• 05.08.2026

👶📞 Имате прашања за здравјето и грижата за Вашето бебе?


 Линијата „Инфо бебе" е наменета за поддршка на родителите во првите месеци и години од животот на нивното дете.

 

Преку „Инфо бебе", родителите можат да добијат:

👶 стручни информации за доењето;

🍼 совети за исхрана и нега на бебињата;

💙 одговори на прашања поврзани со растот и развојот;

👨⚕️ насоки засновани на стручни препораки и докази.

 

Целта е секој родител да има пристап до точни, навремени и проверени информации, кои ќе помогнат во обезбедување здрав почеток за секое дете.

 

💙 Информираните родители носат сигурни одлуки за здравјето на своите деца.

 

#ИнфоБебе #ПоддршкаЗаРодители #СветскаНеделаНаДоењето #ИнститутЗаЈавноЗдравје