- 07.08.2026
„Bebbo“ – Вашиот дигитален водич за родителство
Институтот за јавно здравје продолжува да ја унапредува мобилната апликација „Беббо", со цел родителите да имаат лесен пристап до сигурни и научно засновани информации за здравјето и развојот на децата.
Во рамките на Светската недела на доењето, апликацијата е дополнета со нови содржини:
🤱 Прашалник за родители – „Доење: практики, искуства и потешкотии";
🚭 информации за штетното влијание на пушењето, алкохолот и дрогата при доење;
🦷 совети за млечните запчиња и првата посета на стоматолог;
📞 информации за инфо-линијата за откажување од пушење при доење;
👶 едукативни содржини за здрав раст и развој на детето.
Апликацијата „Беббо" е создадена за да биде сигурен партнер на родителите – од бременоста, па сè до раното детство.
💙 Знаењето и информираноста е најдобрата поддршка за секое семејство.
#Беббо #Bebbo #ДигиталноРодителство #UNICEF #СветскаНеделаНаДоењето #ИнститутЗаЈавноЗдравје
.png)