СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 29.04.2020

Тестирани се вкупно 386 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, од кои позитивни се 23. Потврдените случаи се од 6 градови (Табела 1).

 

Табела 1.  Дневна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 29.04.2020

ЦЈЗ/ПЕ Број на заболени Починати
Тетово 6 0
Скопје 5 1
Куманово 5 2
Прилеп 3 0
Велес 2 0
Неготино* 2 0
Гостивар 0 1
Вкупно 23 4

*две лица се жители на Демир Капија

Регистрирани се случаи во скоро сите возрасни групи, најмногу од нив, 7 во возрасната група на лица над 60 години, а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 12 женски и 11 машки лица.

Хоспитализирани се 2 лица, а останатите се на домашно лекување. Кај 9 лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Вкупно 9 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а не се регистрирани лица кои имале историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена).

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 111 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Регистрирани се четири смртни случаи. Две од починатите лица се од Куманово и по едно лице од Гостивар и Скопје. Починатите лице се на возраст од 59-80 години. Кај сите случаи биле присутни симптоми, а два од случаите биле хоспитализирани. Коморбидитети се регистрирани кај две починати лица. Сите случаи се без историја на патување, а два од нив имале контакт со веќе потврден случај во државата.

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 29.04.2020, пријавени се вкупно 1.465 случаи на COVID-19 (I=70,8/100.000).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 28 градови низ државата. Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје, Куманово и Прилеп, додека највисок леталитет (со исклучок на странскиот државјанин од Кавадарци) се регистрира во Струга  (Табела 2).

Табела 2. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 2020

Дистрибуција по ЦЈЗ/ПЕ Вкупно Инциденца /100 000 Умрени (вкупно) Леталитет
Вкупно 1465 70.8 77 5.3%
Скопје 498 80.6 18 3.6%
Куманово 389 272.6 19 4.9%
Прилеп 150 157.4 7 4.7%
Тетово 82 41.0 6 7.3%
Велес 71 107.2 3 4.2%
Струга 66 97.3 12 18.2%
Дебар 51 183.8 4 7.8%
Штип 34 64.5 2 5.9%
Кочани 28 58.4 1 3.6%
Битола 19 18.6 1 5.3%
Гостивар 17 14.2 2 11.8%
Охрид 15 26.7 0 0.0%
Неготино* 9 38.3 0 0.0%
Кавадарци 5 11.6 1 /
Крива Паланка 5 20.9 0 0.0%
Гевгелија 4 11.6 0 0.0%
Радовиш 4 12.3 0 0.0%
Крушево 3 31.5 1 33.3%
Струмица 2 2.1 0 0.0%
Пробиштип 2 13.1 0 0.0%
Македонски Брод 2 17.9 0 0.0%
Пехчево 2 40.1 0 0.0%
Виница 2 10.3 0 0.0%
Кичево 2 3.5 0 0.0%
Демир Хисар 1 11.9 0 0.0%
Валандово 1 8.4 0 0.0%
Делчево 1 4.2 0 0.0%

*седум лица се жители на Демир Капија

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Куманово со 272,6 заболени на 100.000 жители, Дебар (183,8/100.000), Прилеп (157,4/100.000) и Велес (107,2/100.000), додека инциденца над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Струга, Скопје, Штип и Кочани (Табела 2, Картограм 1).

Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија

korona 30.4.1

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 695 машки и 770 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 67,1/100.000, додека кај женските 74,6/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години (просек – 44,8 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 308 (21,0%) со инциденца од 80,4/100.000, а највисока специфична инциденца од 108,6/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (302 заболени) (Графикон 1). Најниска инциденца од 22,3 и 23,6 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 51 и 59 случаи соодветно.

 

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=1.465)

korona 30.4.2

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран во 9-та недела, а од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=107) е регистриран на 15.04.2020 (Графикон 2).

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=1.465)

korona 30.4.3

Од пријавените случаи, 22,7% (n=333) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите случаи биле/се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (65,1%), кашлица (53,5%), малаксаност (34,9%), треска (19,1%), главоболка (16,5%), болка во грло (15,6%) и отежнато дишење (14,8%).

Кај 500 или 34,1% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето. Од нив, 357 или 71,4% имале контакт со веќе потврден случај во државата.

Во однос на коморбидитети, кај 420 (28,7%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 284 лица имаат кардиоваскуларна болест, 90 со дијабет, 79 лица се со хронична белодробна болест, 19 со хронична бубрежна болест и 60 со други хронични болести.

Од хоспитализираните случаи, кај 170 (51,1%) се присутни коморбидитети.

Регистрирани се 235 (16,0%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Регистрирани се 77 смртни случаи (Лт = 5,3%).  Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=49) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 12,8/100.000 жители. Регистриран е 51 смртен случај кај лица од машки и 26 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 57 (74,0%) се регистрирани коморбидитети.

