• 02.06.2025

Одржана прес конференција по повод Светскиот ден без тутун 2025


По повод Светскиот ден без тутун 2025, Институтот за јавно здравје, заедно со Министерството за здравство, СЗО, УНИЦЕФ, Обединетите Нации и амбасадите на Словенија, Романија и Грција, одржаа заедничка прес конференција.
🚭 Оваа година, пораката е јасна: „Разоткривање на привлечноста - разобличување на индустриските тактики за тутун и никотин“.
✅ Заедно се залагаме за построги мерки за контрола на тутунот и промоција на поздрав начин на живот.
📞 Граѓаните кои сакаат да се откажат од пушење можат да добијат бесплатна поддршка преку телефонската линија на ИЈЗ - 078 285 873.
🙌 Здравјето е избор – избери да живееш без тутун!