• 08.04.2024

ИНФОРМАЦИЈА ЗА СОСТОЈБА СО ЗАБОЛЕНИ ЛИЦА ОД ГОЛЕМА КАШЛИЦА ВО Р. СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО 2024 ГОДИНА, ЗАКЛУЧНО СО 04.04.2024


 

 

Неделни податоци

 

Во периодот од 29.03-04.04.2024 година пријавени се 50 нови случаи на голема кашлица, со намалување од 21,9% споредено со претходниот седмодневен период (n=64). Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од случаите се пријавени во рамките на епидемијата во Скопје (n=34), а пријавени се случаи и во Битола (n=7), Тетово (n=5) и по еден случај во Гостивар,  Кратово, Велес и Гевгелија.

Возраста на заболените се движи од 1 месец до 52 години, а најголем број на случаи се од возрасната група 0-4 години (n=14).

Од новите 50 случаи, 9 случаи (18,0%) се хоспитализирани.

Во текот на 14-та недела ЦЈЗ Куманово пријави епидемија на ниво на град Куманово со 23 заболени, пријавени во период од 04.02-28.03.2024 година. Најголем број од пријавените припаѓаат на возрасната група 0-4 години (n=13).

 

Кумулативни податоци

 

Заклучно со 04.04.2024, во РСМ се регистрирани вкупно 399 случаи на голема кашлица,  со инциденца од 21,7/100 000 жители.

 

По однос на место на живеење, најголем број лица живеат во Скопје - 317 (79,7%) со зафаќање на шестнаесет различни општини. Од територијата на ЦЈЗ Куманово се пријавени 24 лица, 17 лица од ЦЈЗ Тетово, од ЦЈЗ Битола 15, од ПЕ Гостивар 5 и од ЦЈЗ Кочани 3 случаи. По два случаи се регистрирани во Дебар, Струга, Пробиштип, Кратово, Велес и Струмица, а по еден случај е регистриран од Кичево, Прилеп, Крива Паланка, Кавадарци и Гевгелија.

 

Заболените лица се на возраст од 1 месец до 78 години (просек 11,9 години). Најголем број заболени припаѓаат на возрасната група од 10-14 години (27,3%), потоа се децата на возраст до 4 години (27,1%), односно 65 случаи (16,3%) припаѓаат на возрасната група под 1 година, а 43 (10,8%) се деца на возраст од 1 до 4 години. Највисока инциденца се бележи во возрасната група под 1 година и изнесува 393,1/100.000 жители.

 

Од вкупниот број на регистрирани случаи (399), 239 случаи (односно 59,9%) не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација. Од случаите кои се комплетно вакцинирани (n=141), просек на поминато време од последната доза на вакцина до заболување изнесува 10,9 години.

 

Од заболените, хоспитализирани се 58 лица (14,5%), и тоа 49 (84,5%) од нив на возраст до 4 години.

 

 

 

Спроведени активности за вакцинација со вакцина која содржи компонента на голема кашлица на територија на Град Скопје и Републиката

Согласно препораките од Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје, во периодот од 18.01.2024 досега, сите вакциналните пунктови во земјата, во соработка со епидемиолошките служби од ЦЈЗ, вршат интензивно избарување на неевидентирани, невакцинирани и некомплетно вакцинирани лица, како и на лицата кои подлежат на редовна вакцинација, со цел нивно  повикување и вакцинирање согласно националниот Календар за имунизација.

Скопје - број на вакцинирани лица од 18.01-04.04.2024

Согласно податоците доставени од ЈЗУ Здравствен дом – Скопје, од Службите за вакцинација (Гази Баба, Чаир, Карпош, Кисела Вода и Центар) беше утврдено дека се пронајдени 15.845 деца пропуштени за вакцинација. Oд нив вакцинирани се 9.798 (61,8%). Од вакцинираните, најголем број и процент примиле I-ва ревакцина (5.213; 53,2%).

Согласно возраста и Календарот за редовна вакцинација, вакцинирани се 10.865 деца на возраст до 7 години, а најголем број и процент (6.411; 59,0%)  од вакцинираните деца примиле I, II и III доза на примовакцинација.

Вкупниот број на дози вакцина која содржи компонента против голема кашлица, дадени како примовакцинација (I,II,III доза) или ревакцинација (I,II ревакцина) на територија на Скопје во периодот од 18.01-04.04.2024 изнесува 20.663. 

 

Северна Македонија (без Скопје) - број на вакцинирани лица од 18.01-04.04.2024

Од доставените податоци од Центрите за јавно здравје, пронајдени се 8.192 деца пропуштени за вакцинација, од нив се вакцинирани 4.517 (55,1%). Од вакцинираните, најголем број и процент примиле I-ва ревакцина (2.338; 51,8%).

Согласно возраста и Календарот за редовна вакцинација, вакцинирани се 12.365 деца на возраст до 7 години, а најголем број и процент (6.229; 50,4%)  од вакцинираните примиле I и II доза на ревакцина.

Вкупниот број на дози вакцина која содржи компонента против голема кашлица, дадени како примовакцинација (I,II,III доза) или ревакцинација (I,II ревакцина) во периодот од 18.01-04.04.2024 изнесува 16.882.

 

 

 

Оддел за епидемиологија на заразни заболувања

        Институт за јавно здравје на РСМ

        05.04.2024