Од вкупниот број на случаи, 96 (6,6%) се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје) (Графикон 2). Вкупно 872 лица (59,5%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

Од 15.02.2020 до 29.04.2020 тестирани се вкупно 16.436 материјали (детектирани 1.465 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Табела 3). Со ова во Р. С. Македонија се направени 7.943 теста на 1.000.000 жители.

Табела 3. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=16.436)

Кумулативен број на тестови Вкупно тестови Вкупно позитивни
ВКУПНО 16.436 1.465
ИЈЗ – Вирусологија 11117 1204
Ветеринарен Факултет (скрининг) 393 28
Авицена (скрининг) 404 31
Биотек (приватни) 799 34
Жан Митрев Клиника (приватни) 3341 155
Систина (приватни) 325 10
МАНУ 57 3

Според исходот од заболувањето, 650 лица (44,4%) се активни случаи, 738 случаи (50,4%) се водат како оздравени (114 од нив се здравствени работници), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување (Табела 4). Од случаите кои се водат како оздравени, 149 (20,2%) биле хоспитализирани додека останатите 589 (79,8%) биле на домашно лекување.

Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=1.465)

Дистрибуција по ЦЈЗ/ПЕ Болест во тек Оздравен Смртен исход Вкупно
Скопје 192 289 17 498
Куманово 188 182 19 389
Прилеп 91 52 7 150
Тетово 47 28 7 82
Велес 54 14 3 71
Струга 17 37 12 66
Дебар 1 46 4 51
Штип 6 26 2 34
Кочани 7 20 1 28
Битола 4 14 1 19
Гостивар 8 7 2 17
Охрид 10 5 15
Демир Капија 7 7
Крива Паланка 2 3 5
Кавадарци 2 2 1 5
Радовиш 4 4
Гевгелија 1 3 4
Крушево 1 1 1 3
Струмица 2 2
Виница 2 2
Кичево 2 2
Пехчево 2 2
Неготино 2 2
Пробиштип 2 2
Македонски Брод 2 2
Валандово 1 1
Делчево 1 1
Демир Хисар 1 1
ВКУПНО 650 738 77 1.465

 

 

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19

Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е многу висок.

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека ризикот за понатамошно ширење на COVID-19 во Република Северна Македонија е многу висок.

 

На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба.

 

Со цел спречување на понатамошно ширење на вирусот на територијата на целата држава, Владата одлучи: Да се забрани движење на населението во Република Северна Македонија во временски период од 19:00 – 05:00, во викенди започнува од сабота од 15:00 до понеделник до 05:00, а со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението во Република Северна Македонија.

Движење на лицата во Република Северна Македонија на возраст над 67 години е дозволено во временски период од 05:00-12:00 часот во деновите од понеделник до петок, а во сабота од 5:00 – 11:00, додека на лицата на возраст до 18 години, во временски период од 13:00-19:00 часот во деновите од понеделник до петок, а во сабота од 12:00 до 15:00 часот.

На 1, 2 и 3 мај, односно петок, сабота и недела, ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 14:00 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 14:00 часот и ќе трае до 05:00 часот наутро следниот ден.

За лицата над 67-годишна возраст, во петок, сабота и недела ќе биде дозволено движење од 05:00 часот наутро до 11:00 часот.

Сите деца и млади лица до 18 години, во петок, сабота и недела ќе може да излегуваат од 12:00 до 14:00 часот.

 

 

 

 

 

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ

Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 29.04.2020:

Број на потврдени случаи на глобално ниво3.018.681 (66.005 нови)

Број на смртни случаи на глобално ниво207.973 (5.376 нови)

  • Европски Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 1.406.899 (21.750 нови)
    • Смртни случаи – 129.311 (2.882 нови)
  • Регион на СЗО Америка
    • Потврдени случаи – 1.213.088 (33.481 нови)
    • Смртни случаи – 62.404 (2.193 нови)
  • Источно-Медитерански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 176.928 (5.690 нови)
    • Смртни случаи – 7.304 (156 нови)
  • Регион на СЗО Западен Пацифик
    • Потврдени случаи – 146.449 (1.064 нови)
    • Смртни случаи – 6.037 (39 нови)
  • Регион на СЗО Југо-источна Азија
    • Потврдени случаи – 51.351 (3.003 нови)
    • Смртни случаи – 2.001 (84 нови)
  • Африкански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 23.254 (017 нови)
    • Смртни случаи – 903 (22 нови)

 

 

 

 

 

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

  • Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19

https://vlada.mk/covid19

 

 

 

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА

Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за историја на патување во странство и можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.

 

Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.

 

0800 002 03

 

 

 

 

 

 

 

Скопје, 30.04.2020

 

Сектор за превенција и контрола на заразни болести

Институт за јавно здравје