По повод Светскиот ден за безбедност и здравје на работа, Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија, преку своето Одделение за медицина на труд и проценка на здравствени ризици, како и секоја година и овој пат, ја објавува Информацијата за повреди на работа 2018/2019 година. Податоците покажуваат дека во 2019 година се регистрирани 1.121 повреда на работа, со стапка од 141,0 повреди на 100.000 работници (141,2/100000), што претставува зголемување за речиси 25% во однос на претходната година.

Извештај за повреди на работа во Република Северна Македонија 2018-2019 година (PDF)