Топлотните бранови се главната причина за предвремени смртни случаи поврзани со климатските промени, особено во старата популациона група и хронично болните. Топлотните бранови со тропски топли ноќи наметнуваат поголемо оптоварување на човечкиот организам и тие се особено стресни за горенаведените групи.

Топлотните бранови и КОВИД-19 се преклопуваат, бидејќи оваа пандемија продолжува и во летото 2021ва година. Ризичните групи и на двете состојби се исти односно тие се:старите лица и лица со здравствени проблеми. Здравствените установи повторно се под силен предизвик заради КОВИД-19, но да не се занемари зголемувањето на бројот на хоспитализации за време на топлотните бранови. Здравствениот персонал е исто така изложен на ризик од развој на здравствени проблеми поврзани со топлината за време на жешки периоди, поради употреба на лична заштитна опрема за да се заштити од САРС-CoV-2 и затоа мора да бидат заштитени од прекумерни температури. Парадоксално, некои постојни препораки за здравствена заштита на топлината се спротивставуваат на препораките за заштита на КОВИД-19.

Постојат спротивставени препораки како што се „одете на ладни јавни места“ во топло време наспроти „останете дома“ за време на пандемијата.  „Носете лесна облека“ во топловреме наспроти „носете заштитна облека“ додека работите со луѓе кои се потенцијално заразени со COVID-19.

Носењето на лична заштитна опрема (ЛЗО) го намалува оддавањето на топлина од телото заради намалувањето на испарувањето со потењето. Со тоа, се намалува издржливоста, когнитивните перформанси и ризикот од несреќи.

Покачената температура е еден од знаците на КОВИД-19 кај 85% од заразените. Но, заради физичка работа или изложување на топло, исто така може да се зголеми телесната температура и да предизвика заблуда кај луѓето или лекарите. Покачената телесна температура во топло време може да се меша со покачена температура заради КОВИД-19, особено кога во екстремни случаи влијае на дишењето. Но сепак, фебрилна личност (лице со покачена телесна температура) заради КОВИД-19 најверојатно ќе се обиде да се  одбрани од покачената телесна температура со треска за разлика од некој со хипертермија после физичка активност (напор). Вториот сепак нема да има треска и не треба да се меша како знак на вирусна инфекција.

Мерки за разликување на покачена температура на телото заради болест од зголемена температура на телото поради физичка активност или изложеност на топло

Со цел да се разликува на покачена температура на телото заради болест од хипертермија
(зголемена температура на телото) по вежбање или изложеност на топлина, се препорачува да се одреди телесна температура по 30 минути одмор во ладна средина и по отстранувањето на особено заштитна или изолациска облека. Ако телесната температура остане покачена во ова време, тоа може да биде покачена температура на телото заради болест – треба веднаш да се консултира здравствен експерт и да се објасни состојбата на лицето. Ако се забележи значителен пад на температурата на јадрото на телото (од 0,5°C или повеќе, од нормалните 37°C), а поединецот се чувствува подобро откако ќе се одмори во студена околина, веројатно е дека е поврзан со топлински стрес (топлотен удар). Во овој случај, осигурете се дека поединецот е одморен и хидриран и нема други индикации за инфекција со КОВИД-19.

 

Ладење во домашни услови

 

Климатизацијата е контроверзно решение: лади, но засилената вентилација може да доведе до ширење на вирусот.

Системите за климатизација се енергетски интензивни и на тој начин можат да го влошат греењето во соседството и градот, како и да придонесат за емисии одговорни за климатските промени и затоа треба да се препорачуваат со претпазливост.

 

Што треба да се направи?

Физичката обука (спремност, тренираност) и прилагодувањето на топлина (аклиматизација)  го намалуваат ризикот од проблеми поврзани со топлината и ја зголемуваат толеранцијата на топлина. Кај овие луѓе јадрото на телото може да издржи поокачување на температурата и до околу 0,5°C повисока отколку кај умерено подготвените или неподготвените луѓе.

Физичката обука исто така го менува поволно обликот на човечкото тело; помалку поткожни маснотии и намалена телесна маса резултираат со значителна предност за влажна и сува загуба на топлина.

Прилагодувањето на топлина (аклиматизација)

При слична брзина на работа, индивидуите со аклиматизација на топлина имаат пониски отчукувања на срцето, пониски температури на јадрото на телото и зголемено потење.

Иако програма од 5 дена може да доведе до адаптација во терморегулацијата, се препорачува да се користат повеќе денови за да имате поефикасна адаптација. Препорачливо е да се посвети дополнително внимание на прилагодувањата на топлинска аклимација кај жените бидејќи тие се поранливи на топлина отколку мажите.

Аеробната (дишна) кондиција е исто така клучен фактор за ограничување на падот на толеранцијата на топлина поврзана со возраста. Општи здравствени/хронични медицински состојби, специфични лекови, несоница, претходни инциденти на болести поврзани со топлина и консумација на алкохол/лекови може негативно да влијаат на одговорот на топлинскиот стрес и треба соодветно да се контролираат.

Препорачана тежина односно регуларен ИТМ (индекс на телесна маса)

Вонклеточниот супероксид дисмутаза (ензим) се произведува за време на вежбање и се смета дека е  чистач на слободни радикали и може да го спречи синдромот на акутен респираторен дистрес забележан при инфекција со КОВИД-19. Така, постојат индикации дека да се биде фит не само што е корисно за справување со топлината, туку и за пациентите со КОВИД-19.

Precooling е ефикасен начин да се намали оптоварувањето на топлината. Употребата на елек за ладење заедно со ладни пијалоци или каша од мраз ја намалува содржината на топлина во телото. Precooling со ладен пијалок или кашеста маса од мраз ја намалува температурата на јадрото на телото за околу 0,5°C и топлинската аклиматизација (прилагодување) ја намалуваат температурата на јадрото на телото за околу 0,3°C, со што се подобрува капацитетот на телото да се справи со генерираната (создадената) топлина за време на работата. Се препорачува да се олади, хидрира и освежи помеѓу смените, бидејќи топлинскиот стрес може да се зголеми со последователни денови на изложеност.

Електричните вентилатори се многу ефикасни за ладење на млади возрасни; сепак, кај постарите лица поради нивниот намален одговор на потење се помалку обожавани.

Надворешното навлажнување на кожата е ефикасно, или со сунѓер или со носење навлажнета облека. Дополнително, се покажа дека навлажнетите екстремитети со вода се ефективен метод за ладење.

Да се пие доволно течности со цел да се одржи потребното ниво на хидратација за да не се наруши потењето. Пиењето ладни течности помага да се намали зачувувањето на топлината на телото и како резултат на температурата на јадрото на телото.

 

 

 

 

Третман по топлотен удар и поврзаност со КОВИД-19

 

Кога телесната температура ќе надмине над 40°C, може да се појави сериозен невролошки феномен, наречен топлотен удар. Во такви случаи, потребно е агресивно (брзо, промтно) ладење на терен и во болници. Ова исто така важи и за медицинскиот персонал кој е подложен на топлотен удар. КОВИД-19 пациенти со треска не треба да се ладат на овој начин. Може да се испорачаат антипиретични лекови, но во тек е дискусија за тоа дали треба да се намали температурата.

 

branovi 1