Од 18. до 20. мај 2015 година, во Дубровник, Хрватска, се одржа 8. Состанок на Иницијативата на СЗО за следење на дебелината кај децата (COSI). Република Македонија учествува во собирањето на податоци преку антропометриски мерења на децата од второ одделение во основните училишта во РМ, како и дополнителни податоци за училишната средина и за ризиците поврзани со исхраната во таа средина. Досега, Македонија зеде учество во втората и третата рунда на собирање на податоци, а учеството во четвртата рунда е закажано за пролетта 2016 година. COSI иницијативата е една од најважните иницијативи за мониторинг во Европскиот регион на СЗО и во неа учествуваат 25 земји, а бројот на земји учеснички во секоја рунда се зголемува. Република Македонија е важен чинител во иницијативата и е пример за добар систем на следење на нутритивнот статус кај децата. Активностите поврзани со следењето на зголемената телесна тежина и дебелината кај децата во РМ се финансирани од Министерството за здравство, преку Националната годишна програма за јавно здравје, а ги извршуваат Институтот за јавно здравје на РМ и Центрите за јавно здравје во државата.
Повеќе информации за COSI на:
http://www.euro.who.int/en/health-topics/disease-prevention/nutrition/activities/monitoring-and-surveillance/who-european-childhood-obesity-surveillance-initiative-cosi