- 16.09.2026
ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ СЕКОЈ ДЕН
Институтот за јавно здравје и оваа година традиционално се вклучува во одбележувањето на Европската недела на мобилност, која се одржува од 16 до 22 септември.
Физичката активност не се ограничува само на спорт и организирано вежбање. Пешачењето, возењето велосипед, користењето на скалите, играта со децата, движењето при извршување на секојдневните обврски и други форми на движење во текот на денот, исто така, придонесуваат кон вкупната физичка активност. Иако честопати не се препознаваат како физичка активност, тие се важен дел од активниот начин на живот.
Светската здравствена организација препорачува најмалку 150 минути физичка активност со умерен интензитет неделно, што е околу 22 минути дневно.
Секое движење се брои и секоја минута е важна.
#MobilityWeek




