• 25.07.2026

25 ЈУЛИ - СВЕТСКИ ДЕН ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ДАВЕЊЕ


25 ЈУЛИ - СВЕТСКИ ДЕН ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ДАВЕЊЕ

Давењето може да се спречи на повеќе начини!

Давењето одзеде над 3 милиони животи во изминатата деценија - претежно деца и млади - ова бара итна реакција веднаш!

Институтот за јавно здравје неколку години наназад го одбележува Светскиот ден на превенција од давење. Дава јасни препораки за поголемо внимание и грижа на владините институции и следење на законските регулативи со цел превенирање на катрастрофалните последици од давење.

Секоја година смртните случаи од давење можат да се спречат благодарение на иновативни решенија од организации, заедницата, владите и поединците.

Според податоците од државниот завод за статистика во Република Македонија во 2025 година од надворешна причина за смрт односно од давење умреле вкупно10 лица од кои 8 жени и 2 мажи.

Глобало, во 2021 година се проценило дека имало 300 000 смртни случаи од давење – ова е еквивалентно на повеќе од 30 луѓе кои го губат животот како причина од давење секој час од денот. Речиси половина од овие смртни случаи се под 29 годиша возраст а една четвртина се на возраст под 5 години. Повеќе од 90% од смртните случаи од давење се случуваат во реки, езера, бунари, домашни резервоари за вода и базени во земјите со ниски и средни приходи, при што децата и адолесцентите во руралните области се непропорционално погодени.

Речиси сите овие смртни случаи можат да се спречат, а сепак превенцијата од давење останува занемарено прашање на јавното здравје.

Светската здравствена организација во декември 2024 го објави Глобалниот извештај за давење во кој учествуваа 139 земји од светот, а во кој учество зема и Република Македонија преку Институтот за јавно здравје како институција која беше предводник на прибирање на податоците од релевантни институции кои беа потребни за подготовка на глобалниот извештај.

Глобалниот извештај покажа дека проценетата глобална смртност од давење се намалила со текот на времето, бидејќи ризиците и приоритетите се на повисоко ниво. Сетоа тоа придонело да се развијат поефикасни иницијативи за спречување од давење особено во земјите со низок и среден приход кои имаат најголем процент на смртни случаи од давење. Многу од тие земји постигнале напредок со спречување на давење со ново усвоени национални стратегии како и широко распространети интервенции во заедницата.

Сепак напредокот е далеку од она што е потрено за да се исполнат глобалните цели. Итно е потребно да се зајакнат напорите за спречување на давење, сегашните трендови покажуваат дека до 2050 година, над 7,2 милиони луѓе (најчесто деца) би можеле да ги изгубат животот од давење. Република Македонија има недостатоци во легислативите и законодавство за оградување на јавните и приватните базени. Не постои законска обврска базените да бидат со заштитна ограда. Потребни се иновативни политики и стратегии на национално ниво. Секој треба да има безбеден пристап до вода и да може безбедно да ужива во истата. Малку е потребно за да се спаси живот!

ЕВЕ ШТО Е ПОТРЕБНО ДА ЗНАЕТЕ:

 Децата на возраст од 0 до 5 години и сите кои не пливат: -

- Мораат да бидат на дофат на рака на родителот или старателот во секое време;

 -Ова значи дека возрасниот мора да биде со детето во вода.

 Децата на возраст од 6 до 10 години: - - -

- Мора да бидат внимателно и активно надгледувани од родител или старател;

 - Ова вклучува подготвеност за влегување во вода во секое време;

 - Одржување на постојан визуелен контакт;

 - Останување без одвлекување на внимание;

 Минимизирање на одвлекување на вниманието:

 - Избегнувајте користење на мобилни телефони, долги разговори или други одвлекувања на вниманието што можат да предизвикаат прекин на надзорот.

На овој Светски ден за спречување на давење, ги охрабруваме сите семејства да одвојат еден момент за да ја приоретизираат безбедноста на вода.

 

Изготвил: Оддел за здравствена промоција и следење на болести