете и исчистете ги апаратите за вода;

· исфрлете го мразот направен за време на забраната;

· заменете ги филтрите доколку производителот го препорачува тоа.

 

ПОРАКА ДО ГРАЃАНИТЕ

Со навремено почитување на овие препораки значително се намалува ризикот од појава и ширење на заболувања кои се пренесуваат преку вода. Особено внимание треба да се посвети на заштитата на доенчињата, малите деца, бремените жени, постарите лица и лицата со хронични заболувања, кои имаат поголем ризик од потешки последици при појава на цревни инфекции.
 - Оддел за епидемиологија на заразни заболувања