Европското веб истражување за дроги собираше податоци помеѓу март и април 2021 од лица кои употребуваат дроги, на возраст од 18 години или повеќе, кои што живеат во 21 земја членка на ЕУ и 9 земји кои не се членки на ЕУ. Резултатите прикажани тука се однесуваат на 2 174 испитаници кои живеат во Албанија, Косово (1), Црна Гора, Северна Македонија или Србија и кои пријавиле дека користеле најмалку една нелегална дрога во последните 12 месеци пред истражувањето (употреба во последните 12 месеци), освен доколку не е поинаку наведено. Во овој период, многу Европски држави се соочуваа со затварања или ограничувања поради КОВИД-19.
На следниов линк може да ги погледнете клучните наоди од Европското веб истражување за дроги, со податоци од Западен Балкан: