• 10.05.2024

10 MAJ - СВЕТСКИ ДЕН НА ФИЗИЧКАТА АКТИВНОСТ


 

                    

Светскиот ден на физичката активност се одбележува на годишно ниво и има за цел да ја промовира физичката активност и нејзината улога во оддржување на добрата здравствена состојба. Овој ден за прв пат е основан во 2002 година од Светската здравствена организација (СЗО), со цел да се подигне свеста за придобивките од физичката активност за севкупното здравје и да се охрабрат луѓето да усвојат поактивен начин на живот.

Физичката активност е дефинирана како „секое телесно движење произведено од мускулно-скелетниот апарат, кое троши енергија“ и е важно за подобрување и одржување на општата здравствена состојба на секој поединец. Физичката активност е битна за многу форми на управување со болката. Повеќето упатства за акутна мускулно-скелетна болка се фокусираат на совети за зголемување на физичката активност.   Најефективните третмани за постојаната мускулно-скелетна болка се однесуваат на физичката активност или онаму каде што таа е доминантна компонента (на пример, аеробни вежби) или каде што има поголема употреба на психолошки принципи. Неколку биолошки механизми може да бидат одговорни за тоа, како физичката активност може да ја намали болката или да спречи повторување на болката. На пример, рутинската физичка активност може да го подобри составот на телото, преку намалени маснотии во пределот на стомакот и поголема контрола врз телесната тежина.

 

 

Активен начин на живот ја зголемува силата, флексибилноста и аеробната кондиција, учествува во намалување на  системското воспаление (на пр. намалување на циркулирачките воспалителни медијатори како што е Ц-реактивниот протеин). Може да ја подобри психолошката благосостојба (преку намалување на стрес, анксиозност и депресија) и квалитетот на сонот. Исто така, може да ја подобри само-ефикасноста, по пат на управување на болката и зголемување на  способноста за движење.

Постојат многу митови околу физичката активност и болката. Вообичаено луѓето веруваат дека движењето е опасно кога некој има болка и треба да чекаат болката да се намали пред да се активираат. Овие митови треба да се отфрлат и да се поттикнат луѓето што побрзо да се вратат на физичката активност. За намалување на болката, ниту еден вид физичка активност не е посупериорен во однос на друг. На пример, пешачењето, возењето велосипед, јогата итн. имаат слични ефекти врз нивото на болката и инвалидитетот. Клучниот фактор е придржувањето - па затоа е многу важно секој поединец да избере активност во која ужива. Секаков вид на физичката активност е корисна, но таа не е широко прифатена во нега на клиничката болка.

Кампањата „On The Move“, (во движење) на Европската федерација за болка има широка примена и е преведена на повеќе од 10 јазици, со цел да им укаже на луѓето, за важноста на редовната  физичка активност!

 

Подготвил: Оддел за здравствена промоција и следење на болести