- 22.05.2025
Одржана расправа во Собранието на тема: Чистиот воздух не смее да биде привилегија – туку основно човеково право
Чистиот воздух не смее да биде привилегија – туку основно човеково право.
Во Собранието се одржа надзорна расправа на тема:
„Ефектите од аерозагадувањето врз здравјето и мерките за заштита на јавното здравје“, на која се обрати директорката на Институтот за Јавно Здравје, науч.сор. д-р Марија Андоновска.
Таа истакна дека Институтот, во соработка со Министерството за Здравство и локалните власти, презема конкретни мерки за следење, ублажување и намалување на здравствените последици од загадувањето.
Од стручни мислења за еколошки дозволи, преку учество во работни групи и креирање на локални политики, до едукација на граѓаните – посебно на најранливите категории – Институтот е директно вклучен во борбата за почист воздух.
„Ова е прашање на правда, еднаквост, здравје и одговорност“, порача Андоновска.
„Проблемот е сложен, но не и нерешлив. Само заеднички – државата, општините, науката, граѓаните – можеме да изградиме здрави и одржливи градови.“
Посветеноста е јасна: заштита на здравјето на секој граѓанин – без исклучок.


