• 03.07.2025

Одржан работен состанок со претставник на Институтот „Роберт Кох“


Во текот на минатата недела, претставници од Институтот за јавно здравје одржаа работна средба со д-р сци. Антон Алине, експерт за проценка на товарот од болести од Одделот за епидемиологија и надзор на болести при германскиот Институт „Роберт Кох“.

Тимот од ИЈЗ е ангажиран на проектот „Стратешко партнерство за Западен Балкан“, каде што се спроведоа активности поврзани со проценка на товарот од хронични незаразни болести во Република Македонија.

Оваа соработка претставува значаен придонес кон зајакнување на здравствените системи, при што размената на искуства и знаења игра клучна улога во формулирањето на ефективни политики за унапредување на јавното здравје.