• 05.05.2026

5 мај - Меѓународен ден на акушерките


По повод Меѓународната недела на сестринството, на 5-ти мај се одбележува Меѓународниот ден на акушерките, кој претставува значаен глобален настан посветен на улогата на акушерките во унапредувањето на здравјето на мајките, новороденчињата и семејствата, со цел да се подигне свеста за професијата акушерка и промовира оваа професија. Акушерството е една од најубавите, најодговорните и најхуманите професии, а најголемиот дел од нив својот празник 5-ти мај го поминуваат на своите работни места.

Меѓународниот ден на акушерките е посветен за препознавање на суштинската улога што ја имаат акушерките, во обезбедувањето на сеопфатна грижа за време на бременоста, породувањето и постпарталниот период, нудејќи поддршка, образование и медицинска експертиза, поддршка на здравјето и благосостојбата на мајките, бебињата и семејствата, застапувањето за правата на здравјето на жените и намалувањето на стапките на смртност кај мајките и доенчињата. Овој ден, ја нагласува важноста на акушерството во промовирањето на здрава бременост, зајакнување и информирање на жените да направат избор за нивната грижа и обезбедување на пристап на сите жени до квалификувани придружници во текот на бременоста и породувањето.

Овој ден е инициран од International Confederation of Midwives, со цел да се подигне свеста за важноста на акушерската професија и да се потенцира нејзиниот придонес во здравствените системи ширум светот.Тоа е исто така можност да се подигне свеста за предизвиците со кои се соочуваат акушерките и да се зголемат инвестициите во акушерските услуги ширум светот.

Меѓународната конфедерација на акушерки (ICM) претставува над 135 здруженија на акушерки во повеќе од 115 земји и во 2026 година, Меѓународниот ден на акушерките го одбележува под мотото: „Еден милион повеќе акушерки“ и со оваа тема се фокусира на:

  • глобалниот недостаток на акушерки
  • потребата од инвестиции во образованието и вработување
  • подобрување на здравствената грижа за мајки и новороденчиња

Според нив, светот има потреба од околу „Еден милион повеќе акушерки“ за да се обезбеди квалитетна грижа насекаде. Меѓународната конфедерација на акушерки (ICM) со темата „Еден милион повеќе акушерки“ја истакнува итната потреба од дополнителни еден милион акушерки ширум светот за да се задоволат потребите за сексуално, репродуктивно, мајчино, новороденачко и адолесцентно здравје, здравје на жените и луѓето со различна родова припадност.

Темата за 2026 година, „One Million More Midwives“ („Еден милион повеќе акушерки“), ја нагласува итната потреба од зголемување на бројот на квалификувани акушерки на глобално ниво. Според меѓународните проценки, недостигот од здравствени кадри, особено во областа на акушерството, претставува сериозен предизвик за обезбедување квалитетна и достапна здравствена заштита, особено во земјите со низок и среден приход.

Акушерките имаат клучна улога во обезбедувањето континуирана и сеопфатна грижа за жените за време на бременоста, породувањето и постпарталниот период. Нивната работа придонесува за намалување на мајчината и неонаталната смртност, подобрување на репродуктивното здравје и унапредување на здравствената едукација. Истражувањата покажуваат дека инвестирањето во акушерската грижа може значително да ги подобри здравствените исходи и да придонесе кон одржлив развој на заедниците.

Одбележувањето на овој ден во 2026 година претставува повик до носителите на политики, здравствените институции и општеството во целина да вложат во образование, вработување и задржување на акушерките. Обезбедувањето соодветни услови за работа, професионален развој и признавање на нивната улога е од суштинско значење за јакнење на здравствените системи, промени за фер плати и заштита на работната сила.

Бидејќи, денес светот се соочува со „невиден број на сложени кризи“, вклучувајќи природни катастрофи, конфликти и тековни влијанија на климатските промени. Овие кризи несразмерно ги погодуваат жените, девојчињата и родово различните луѓе, изложувајќи ги на зголемени ризици како што се компликации од бременоста и родово базирано насилство, додека исто така го ограничуваат нивниот пристап до основните здравствени услуги. Во овие предизвикувачки времиња, акушерките се многу важни и затоа на светотот му се потребни „Еден милион повеќе акушерки“. Тие се доверливи и први одговорни во нивните заедници, кои можат да ги подготват здравствените системи да бидат подготвени за секоја криза.Тие можат да обезбедат до 90% од сексуалните, репродуктивните, услуги насочени на мајките, на новороденчињата и адолесцентните, дури и за време на хуманитарни кризи. Меѓународната конфедерација на акушерки вели дека, дури и со минимални ресурси, акушерките можат да обезбедат безбедни раѓања, антенатална и постнатална грижа, да обезбедат контрацепција, сеопфатна грижа за абортусот и грижа за преживеаните од родово насилство, да го поддржат доењето, осигурувајќи дека новороденчињата добиваат безбедна, чиста и сигурна исхрана, да ги едуцираат и подготват заедниците со знаење и алатки што им се потребни за да останат безбедни и здрави за време на итни случаи.

Местото на акушерката е на прагот на животот, каде што интензивните човечки емоции, надежта, копнежот, стравот, зачудувачката физичка сила и издржливоста овозможуваат да се појави ново суштество. Да се биде дел од најсреќниот момент на една мајка, на едно семејство, е голема привилегија и чест. Раѓањето на секое бебенце е приказна за себе, погледот на среќната, задоволната и насмеаната мајка е најголема среќа и привилегија да се биде дел од тие моменти. Убаво е да си дел од таа среќа и од тој волшебен момент.

Светската здравствена организација и нејзините глобални партнери, секоја година привлекуваат внимание на важноста на акушерките во процесот на добредојде на новите бебиња во светот и во исто време грижата за новите мајки за време и по породувањето.

Ова значи дека има многу предизвици, а многу акушерки доживуваат недостаток на поддршка, низок статус и ниска плата. Акушерките спасуваат милиони животи секоја година.Од 1990 година, светот бележи постојано намалување на смртноста на новороденчињата и мајките. Една од главните причини за ова е затоа што повеќе жени добиваат квалификувана акушерска грижа. Акушерките се составен дел од секој процес во породилиштето, а нивната работа не е воопшто лесна,а бројот на вработени акушерки во нашата земја е многу обесхрабрувачки. Одбележувањето на овој ден во 2026 година претставува повик до носителите на политики, здравствените институции и општеството во целина да вложат во образование, вработување и задржување на акушерките.

Обезбедувањето соодветни услови за работа, професионален развој и признавање на нивната улога е од суштинско значење за јакнење на здравствените системи. Кога разговараме за сите неверојатни работи што ги прават акушерките, исто така е важно да се земе предвид фактот дека се поголем е недостигот од акушерки, особено во земјите во развој !

Според Извештајот за кадар на Институтот за јавно здравје, во 2024 година во Р. Македонија во здравствените организации има вработено вкупно 644 акушерки, од кои со високо образование се 143 акушерки, со вишо образование се 7 акушерки, а со средна стручна подготовка се 494 акушерки.

Тоа значи дека акушерките се под постојан притисок бидејќи се обидуваат да остварат многу обврски одеднаш.

Бидејќи акушерките се директно поврзани со здравјето на идните мајки и нивните генерации, многу е важно да се сврти вниманието на јавноста за нивната огромна улога во целиот здравствен систем, и да се поддржат политиките и иницијативите кои промовираат пристап до квалификувана акушерска грижа особено во заедниците кои не се задоволни.

Овој датум треба да послужи како повод да им се оддаде признание на акушерките за извонредните напори што ги вложуваат во нивната професија, но да се апелира до сите владини органи и надлежни министерства да ги преземат неопходните чекори за заштита на оваа професија и да вработат што е можно повеќе квалификувани акушерки. Здравствените системи е потребно да обезбедат зголемено финансирање на здравствените услуги за мајки и новороденчиња.

Меѓународниот ден на акушерките привлекува внимание на висината на нивниот придонес во функцијата и зајакнувањето на структурата на семејството и заедницата. Меѓународниот ден на акушерките е можност да се изрази благодарност и почит кон акушерките за нивната посветеност, стручност и хуманост. Нивната работа не само што спасува животи, туку и создава основа за здрави идни генерации.

 

 

Им благодариме на акушерките за целиот нивен придонес во најважните моменти во нашите животи!


Институт за Јавно Здравје, Извештај за кадар 2024 година http://www.iph.mk/

https://mk.wikipedia.org/wiki/ https://www.who.int/

https://www.daysoftheyear.com/days/international-midwives-day/ https://www.safeabortionwomensright.org/news/international-day-of-the-midwife-5-may/ https://internationalmidwives.org/

 

Изготвил:Оддел за здравствена промоција и следење на болести